Ќе дојде нормално. Ќе има страшен суд и ќе им се суди на сите што живееле на планетава. Нема да има тогаш мама, тато... Абе чичко ми е директор, дај да средиме некако.. Нема каде да се бега тогаш.
Може да објасниш подобро, тоа негово доаѓање какво ќе биде или да се орентираме според писанијата?
11. И го видов небото отворено, и ете, коњ бел. Оној, Кој јаваше на него, се вика Верен и Вистинит, и Он праведно суди и војува;
12. очите Му беа како огнен пламен, а на главата имаше многу круни и напишано име, кое освен Него, никој не го знаеше.
13. И беше облечен во облека, натопена со крв, и со името – Слово Божјо.
14. А небесните војски, облечени во бел и чист висон, врвеа по Него на бели коњи.
15. Од устата Негова излегуваше остар меч, за да ги порази со него идолопоклониците. Он ќе ги пасе со железен жезал, и ќе ја изгази кацата со вино на јароста и гневот на Бога Седржителот.
16. На облеката и на бедрото Негово беше напишано името: „Цар над царевите” и „Господар над господарите.”
17. Потоа видов еден ангел како стои на сонцето; тој извика со висок глас и им рече на сите птици, што летаа среде небото: „Долетајте и соберете се на големата вечера Божја,
18. да јадете тела на цареви, тела од војводи, тела од силни, тела од коњи и од нивните јавачи, и тела од сите – слободни и робови, мали и големи!”
19. Тогаш го видов ѕверот и земните цареви и нивните војски, собрани за да војуваат против Оној, Кој седеше на коњ, и Неговата војска.
20. Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, та ги соблазни оние, што беа примиле белег од ѕверот и му се клањаа на неговиот лик: и обајцата живи беа фрлени во огненото езеро со запален сулфур;
21. другите, пак, беа убиени со мечот, што излегуваше од устата на Оној, Кој седеше на коњот. И сите птици се наситија од телата нивни.
Ова ли е тоа?