Има луѓе едноставно не сакаат да работат. Способни се, но не се замараат. Како едно општество би се развивало, ако мене ме стави во ист кош со еден таков човек? Која би била мојата мотивација?
Ќе почнам од крајот зошто тоа е најважната поента. Најголем дел го знаат слоганот од Маркс "Секој да работи спроед своите способности, секој да земе во склад со своите потреби". Али при првата практична примена во советскиот сојуз веднаш додале трет дел "Тој што нема да работи нема ни да јаде".
"He who does not work shall not eat", is already realized; the other socialist principle, "An equal amount of products for an equal amount of labor", is also already realized. But this is not yet communism, and it does not yet abolish "bourgeois law", which gives unequal individuals, in return for unequal (really unequal) amounts of labor, equal amounts of products.
Тука веднаш во цитат имаш и дел за принципот за фер плата. Едно такво општество не би те ставило во никаков кош. Ти и тој човек ќе бидете во ист кош само во тоа дека ќе имате начин како да го изразите својот полн потенцијал. На крајот на денот се останува на тебе и него. Тој што избрал да биде клошар е ќе биде и сега и тогаш. И нормално ти како човек кој работи според сите свои можности ќе имаш и далеку поголеми потреби од некој што решил да биде клошар.
И генерално никој реално не ги гледа парите како цел, туку ги гледа како средство. Јас на пример ако имам цел да купам остров, морам да заработам пари за да го купам, морам да имам стабилна заработка за да го одржувам и така натаму.
Ама ги гледаат дури и во христијанството се води како грев, среброљубие. Еве имаш еден тон Македонските политичари кои го крадат народот веќе 30 години а реално со парите не прават ништо. Во најголем дел само ги умртвуваат со ставање по банки или купување на стотици станови. Крадат колку да се краде, не зошто им треба. Не зошто сакаат да направат нешто со тоа, да си исполнат некој сон.
И тоа не е уникатен феномен има многу, каде што луѓе собираат пари чисто за да имаат повеќе пари. Парите им се крајната цел.
Затоа сите идеологии кои гледаат така завршиле како цивилизациски нужник. Тоа е укинување на слободата на човекот.
Јас треба да имам пари онолку колку што сум способен да створам. Мене државата не барам ниту да ме подржи некако ниту да ме кочи. Едноставно да ни даде еднакви услови на сите. Знам дека доколку сум богат, мојот син нема да има исти шанси како син на некој сиромав, но во светот се е променливо, па и богатството. Тој што е упорен и способен, на крајот ќе си го пожнее успехот.
Точно професионалното исполнување и максимизирање на продуктивната моќ на секој граѓанин треба да е главната цел.
============================================================================================================================================
Ние во моментов сме во систем кој е создаден да ја намали продуктивноста и професионалното исполнување на секој Македонец освен ако не може политичката и олигархиската каста да профитира од тоа, aли притоа и Македонецот да не се издигне во процесот. . Периодот 45-90 бил катастрофален по Македонија и Македонците освен првите 5-10 години по некој аспекти поради комплетниот недостаток на каква било идеологија и револуционизам во раководењето. Али пак имало напредок зошто државата го црпела легитимитетот од народот и неговата продуктивност.
Али од 90тите наваму ова е чист колонијализам зошто државата почна да го црпи легитимитетот од странците. Целата конкурентна индустрија се затвори, човечиот потенцијал го црпат од странство немилосрдно и сме претворени малтене во аграрно - колонијалистичка држава. А добитокот се радува што "АКО" сме влезеле во ЕУ, они ќе ни дале пари да изградиме патишта. А за што патишта за они да ни пласираат роба додека ние им пласираме магистранти.
Јас не сум комунист дека сакам бесплатни ствари. Јас сум комунист зошто разбирам дека следејќи го овој систем никогаш нема да можеме да се приближиме по стандард со земјите кој ги бркаме ( освен ако не се реши да бидеме нечиј проект ), и никогаш нема да станеме конкурентни. Секогаш ќе бидеме претпоследна дупка на кавалот кој ќе го свират други.