Политички случувања во Авганистан

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.363
Поени од реакции
38.336
Третманот ти е тотално погрешен, за почеток Римјаните ги нема повеќе од 1500 години, Отоманците го испробаа истиот третман, за на крај да го укинат откако султанот им заврши во заложништво на јаничарите, а во поново време Советскиот Сојуз се обиде да го искорени христијанството, па денес Советскиот Сојуз е музејски експонат, а христијанството и понатаму е доминантната религија во повеќето поранешни советски републики, поточно во сите со исклучок на -стан републиките.

Исто така, не заборавај дека еден од најголемите херои на Германците од античкиот период, е Арминиј, германски генерал кој своеволно го прифатил римскиот третман врз себеси, по што станал римски граѓанин и генерал во римската војска, за подоцна да им се врати на своите сонародници источно од Рајна, по што им удрил добар ќотек на Римјаните во Тевтобуршката шума, за Римјаните никогаш повторно да не стапнат источно од Рајна. Светата Римска Империја од времето на Карло Велики е веќе друга приказна, но ете и таа денес е музејски експонат, исто како и античките Римјани и нивната империја.

Најдобар третман е тотално изолирање од туѓите општества, под услов и тие да се изолираат од тебе.

Ако тие не те гибаат тебе, тогаш и ти не ги гибај нив.
Декси, до кога ќе лижете талибански и автократски чмарови? Една вакцина ви била проблем и автократија било што ве терале да се вакцинирате, а сега оправдувате тешки режими и автократии. Вие уствари плачете за чизма и некој да ве гази но не сте свесни.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Русија е жива, рим постои, италија постои. Ама германците више не се варварски племиња, пошто на крајот на краиштата сите христијани се сторија .германија и франција се богати, и русија и источна европа се секуларни и царот е мртов. Поентата ти е излишна.
За не рчкањето , за жал изолиран систем не постои. Во човечка природа е конфликт. Боље погнасниот да изгуби.
Со значи со доволно напор се постигнува саканиот ефект. Само не на начич некој како тебе проповеда . Долгорочно еден шеријаташ помалку, поасална планета.
Русија денес речиси никој не ја третира за жива сила, со исклучок на последниве неколку недели поради потенцијалната енергетска криза во Европа, но веќе од наредната пролет 2022 повторно никој нема да ја регистрира за жива.

Рим е втор најнечист град во Италија после Неапол, а Италија денес не е ниту до колената на покојната Римска Империја на светската економска и политичка сцена, доколку веќе толку сакаш да навлегуваш во детали. Со исклучок на најголемиот автомобилски конгломерат во светот Фиат, географската местоположба и богатата кујна, Италија баш и не е некој економски или политички фактор во Европа, а уште помалку па во светот.

Германија и Франција од секогаш биле богати, тоа не е некоја новост, тоа што се сторија христијани не ги спречуваше да водат постојани крвопролевања на европскиот континент, од кои последното заврши пред нешто повеќе од 76 години, што секако не значи дека нема да има нови крвопролевања во иднина.

Французите се подготвени да ја отфрлат сопствената национална горделивост, арогантност и самобендисаност во замена за Германците да тераат бизнис со нив, но да не им се мешаат во внатрешните работи на нивната држава, а до кога ќе потрае тоа времето ќе покаже. Јас не велам дека ќе има ново крвопролевање во блиска иднина, но токму богатите и развиените држави секогаш биле најголемиот проблем на човештвото, бидејќи токму тие ги имаат извршено и најголемите злосторства и масакри во историјата на човештвото.

Кога сме кај изолираноста на едно општество, ги имаш безброј примери - Иран, Северна Кореја, Саудиска Арабија, по ново и Венецуела е на некој начин изолирана од светот, делумно поради нејзините социјалистички идиоти кои ги имаат на власт, а делумно и поради истите тие богати и развиени држави кои мислат дека со санкции и блокади ќе успеат да издејствуваат соборување од власт на истите тие социјалистички идиоти во Венецуела.

Инаку и јас сум против теократско општествено уредување и целосно поддржувам секуларизам, но како што може да се види во поново време, секуларизмот е речиси невозможен. Во државите со мнозинско муслиманско население секуларизмот е речиси искоренет, а во државите со мнозинско христијанско население секуларизмот е присутен, ама во кома.

Во државите членки на ЕУ во последно време се форсира религијата на европеизмот, која повикува на укинување на националните суверенитети и самостојности на државите членки на ЕУ, во замена за поголема централизација на власта во рацете на еден владејачки центар со седиште во Брисел, Белгија, а во САД од неодамна се форсира религијата на таканаречената критичка расна теорија, која повикува на масовно линчување на белите луѓе и казнување на белиот човек поради неговата/нејзината боја на кожата и неговото/нејзиното расно потекло.

Во Кина, која себеси се декларира како атеистичка држава, секуларизмот е сериозно загрозен од религијата на комунистичката идеологија која вели дека комунистичката партија знае што е најдобро за луѓето, а чии што релевантност и методи на функционирање никогаш не треба да бидат ставени под знак прашалник.

Твојата поента е излишна бидејќи токму државите кои себеси се декларираат како секуларни и демократски, им даваат релевантност и легитимитет на овие други држави кои немаат ниту с од секуларизам, ниту д од демократија, со тоа што соработуваат со нив и тераат бизниси со истите.

Убаво ако нафтата од Саудиска Арабија им врши работа на богатите и развиените држави кои себеси се декларираат како секуларни и демократски, но колку повеќе тераат бизниси со Саудијците, толку повеќе го засилуваат не само несекуларниот и недемократскиот режим, туку и отворено анти-секуларниот и анти-демократскиот режим во Саудиска Арабија.

Кристално истото важи и за евтините производи извезени од Кина, а произведени од евтина работна сила во речиси крајно нечовечки услови во некои случаи.

Извини, ама лицемерието од секогаш било одлика на богатите и развиените држави, но на никаков начин не им помага во корист ниту на секуларизмот, ниту на демократијата.

Декси, до кога ќе лижете талибански и автократски чмарови? Една вакцина ви била проблем и автократија било што ве терале да се вакцинирате, а сега оправдувате тешки режими и автократии. Вие уствари плачете за чизма и некој да ве гази но не сте свесни.
Ти можеби плачеш за чизма да те згази што е можно посилно и подлабоко, јас од моја страна верувам дека најдобро е да се држам од туѓа чизма и да ги држам моите чизми подалеку од тие кои си ги држат нивните чизми подалеку од мене.

Немам ниту љ од љубов кон талибанците или кон било кои други исламистички фундаменталисти, фанатици и теократи, но верувам дека најдобар лек не за нивните општества, туку за нашето општество, е да се држиме изолирани од нив и да ги држиме нив изолирани од нас.

А ако Авганистанците до толку се неписмени и незаинтересирани за основни човекови и права, тогаш нека си трпат. Ете социјализмот не им чинеше - не дека е добро решение, но барем е секуларно решение кое нуди далеку попристоен и подостоинствен живот во споредба со било кое друго теократско општествено уредување. Иако во пракса и самиот социјализам се форсираше на некој начин како религија, сепак е подобро решение во споредба со исламистичката теократија.

Еве и наводно демократската држава која ја имаа од 2004 до 2021 година, а според Уставот од 2004 година се викаше Исламистичка Република Авганистан, во која официјална државна религија беше исламот, што говори колку секуларна држава беше, барем им нудеше некои основни човекови слободи и права на Авганистанците, ама не се бореа нешто многу за нејзино сочувување. Па дури и социјалистичката држава им издржа неколку години откако Советскиот Сојуз се повлече од таму кон крајот на 1980-те години, додека оваа демократијава им издржа помалку од половина година откако нивните секуларни и демократски ослободители се повлекоа.

Затоа најдобар лек против ваква зараза, или најдобра вакцина, е целосна изолација од ваквите општества, ако не можат да се спасат себеси, залудно е да се обидуваме ние да ги спасиме, притоа ризикувајќи и нас да не заразат, а на крајот сепак да изгубиме.
 
Последно уредено:

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Нема ни да навлезам во кој глупости имаш навлезено. Се ти едноставно без врска и наивно , трагично е. Северна кореа и иран развиваат нуклеарки. Тргуваат со други држави(русија, кина итн). Саудиска арабрија манипулра со нафта.
Венецуела е отидена у ПМ. Едноствна тресеш контрадикторни глупоси и полувистини. Нема ни да навлегувам во другото. Не функционираат твоите работи во вистинскиот свет.
 
Можеби не ти функционираат на тебе, но тие глупости како што ти ги нарекуваш, се реалноста на денешниот свет во кој живееме.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Можеби не ти функционираат на тебе, но тие глупости како што ти ги нарекуваш, се реалноста на денешниот свет во кој живееме.
Можда ако веруваш во хипи марихуана бајки..
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Можда ако веруваш во хипи марихуана бајки..
Хехе, па бајка е токму твојот начин на размислување - погнасниот да изгуби, кога еве токму погнасниот си тера по свое, и тоа не само во Авганистан, туку и на многу други места низ светот.

Еве ти тазе пример за тоа колку погнасниот губи.

Afghanistan: Gunmen attack wedding to stop music being played
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
И што? Ќе чекаш тебе да ти прават проблеми додека дуваш крек?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
И што? Ќе чекаш тебе да ти прават проблеми додека дуваш крек?
Јас ја гледам реалноста таква каква што е, не ми требаат никакви наркотици за да ја согледам.

Ако ти си толку силен, повели оди сам избори се против режимите кои не ти чинат, дали со или без наркотици, одлучи си сам. Ете на Рамбо му успеа против Советите во третиот филм, веројатно ќе ти успее и на тебе, што не значи дека на крајот ќе победиш, но повели обиди се.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Јас ја гледам реалноста таква каква што е, не ми требаат никакви наркотици за да ја согледам.

Ако ти си толку силен, повели оди сам избори се против режимите кои не ти чинат, дали со или без наркотици, одлучи си сам. Ете на Рамбо му успеа против Советите во третиот филм, веројатно ќе ти успее и на тебе, што не значи дека на крајот ќе победиш, но повели обиди се.
Бре со дефлекции многу далеку си стигнал
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Бре со дефлекции многу далеку си стигнал
Е дај не биди сега толку скромен, повеќе од очигледно е дека тоа е твоја област на специјализација, со оглед на фактот дека ти повеќе од мене веруваш дека таму каде што има сила нема правдина, иако праксата го покажува спротивното, еве во случајот со Авганистан како најтазе пример, каде што тие кои покажуваа сила изминативе 20 години, си ги свиткаа опашките и си заминаа со наведнати глави.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
дај не биди сега толку скромен, повеќе од очигледно е дека тоа е твоја област на специјализација, со оглед на фактот дека ти повеќе од мене веруваш дека таму каде што има сила нема правдина, иако праксата го покажува спротивното, еве во случајот со Авганистан како најтазе пример, каде што тие кои покажуваа сила изминативе 20 години, си ги свиткаа опашките и си
Да покажуваа сила уште едно 30тина години немаше да го имаме овој разговор. И убаво да покажуваа сила. Проблемот е краткорочната природа на сите подвизи на капиталистичкото општество. Може да навлегувам во сите свери на военото профитерство, трговија, политика, цени итн главно од американска страна, ама нема.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Да покажуваа сила уште едно 30тина години немаше да го имаме овој разговор. И убаво да покажуваа сила. Проблемот е краткорочната природа на сите подвизи на капиталистичкото општество. Може да навлегувам во сите свери на военото профитерство, трговија, политика, цени итн главно од американска страна, ама нема.
Да покажуваа сила уште едно 30 години, за 30 години од сега ќе велеше "да покажуваа сила уште едно 50 години".

Британците со задоволство фатија џаде од блискиот исток во 1948 година откако не успеаа да ги помират Евреите и муслиманите, во Индија беа присутни речиси 90 години, па си заминаа од таму со наведнати глави, а Индијците не научија ништо од нив, до денешен ден ги практикуваат повеќевековните традиции и верувања наспроти законите кои им беа наметнувани од страна на Британската Империја.

Ги имаш безброј примери за богати и развиени држави кои потчиниле мали народи под своја власт и окупација, па сепак и после повеќе векови не успеале да ги натераат да ги прифатат нивните начини на размислување и верувања.

Па дури и католичката инквизиција со сета поддршка од европските монархии не успеа да ги наметне и да ги исфорсира своите политички, религиски и научни гледишта.

Од поново време го имаш Волстедовиот закон за прохибиција на алкохол во САД во 1920-те години, кој со сета помош и учество на полицијата и вооружените сили, видовме како заврши - со планини на безживотни тела изрешетани од куршуми, законот беше укинат откако Франклин Делано Рузвелт стана претседател на САД во 1933 година, а единствениот профитер од прохибицијата додека траеше, беше мафијата.

Можеш колку сакаш да веруваш дека со сила се` е можно, но праксата го покажува и докажува спротивното. Праксата покажува и докажува на дело дека слободата на избор е дел од човечката природа, која може да биде одземена на одредено време, но не и на неодредено време, порано или подоцна ќе има отпор.
 
Ај сеа прокоментирај ја и другата страна на твоите приказне... не само половината што одговара да ја проследиш твојата наратива
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Ај сеа прокоментирај ја и другата страна на твоите приказне... не само половината што одговара да ја проследиш твојата наратива
Крајниот исход е најважниот дел од целата приказна.

Жалосно е, ама таква е операта, прекрасна, но секогаш завршува со трагичен крај.

А за тоа колку било прекрасно додека траело, имаш материјал колку ти душа сака и за книги и за филмови.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Крајниот исход е најважниот дел од целата приказна.

Жалосно е, ама таква е операта, прекрасна, но секогаш завршува со трагичен крај.

А за тоа колку било прекрасно додека траело, имаш материјал колку ти душа сака и за книги и за филмови.
Пола од краен исход. Ама си мил
 
Kajgana Shop

На врв Bottom