Русија е жива, рим постои, италија постои. Ама германците више не се варварски племиња, пошто на крајот на краиштата сите христијани се сторија .германија и франција се богати, и русија и источна европа се секуларни и царот е мртов. Поентата ти е излишна.
За не рчкањето , за жал изолиран систем не постои. Во човечка природа е конфликт. Боље погнасниот да изгуби.
Со значи со доволно напор се постигнува саканиот ефект. Само не на начич некој како тебе проповеда . Долгорочно еден шеријаташ помалку, поасална планета.
Русија денес речиси никој не ја третира за жива сила, со исклучок на последниве неколку недели поради потенцијалната енергетска криза во Европа, но веќе од наредната пролет 2022 повторно никој нема да ја регистрира за жива.
Рим е втор најнечист град во Италија после Неапол, а Италија денес не е ниту до колената на покојната Римска Империја на светската економска и политичка сцена, доколку веќе толку сакаш да навлегуваш во детали. Со исклучок на најголемиот автомобилски конгломерат во светот Фиат, географската местоположба и богатата кујна, Италија баш и не е некој економски или политички фактор во Европа, а уште помалку па во светот.
Германија и Франција од секогаш биле богати, тоа не е некоја новост, тоа што се сторија христијани не ги спречуваше да водат постојани крвопролевања на европскиот континент, од кои последното заврши пред нешто повеќе од 76 години, што секако не значи дека нема да има нови крвопролевања во иднина.
Французите се подготвени да ја отфрлат сопствената национална горделивост, арогантност и самобендисаност во замена за Германците да тераат бизнис со нив, но да не им се мешаат во внатрешните работи на нивната држава, а до кога ќе потрае тоа времето ќе покаже. Јас не велам дека ќе има ново крвопролевање во блиска иднина, но токму богатите и развиените држави секогаш биле најголемиот проблем на човештвото, бидејќи токму тие ги имаат извршено и најголемите злосторства и масакри во историјата на човештвото.
Кога сме кај изолираноста на едно општество, ги имаш безброј примери - Иран, Северна Кореја, Саудиска Арабија, по ново и Венецуела е на некој начин изолирана од светот, делумно поради нејзините социјалистички идиоти кои ги имаат на власт, а делумно и поради истите тие богати и развиени држави кои мислат дека со санкции и блокади ќе успеат да издејствуваат соборување од власт на истите тие социјалистички идиоти во Венецуела.
Инаку и јас сум против теократско општествено уредување и целосно поддржувам секуларизам, но како што може да се види во поново време, секуларизмот е речиси невозможен. Во државите со мнозинско муслиманско население секуларизмот е речиси искоренет, а во државите со мнозинско христијанско население секуларизмот е присутен, ама во кома.
Во државите членки на ЕУ во последно време се форсира религијата на европеизмот, која повикува на укинување на националните суверенитети и самостојности на државите членки на ЕУ, во замена за поголема централизација на власта во рацете на еден владејачки центар со седиште во Брисел, Белгија, а во САД од неодамна се форсира религијата на таканаречената критичка расна теорија, која повикува на масовно линчување на белите луѓе и казнување на белиот човек поради неговата/нејзината боја на кожата и неговото/нејзиното расно потекло.
Во Кина, која себеси се декларира како атеистичка држава, секуларизмот е сериозно загрозен од религијата на комунистичката идеологија која вели дека комунистичката партија знае што е најдобро за луѓето, а чии што релевантност и методи на функционирање никогаш не треба да бидат ставени под знак прашалник.
Твојата поента е излишна бидејќи токму државите кои себеси се декларираат како секуларни и демократски, им даваат релевантност и легитимитет на овие други држави кои немаат ниту с од секуларизам, ниту д од демократија, со тоа што соработуваат со нив и тераат бизниси со истите.
Убаво ако нафтата од Саудиска Арабија им врши работа на богатите и развиените држави кои себеси се декларираат како секуларни и демократски, но колку повеќе тераат бизниси со Саудијците, толку повеќе го засилуваат не само несекуларниот и недемократскиот режим, туку и отворено анти-секуларниот и анти-демократскиот режим во Саудиска Арабија.
Кристално истото важи и за евтините производи извезени од Кина, а произведени од евтина работна сила во речиси крајно нечовечки услови во некои случаи.
Извини, ама лицемерието од секогаш било одлика на богатите и развиените држави, но на никаков начин не им помага во корист ниту на секуларизмот, ниту на демократијата.
Декси, до кога ќе лижете талибански и автократски чмарови? Една вакцина ви била проблем и автократија било што ве терале да се вакцинирате, а сега оправдувате тешки режими и автократии. Вие уствари плачете за чизма и некој да ве гази но не сте свесни.
Ти можеби плачеш за чизма да те згази што е можно посилно и подлабоко, јас од моја страна верувам дека најдобро е да се држам од туѓа чизма и да ги држам моите чизми подалеку од тие кои си ги држат нивните чизми подалеку од мене.
Немам ниту љ од љубов кон талибанците или кон било кои други исламистички фундаменталисти, фанатици и теократи, но верувам дека најдобар лек не за нивните општества, туку за нашето општество, е да се држиме изолирани од нив и да ги држиме нив изолирани од нас.
А ако Авганистанците до толку се неписмени и незаинтересирани за основни човекови и права, тогаш нека си трпат. Ете социјализмот не им чинеше - не дека е добро решение, но барем е секуларно решение кое нуди далеку попристоен и подостоинствен живот во споредба со било кое друго теократско општествено уредување. Иако во пракса и самиот социјализам се форсираше на некој начин како религија, сепак е подобро решение во споредба со исламистичката теократија.
Еве и наводно демократската држава која ја имаа од 2004 до 2021 година, а според Уставот од 2004 година се викаше Исламистичка Република Авганистан, во која официјална државна религија беше исламот, што говори колку секуларна држава беше, барем им нудеше некои основни човекови слободи и права на Авганистанците, ама не се бореа нешто многу за нејзино сочувување. Па дури и социјалистичката држава им издржа неколку години откако Советскиот Сојуз се повлече од таму кон крајот на 1980-те години, додека оваа демократијава им издржа помалку од половина година откако нивните секуларни и демократски ослободители се повлекоа.
Затоа најдобар лек против ваква зараза, или најдобра вакцина, е целосна изолација од ваквите општества, ако не можат да се спасат себеси, залудно е да се обидуваме ние да ги спасиме, притоа ризикувајќи и нас да не заразат, а на крајот сепак да изгубиме.