Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Реално да не беа овие очигледни поклони каде собраа околу 8 бода, Јувентус дефинитивно ќе беше во зоната на испаѓање.
 
Реално да не беа овие очигледни поклони каде собраа околу 8 бода, Јувентус дефинитивно ќе беше во зоната на испаѓање.
И Интер сезонава на поклон собра 20 тина бода па никому ништо. Реално...
 
Горилаз кој во Вторникот правеше видеа за голот на Роналдо против Аталанта сега му звучи смешно ова играње на рака од страна на Данило во шеснаесетник. Иако тоа на Гринвуд беше во напад при избиена, а ова во одбрана. Нешто сосема различно. Плус тоа е ЛШ каде многу потешко ВАР интервенира за такви работи, и Серија А каде ВАР е дел од шоуто а во последно време и главен судија на натпреварите на Јуве.
Значи сега стигнавме до тоа дека него топката го удрила, а минатата година кога Јуве ги доби Аталанта со гол од пенал кој беше на ивица од шеснаесетникот и топката излегуваше од истиот, тука имаше коментари од јувенташите дека сега со ВАР секое играње со рака ќе се казнува со пенал. Ама изгледа тука Данило не играше со рака туку топката го удри него. :facepalm:
Почнувам со работа, ме мрзи а и немам некоја желба за да напраам компилација каде се свиреле пенали за ваква ситуација ама сигурен сум дека ќе најдам барем 10-15 вакви ситуации каде е свирнат пенал во корист на тимот кој напаѓа.
Мене само едно ме интересира. Зашто еве во овој случај ВАР не го викна судијата да погледне и да одлучи. Многу некако кога игра Јуве тие во ВАР собата изгледаат на главни судии. И баш интересно како се праи споредба со пеналот на Јуве против Интер а кога Кјаер имаше нешто слично против Рома ниту еден од вас тука не ја искоментира ситуацијата а речиси беше идентична.

Инаку Тролејбус претерува кога кажува дека 8 бодови ви се поклонети. Точно се 5 и ќе сте биле одма над Удинезе на 14то место.
Вака сте сеуште во игра за ЛШ и најверојатно со триста пиздарии како лани ќе се пласирате повторно.

Последно уредено:
Ја искрено не би свирел пенал за ова зашо топката ќе го погодеше у стомак и секако Данило имаше природна положба на телото, однсоно скокна како што скока секој нормален фудбалер. Е сеа тоа што да беше обратна ситуацијата веројатно Јувентус ќе добиеше пенал е сосема друг муабет, али по мене овде не згреши ВАР собата.

А инаку во право е СК 92 за ВАР системот и општо судењето, пак се замижува на очигледни работи и не се третираат сите тимови исто.
 
Абе нема природна положба во Италија после какви се пенали не видовме откако е воведен ВАР.

Еве од најпросто барање со клучни зборови rigore juventus што добиваш на Јутуб.
Овие се каде каде посмешни пенали од тоа на Данило.

Брат... Сериозно за Јувентус ми даваш клипови? :D Знам јас колку е саат, само погоре зборев за вчерашната ситуација и тоа дека за мене тоа не е пенал, ама со оглед на тоа што во денешно време свират све и свашта можда и требаше да го досуди, т.е. да беше обратна ситуацијата убеден сум дека ќе го свирнеше али што е тука е. Многу сум против меките пенали, ај играта со рака на страна ама она на Дамфрис над Данило, она на Ибра против Рома или она што го свирнаа над Барела против Лацио се комедии од пенали за мене и таквите работи само ја доуназадуваат лигата која и без тие работи кубури со квалитет.
 
Абе нема природна положба во Италија после какви се пенали не видовме откако е воведен ВАР.

Еве од најпросто барање со клучни зборови rigore juventus што добиваш на Јутуб.
Овие се каде каде посмешни пенали од тоа на Данило.

Според движење на топката и уделот кој би го имала во акцијата, односно 0, има уште еден пенал кој па е контра Јувентус.
Сезона 2019/20, Рома - Јувентус. Млака топка од играч на Рома, која го удира Сандро и оди кон корнер(овој е сама гол-аут линија), кој после ја мава со рака на линија, каде што ја остава топката во игра, и истата после шут на Рома, завршува во корнер. Влијание = исто како тоа против Аталанта.

Еве видео од можеби и уште посмешна ситуација, од првото со Аталанта, ако се гледа што и како се деси. Никакво влијание немаше ова врз нападот на Рома, која секако ќе добиеше корнер.

Вториот е секако, надвор од сите вери :D

Затоа е најбоље, секоја рака која е прилепена на тело(не странично), и во случај кога штитиш лице, да не биде пенал, се друго нека си свират.
Или на крај краева, нека цртаат линии ко за офсајд, па нека бараат геометрии, траектории и слично, кадде и завршила топката после тоа. :D

83471169_1799778470182392_2883826745461019695_n.jpg
 
Последно уредено:
Раката на Данило не го зголемува обемот на неговото тело со кое спречува движење на топката. Ако не завршеше во раката, тогаш ќе му завршеше во телото. Второ, немаше неприродно движење со раката кон топката, што значи немаше намера.

Оние пенали против Аталанта за Јувентус што ги цитирате година ипол и двата се поради тоа што раката е оддалечена од телото и играчот по автоматизам има зголемен обем за блокирање.

А каде се движи топката, дали оди кон надвор од шеснаесетникот, кон аут, гол аут или корнер, тоа апсолутно не е битно, ако е неправилно блокирана со рака, тогаш е пенал.
 
И јас мислам дека не беше пенал поради истата причина шо ја спомнавте.....ама пак од друга страна мислам дека ако беше обратно ќе го свирнеше....

Јасно е дека преголема фама се прави кога за Јувентус има сомнителна ситуација ама сами си го носат тој багаж поради преголемата помош што ја добиваа години наназад и покрај тоа што беа две класи појаки од сите други екипи.
 
Раката на Данило не го зголемува обемот на неговото тело со кое спречува движење на топката. Ако не завршеше во раката, тогаш ќе му завршеше во телото. Второ, немаше неприродно движење со раката кон топката, што значи немаше намера.

Оние пенали против Аталанта за Јувентус што ги цитирате година ипол и двата се поради тоа што раката е оддалечена од телото и играчот по автоматизам има зголемен обем за блокирање.

Три пенали се во постот на SK-92, и ако за второто и третото видео стои плус-минус то шо го напиша во првиот пасус (во вториот се зголемува обемот на телото, во третиот има неприродно движење, иако е дискутабилно дали го удира во рамото или раката), првиот пенал е скроз-скроз ист ко ситуацијата на Данило, не само шо не го зголемува обемот на телото и нема неприродно движење, туку де Рон ја прибира раката до себе на таков начин да не е ни можно да го зголеми обемот на телото, слепец може да го види то, а не па судија пред нив на терен/ВАР со прилика да ја прегледа ситуацијата.

Иначе генерално и јас се сложвам со @Stefan-kobe дека ни ова на Данило не треба да се свири, ниту другите меки пенали кои ги наведе во постот, нема поента на секое влегување играчите да одат на пенал, на ништо не личи + во европа никогаш нема да им ги свирнат истите пенали.
 
Оние пенали против Аталанта за Јувентус што ги цитирате година ипол и двата се поради тоа што раката е оддалечена од телото и играчот по автоматизам има зголемен обем за блокирање.

Одалечена од телото?
Она на Де Рун или тоа во живиот зид кога удри?
Ако мислиш на првото видео со Де Рун те молам не ни реплицирај. Нема потреба што повеќе да се дискутира за тоа. Кој сака нека ја види снимката и нека каже дали кај Де Рун е прилепена или раката е одалечена од телото.

А каде се движи топката, дали оди кон надвор од шеснаесетникот, кон аут, гол аут или корнер, тоа апсолутно не е битно, ако е неправилно блокирана со рака, тогаш е пенал.

И сега стигнавме на тоа дека Данило всушност правилно ја блокирал топката со рака синојќа.
 
Колку повеќе се трудат да ги генерализираат правилата за судење пенал по игра со рака у 16 метри, толку полоши одлуки носат судииве. Уште па и при вар. 80% од пеналиве не се пенали, ама се искриви погледот на навивачите. Секој судија си наметнува свој критериум и толкување на ситуацииве.
 
Последно уредено:
Што се случило со Рома во второ, повторно судиите? :eek: :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom