Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ги поддржувате протестите на Ромите низ државава?


  • Вкупно гласачи
    100
  • Гласањето е завршено на .
Слушам СДСМ и компанија утре ке правеле ајвар и немале време да одат во собрание а некои од новото мнозинство имале гости од странство па и они немало да одат..... така изгледа утре седницата нема ни да почне поради немање кворум...
 
Жмицко ќе ги шитне намирисаа и почнуваат жалопојки ќе бегале од државава...
Ахх бе пацови, први го напуштаат бродот кој тоне, увек.
 
Ќе почнам од крајот зошто тоа е најважната поента. Најголем дел го знаат слоганот од Маркс "Секој да работи спроед своите способности, секој да земе во склад со своите потреби". Али при првата практична примена во советскиот сојуз веднаш додале трет дел "Тој што нема да работи нема ни да јаде".
Ако мојата мотивација да работам нешто биде колку да јадам, тогаш и немам некаква мотивација јас да се уклучам и да се вложам во мојата работа. Потребите се релативна работа, ако јас сакам да го прошетам светот... да купам остров или да имам авион... како би го постигнал тоа во комунизмот.

Тука веднаш во цитат имаш и дел за принципот за фер плата. Едно такво општество не би те ставило во никаков кош. Ти и тој човек ќе бидете во ист кош само во тоа дека ќе имате начин како да го изразите својот полн потенцијал. На крајот на денот се останува на тебе и него. Тој што избрал да биде клошар е ќе биде и сега и тогаш. И нормално ти како човек кој работи според сите свои можности ќе имаш и далеку поголеми потреби од некој што решил да биде клошар.
Разликата не е помеѓу клошар во комунизмот и клошар во капитализмот. Разликата е и треба да е помеѓу не-клошар во комунизмот и не-клошар во капитализмот. Во комунизмот разликата помеѓу клошар и не-клошар речиси и да нема, додека во капитализмот само небото ти е граница.

Ама ги гледаат дури и во христијанството се води како грев, среброљубие. Еве имаш еден тон Македонските политичари кои го крадат народот веќе 30 години а реално со парите не прават ништо. Во најголем дел само ги умртвуваат со ставање по банки или купување на стотици станови. Крадат колку да се краде, не зошто им треба. Не зошто сакаат да направат нешто со тоа, да си исполнат некој сон.

И тоа не е уникатен феномен има многу, каде што луѓе собираат пари чисто за да имаат повеќе пари. Парите им се крајната цел.
Ти збориш за корумпирани политичари, за корумпирани луѓе. Такви има и во комунизмот и во капитализмот, тоа нема никаква разлика. Чак што више, во комунизмот се отвора уште поголем простор за корумпирани функционери од причина што таму нема приватен сектор и што значи секој сектор, секоја фирма е подложна на корупција исто како што се во капитализмот подложни само јавните прептријатија.

И башка на тоа, храна на овие корумпирани политичари се токму даноците кои левицата бара да се зголемат.
 
Слушам СДСМ и компанија утре ке правеле ајвар и немале време да одат во собрание а некои од новото мнозинство имале гости од странство па и они немало да одат..... така изгледа утре седницата нема ни да почне поради немање кворум...

Oчите на меѓународната јавнос вперени во Македонија Дојдоја Холанѓаните,можи да се послужат со вмровски финти ќе видиме .
 
Го приметува некој друг папагалот Лигушев ?
Жмицко ќе ги шитне намирисаа и почнуваат жалопојки ќе бегале од државава...
Ахх бе пацови, први го напуштаат бродот кој тоне, увек.

Сончогледите го напуштааѕ бродот. Во фазата “јас сум неутрален, не ме интередира политика” се, а бздат излезени од шупакот на Заев.
 
Инаку не ми смета ако имам повеќе пари повеќе да дадам. Џабе се сите пари ако општеството ти живее во беда. Само начинот на кој секогаш го изведуваат е лош. Односно големите играчи пак остануваат неоданочени.
Аха, биди сигурен дека ќе го подобриш општеството со плаќање повеќе данок, изгледа забораваш каде живееш.

Ќе плаќаш повеќе за да има за некој "невладин" испрдок на Заев да тренира магариња. За крадените фиктивни иновации на Ордановски. Иновацијата "печатница" на Слободен Печат. За тендери за ДУИ, Виц'то и екипата од Грчец.

Утепано и назадно општество сме, генерално повеќето зависни од партија. Потребно е да се стимулираат и охрабрат луѓето (особено младите) со пониски даноци и помала бирократија, за да вложуваат и чарето да го бараат во приватен сектор каде нема граница колку може да заработуваш, наместо да се казнуваат со повисоки даноци само затоа што биле поуспешни и повеќе заработувале.

BTW, и да нема прогресивен данок, ти пак плаќаш повеќе доколку заработуваш повеќе.
 
Ние во моментов сме во систем кој е создаден да ја намали продуктивноста и професионалното исполнување на секој Македонец освен ако не може политичката и олигархиската каста да профитира од тоа. Периодот 45-90 бил катастрофален по Македонија и Македонците освен првите 5-10 години по некој аспекти поради комплетниот недостаток на каква било идеологија и револуционизам во раководењето. Али пак имало напредок зошто државата го црпела легитимитетот од народот и неговата продуктивност.

Али од 90тите наваму ова е чист колонијализам. Целата конкурентна индустрија се затвори, човечиот потенцијал го црпат од странство немилосрдно и сме претворени малтене во аграрно - колонијалистичка држава. А добитокот се радува што "АКО" сме влезеле во ЕУ, они ќе ни дале пари да изградиме патишта. А за што патишта за они да ни пласираат роба додека ние им пласираме магистранти.

Јас не сум комунист дека сакам бесплатни ствари. Јас сум комунист зошто разбирам дека следејќи го овој систем никогаш нема да можеме да се приближиме по стандард со земјите кој ги бркаме ( освен ако не се реши да бидеме нечиј проект ), и никогаш нема да станеме конкурентни. Секогаш ќе бидеме претпоследна дупка на кавалот кој ќе го свират други.
Лоповлукот во Македонија не го направија бизнисмени, туку едноклеточни амеби, кои место да го искористат потенцијалот, па макар и во сопствена полза, направија чистка на фабриките буквално за старо железо (со чест нели на исклочоци).

Системот како систем, не е лош. После фискализацијата во 2000 година, првпат се стабилизира економијата. Проблемот не треба да го бараме во законите, иако и законите треба да се корегираат, што е нормално. Проблемот треба да го бараме во нефункционирањето на законите.

Комунизмот како комунизам е неиздржана идеологија, почната е и направена е од доста различни агли. Сегде завршила катастрофално. Буквално во сите општества завршува со догматизација на лидерите. Па оддтаму, Марскизам, Ленинизам, Сталинизам, Титоизам, Маоизам и така натака.
 
Го приметува некој друг папагалот Лигушев ?

Се најде повикан а :) се чудам зашто.
Па баш Белорусија ја најде бе, патетично.
Ќе лижеш и таму режимски болс, навика си е навика :toe:
 
Ок е стефче, не краде од никој, не тендерише, си плаќа даноци. Неможеш да му замериш. Реално кажува кои се грижите на луѓето како него. Ама пошто е мала група луѓе, никој не ги есапи политички.

Апсолутно немам проблем со нечив успех. Алал нека е секој денар поштен.
 
Се најде повикан а :) се чудам зашто.
Па баш Белорусија ја најде бе, патетично.
Ќе лижеш и таму режимски болс, навика си е навика :toe:
Не сум повикан, те искористив да те тагнам во пост за научно истражувачки цели, ваков уникатен феномен на безмочност ретко се наоѓа.
 
Слушам СДСМ и компанија утре ке правеле ајвар и немале време да одат во собрание а некои од новото мнозинство имале гости од странство па и они немало да одат..... така изгледа утре седницата нема ни да почне поради немање кворум...

Без разлика. Централната власт е на ДУИ , локалната е на ВМРО , за вас останаа само финансиските советници на Меркел да ги чекате.
 
Последно уредено:
Лоповлукот во Македонија не го направија бизнисмени, туку едноклеточни амеби, кои место да го искористат потенцијалот, па макар и во сопствена полза, направија чистка на фабриките буквално за старо железо (со чест нели на исклочоци).

Системот како систем, не е лош. После фискализацијата во 2000 година, првпат се стабилизира економијата. Проблемот не треба да го бараме во законите, иако и законите треба да се корегираат, што е нормално. Проблемот треба да го бараме во нефункционирањето на законите.

Комунизмот како комунизам е неиздржана идеологија, почната е и направена е од доста различни агли. Сегде завршила катастрофално. Буквално во сите општества завршува со догматизација на лидерите. Па оддтаму, Марскизам, Ленинизам, Сталинизам, Титоизам, Маоизам и така натака.

Ок ете стабилизација. Сега ќе ни требаат едно 100-200 години за да акумулираме доволно финансиски капитал за да можеме да почнеме да се развиваме. Тоа е ако нема организирана криза како милион пати претходно и не ни го избришат целиот акумулиран капитал преку вечер како што е направено веќе безброј пати. Супер систем за нив, не би рекол дека е супер систем за нас.

Еве како што си кажа и ти корумпирани политичари има во секој систем. Уште 15 години и ќе имаме два временски периоди за споредба.

Од 1945 до 1990 и од 1991 до 2035 година.

И баш би сакал да се направи споредба што било создадено во првиот систем колку и да било фалично поставен. А што во другиот. Еве до сега 30 години поминаа. Али да не биде за 15 години уште да се молиме дека е направен ремонт на ТЕЦ Битола за да имаме струја.
 
Последно уредено:
Ок ете стабилизација. Сега ќе ни требаат едно 100-200 години за да акумулираме доволно финансиски капитал за да можеме да почнеме да се развиваме. Тоа е ако нема организирана криза како милион пати претходно и не ни го избришат целиот акумулиран капитал преку вечер како што е направено веќе безброј пати.
Многу си грешка тука. Со правилен менаџмент на буџетот, исфрлање на ухлебените паразити од јавниот сектор, и целосна примена на законите (вклучително и кај Албанците) Македонија и без ЕУ и НАТО може да многу брзо да се оправи. Муабетите дека ни требаат пари да се опраиме, се исти ко што ќе бидат сега муабетите на Мицко дека ќе им требаат 81 пратеник за да го врати нелегално сменетото име.

Немаме ние акумулиран капитал кој некој ни го земал. Тоа што се краде се буџетските пари, преку тендери и тоа е тоа. И тие пари одат на многу луѓе, не е дека еден ги собира. Тоа не е својствено само во Македонија. И во Америка е исто, баш во САД е доста илустративно со логистиката на воените бази. Па еве и во Шведска е исто. Кој дојде на власт нивните фирми лапаат тендери. Разликата помеѓу Шведска и Македонија е што кога на некој му изгори модуларна болница заедно со 15 души внатре, и тој што го лапнал тендерот и тој што го потпишал ќе завршат во затвор.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom