jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.729
- Поени од реакции
- 27.803
Ти дечко многу површно гледаш на тоа што го пишувам и пробуваш да најдеш аналогија од кој агол гледам. Немам јас ваши и наши, ќе го искористам вокабуларот на Гоце Вегета, за мене сдсм-дпмне се две страни на иста паричка и тоа го воочив веќе далечната 2008 година. Тие на 27 не се на тасот на Мицко, тие се на тасот на Грујо. Јас зборам за моментот кога првичното бунило беше поминато и народот веќе насетуваше што може да се направи, непосредно после неуспешниот референдум, кога народот дефинитивно ќе застанеше позади било каква политичка акција од било кој размер, против промените што се спремаа.Требаше да им се придружи у затвор на тие од 27ми април? Со сите околности со кои беше соочен, ти очекуваш да во таков мал прозорец он да го решел тоа прашање? Ако сакаш некого да колнеш, колни ги претходниците. Он од вчера е во политика. Од гуштерска позиција да те стават претседател на најголемата политичка партија во најнезавидната можна положба за неа во тој даден момент, сметам дека одлично се снајде.
Патем, аналогијата со силуваното девојче не ти е на место. Да не речам, невкусна е. Ама пошто ја избра, да те поправам - СИТЕ сме тоа девојче, вклучувајќи го и Мицко. Не е некоја трета, четврта, петта страна у ситуацијава. Само навикнати сте да ги гледате работите на наши и туѓи, па ви се ремети и шаблонот за аналогизирање.
Па дури и за 27 Април, далеку беше состојбата на партијата од очајна па дури и споредлива со катастрофата што му се случува на сдсм во моментов. И покрај све дпмне имаше најголем број на пратеници на тие избори и далеку беше од некоја нокаутирана партија на која наликува сдсм денеска. Тие едноставно сами си ги смкнаа гаќите и го дозволија да се случи све ова што се случи, иако и Грујо и цело партиско раководство точно знаеја што ќе се случи и тоа јавно го кажуваа (нели шегата беше све е тоа во главата на Грујо). Епа дечко да бидеш лидер на партија, поготово толкава не е само тендер привилегија, туку и огромна обврска која понекогаш бара да го ставиш во влог својот живот. Ако не си способен на таква жртва, не си способен да бидеш лидер на партија.
Но ете и да прифатиме дека Мицко бил силуваното девојче, како претседател на најголемата партија во државава, прогласи уставни промени донесени на тотално незаконски и недемократски начин за готова работа и нова реалност. Што е тоа ако не е учество во тоа предавство. Како треба? Едноставно се прогласуваат за незаконски промените, пошто се неуставно, незаконски и спротивно на сите демократски принципи и човекови права донесени, па ако треба и да јаде атентат. Одприлика тоа е вистинската дефиниција за вистинско политичко раководство кое вистински се грижи за својот народ.
Последно уредено:

