Поделбата на антиваксери и проваксери ми е ептен слична како ДПМНЕ вс СДСМ

Штом не си вакциниран веднаш добиваш етикета дека не веруваш во наука, дека си слеп поддржувач на теориите на заговор, шириш зараза,рамноземљаш, 5г глупости, небањат и сл.
Ако пак некој се вакцинирал се смета за верувач во науката, голем допринесувач за крај на пандемијава, покажува крајна грижа и совест за постарите и болни лица, активно ја поддржува вакцинацијата и плука по оние кои не ја поддржуваат

Не знам што очекуваат, да им се даде медал? Да им кажеме браво? Да им напишеме пофалница?

Никого не осудувам дали се вакцинирал и зошто се вакцинирал, нивна одлука. Но не ја гледам потребата да ме убедуваат колку вакцината ќе ме штити мене, дека ако се вакцинирам помали се шансите за хоспитализација, па дури и за смрт

Наместо да се вперува прстот во тие што не сакаат да се вакцинираат, нека го вперат прстот кон министерот за здравство, затоа што немаме слободни термини за обичен контролен преглед, затоа што за компјутерски томографии, магнетни резонанци, кардиолошки прегледи, колоноскопии, мамографи и сл се чека или со месеци, или не работат или нема соодветен кадар. И после повторно прстот ќе се впери во народот затоа што доцна оделе на лекар.
Октомври е месец за борба против рак на дојка, министерот повика за подигнување на свеста на жените и потребата од рана дијагностика кон оваа болест, при тоа заборави да каже колку мамографи кои се во функција има во Македонија, колку време се чека за да се закаже еден контролен преглед и дали секоја жена има можност да плаќа во приватно здравство. АМА сето тоа не е важно. Важно е да се вакцинираме.

Последно уредено: