Требаше да им се придружи у затвор на тие од 27ми април? Со сите околности со кои беше соочен, ти очекуваш да во таков мал прозорец он да го решел тоа прашање? Ако сакаш некого да колнеш, колни ги претходниците. Он од вчера е во политика. Од гуштерска позиција да те стават претседател на најголемата политичка партија во најнезавидната можна положба за неа во тој даден момент, сметам дека одлично се снајде.
Патем, аналогијата со силуваното девојче не ти е на место. Да не речам, невкусна е. Ама пошто ја избра, да те поправам - СИТЕ сме тоа девојче, вклучувајќи го и Мицко. Не е некоја трета, четврта, петта страна у ситуацијава. Само навикнати сте да ги гледате работите на наши и туѓи, па ви се ремети и шаблонот за аналогизирање.
ДПМНЕ и ДУИ и самоубиство и за двете партии кое ќе се случи побрзо од овој freefall на СДС последниве избори.
Левица има потреба од подршка од ДПМНЕ, и ДПМНЕ од Левица, затоа и се обединија за рушење на власта. На идни парламентарни ќе настапуваат засебно.
Патем Левица тежи едно 8 пратеника моментално, ако не е повеќе, ако ги преведеш гласачките броеви во парламентарни мандатарски места.