Сатанизам

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
сатанистите се луѓе со ментално пореметување,се гледа по нивниот аутфит,парадите и ширењето на негативна енергија и страв-што е главна одлика на даркерските идеологии и религии
Впрочем,овие ви личат на нормални луѓе? Дали би отишле кај вакви на кафе без да посумњате дека ќе ви стават нешто во кафето? Бидете искрени,хехе
Не се суди за книгата по корицата, да бидеме искрени, хехе
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.459
Кој треба да признае и е авторитет за нештото да биде признато за религија? Правно да е регистрирана некоја организација како сатанистичка?

Од друга страна ете пишуваш за некаков си религиозен систем... Каде е запишан нивниот религиозен систем? Каков систем е тоа ако би постоел? Каква хиерархија имаат, ако ја има?

Кои се верувањата и на која света книга се темелат? На таа книга треба да се темели и самиот систем по некоја логика.
Каде се запишани тие ритуали со жртвување на луѓе? Или тоа самите убијци бидејќи велат сатаната ме натера, ние сега имаме религиозен систем со ритуали, со обожувња итн итн? Толку малку треба за нештото да е религија и систем?
Не се жртвуваат животни во другите религии? Ајде размисли...

Јас те разбирам која ти е целта. Сите убијци се сатанисти, поточно сите сатанисти се убијци. За тоа и ти реплицира @Ipsissimus .... Или бидејќи некој рекол дека е сатанист, христијанин или муслиман - тоа го става во таа категорија, иако на пример тој човек никогаш реално не следел ништо од тоа што го учи религијата/философијата на која тој вели дека припаѓа...

Ете за вакви дијалози е темава тука, а за убиства, масакри и слично барај други подфоруми...
Тука зборуваме за верувањата, од каде, зошто, кога... со споделување крвишта и масакри и наслови од весници „сатанисти ова сатанисти она“... никаде не одиме.
Така прават истите весници и за муслимани и христијани, зависи кој плаќа повеќе за веста ;)
Прво треба да посочиш која е таа официјална сатанска религија и кои се нејзините доктрини и верувања за да знаеме за што може и за што не може да се дискутира. Ако такво нешто нема, како ќе знаеме што е вистински сатанизам а што не е?
Реалноста е дека сатанизмот постои во многу форми, несомнено има сосема ненасилни како припадниците на црквата на Ла Веј но и онакви како Редот на 9-те агли кои планирале да извршат коренити промени во општеството преку масовно насилство. Нејасно е зошто инсистирате дека меѓу сатанистите нема насилни правци кога за тоа има маса докази?

Не е според моја дефиниција, туку според здравиот разум и логика. Зошто да не им веруваме на свештениците антиваксери, дека свештениците ваксери се сатанисти? Зошто да не им веруваме на свештениците кои тврдат дека бадничарските огнови и маскембали се сатанизам?
Ако некој почне да распнува живи луѓе на крст и тврди дека тоа е вистинско христијанство, зошто да не го сметаме за христијанин, кога самиот се декларира како таков?
Здрав разум и логика? Да повторам, има разлика помеѓу нечие именување на некого како припадник на нешто, во случајов твоите примери со разни лица кои нарекуваат некого сатанист и јасни и гласни примери каде што возрасни луѓе самите себе се декларираат како сатанисти, јавно кажуваат дека извршувале ритуали, или истражните органи пронашле јасни докази за нивниот сатанизам. Како што беше случајот неодамна кога во 2019 бил уапсен колумбискиот окултист познат како Ел Сатанико кој употребувал човечки органи при изведба на ритуалите и жртвувал најмалку седум лица иако се смета дека има барем двојно повеќе жртви.
Дали колумбискиот граѓанин Томас Малдонадо Сера е сатанист или не е?

Интересно е да се чуе британскиот актер Кристофер Ли околу сатанизмот (од 01.32 натаму)

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Јас инсистирам само на дискусија од перспектива на духовно/религиозна точка на гледиште, а не дека нема насилници и зло меѓу луѓето и дека не се повикува некој на учење за да наштети на друг.

Не знам која е таа сатанистичка официјална религија. Затоа тебе те прашав бидејќи спомна ритуали, жртви... од каде тоа?
 
AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
731
Поени од реакции
1.669
сатанистите се луѓе со ментално пореметување,се гледа по нивниот аутфит,парадите и ширењето на негативна енергија и страв-што е главна одлика на даркерските идеологии и религии
Впрочем,овие ви личат на нормални луѓе? Дали би отишле кај вакви на кафе без да посумњате дека ќе ви стават нешто во кафето? Бидете искрени,хехе
Какви се само види ги бе.... Нај смеши и најодвратни ми се некој нови млади дечки што се препознаваат во оваа религија/идеологија. Лакирани црни нокти, пентаграм , често им пречат повеќето луѓе во нивна околина. Едно 18 годишно дете што се изјаснуваше како сатанист истиот проба да си ги исече вените:popce:
Друга негова врсничка во некој "witchcraft" филм влезена, освен што се имаше и таа самоповредувано според муабетите со неа дознав дека страдала од депресија и анаксиозност.
Значи "сатанистите " (зборувам за младите) повеќето се психички нестабилни со недоизграден слаб карактер , растени со недоволна родителска грижа. За вакви лекот е стапот само.
На 18 години ке сечел вени мајмунот, ти ебам копиљот си викам иди бркај пички дружи се пијанчи се.:D
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.286
сатанистите се луѓе со ментално пореметување,се гледа по нивниот аутфит,парадите и ширењето на негативна енергија и страв-што е главна одлика на даркерските идеологии и религии
Впрочем,овие ви личат на нормални луѓе? Дали би отишле кај вакви на кафе без да посумњате дека ќе ви стават нешто во кафето? Бидете искрени,хехе
Овие не се сатанисти него изманипулирани луѓе кои го трошат животот на имиџ соодветен за нивно парадирање и претстава пред јавноста...правите антихристи се луѓе на позиции кои одлучуваат и ги водат процесите (јавно и у позадина) и обично се во одела и кравати со лицемерна насмевка на лицето...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.997
Поени од реакции
83.376
Не се онтопик. Ти не знаеш ништо за сатанизмот освен вакви вести што споделваш... Што има врска тоа со темава и подфорумот религија? Ништо.
Расправате дали некој убиец ако кажел дека е јеховин сведок или сатанист - дали тоа било доволно сите сатанисти и јеховини сведоци да бидат убијци :)
Секако дека е он топик.

Јеховин сведок убил некого при пљачка на банка, е едно. Сведок убил некого поради религијата, е друго.

Сатанист убил некого при ритуал, поради своите религиозни убедувања. Тоа е сосема он топик. Исто како што е он топик, во религија, кога некој муслиман ќе убие дузина во име на Алах. Кога некој муслиман ќе убие човек, поради невнимание, поради грабеж и сл., е оф-топик.

Би требало да ги разликуваш.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Секако дека е он топик.

Јеховин сведок убил некого при пљачка на банка, е едно. Сведок убил некого поради религијата, е друго.

Сатанист убил некого при ритуал, поради своите религиозни убедувања. Тоа е сосема он топик. Исто како што е он топик, во религија, кога некој муслиман ќе убие дузина во име на Алах. Кога некој муслиман ќе убие човек, поради невнимание, поради грабеж и сл., е оф-топик.
Те разбирам што зборуваш. Ти не ме разбираш дека само споделување убиства и наслови од весници и понекогаш ќе кажеме „ритуал“, „жртвување“ - не е он-топик.

За сите други религиозни убедувања има свети книги, може човек да разгледа кога некој се повикува на убиства во име на боговите или самото верување - да види дали навистина е така, дали не е... што е философијата и психологијата зад сето тоа... Тука во темата сатанизам? Каде ќе го бараме тоа?
Ете јас не знам, затоа прашувам.... зборувате за ритуали, а никој не кажува од каде се тие ритуали освен што сите од филмовите и од форуми знаеме дека има многу крв и голи жени :)

Никаде никој не споделил информации за сатанизмот како религија, како систем... не знам ниту дали има систем освен овој познатиот Ла-Веј (ако има и тој систем)... сите зборуваат за ритуали и жртвувања (како да тоа да не постои во другите религии) а никој не наведува извори, од каде, кои се авторитетите, ги има, ги нема...
Секој убиец што рекол дека сатаната го натерал на тоа и правел ритуали - ќе ни даде смисла за сатанизмот? Ако е така сатанизмот не го бидува.... оди против волјата на другиот за живот!

Не може да учиме за религиите од најлошите примери. За исламот нема да учиме од оние кои би убиле или убиваат во името на нивниот бог... за христијанството би учеле од оние кои сакаат да истребат се што не е христијанство или...?

Имаше таква тема со религиозни вести, каде се споделуваа само вести (претежно со негативна содржина) ја заклучија бидејќи беше таква - без врска.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
Овие не се сатанисти него изманипулирани луѓе кои го трошат животот на имиџ соодветен за нивно парадирање и претстава пред јавноста...правите антихристи се луѓе на позиции кои одлучуваат и ги водат процесите (јавно и у позадина) и обично се во одела и кравати со лицемерна насмевка на лицето...
Мислев на сатанистите од вториот и третиот ешалон, оние истурени играчи на терен, кои прават демонски паради по градовите и кои се глупираат со нивните аутфити, тие шо се билионери и се кријат у позадина се посебна прикаска....
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
Не се суди за книгата по корицата, да бидеме искрени, хехе
Не зезај Хепта, со рогови на главата, црни качулки, шират немир и страв.... Некои се маскирани како демони, не манипулирај
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Не зезај Хепта, со рогови на главата, црни качулки, шират немир и страв.... Некои се маскирани како демони, не манипулирај
Се плашиш? :)
Оди скрати им го правото да се облекуваат како им е волја, друго што да ти кажам...

Sometimes, this imaginary form of Satanism is referred to as Gothic Satanism. We recommend against this term, because it might be confused with the Goth sub-culture. The latter is a philosophical, musical, cultural group that is not directly related to Satanism.

Менувај во линкот бројчињата за повеќе инфо :)

И еден есеј: Satanism vs. Pseudo-satanism: Disambiguation and argument against conflation from within Satanism as a New Religious Movement
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.459
Јас инсистирам само на дискусија од перспектива на духовно/религиозна точка на гледиште, а не дека нема насилници и зло меѓу луѓето и дека не се повикува некој на учење за да наштети на друг.

Не знам која е таа сатанистичка официјална религија. Затоа тебе те прашав бидејќи спомна ритуали, жртви... од каде тоа?
Ако темата е за сатанската теологија, духовноста и религиозноста (или отсуство на истата колку што забележав за Ла Веј) тогаш во ред, но

Јас не знам која е официјална сатанистичка религија не најмалку затоа што таква и не постои. Членовите во разни сатански здруженија веројатно би ја сметале својата припадност за официјална, главна, единствена меродавна и слично.
Постојат учења кои директно повикуваат на зло, што преку чинење на ритуали чиј дел е убивање луѓе па се до предизвикување на хаос во светот од кој ќе произлезе едно ново општество според убедувањата на некои групации како на пример 9-те агли.

Секако дека е он топик.

Јеховин сведок убил некого при пљачка на банка, е едно. Сведок убил некого поради религијата, е друго.

Сатанист убил некого при ритуал, поради своите религиозни убедувања. Тоа е сосема он топик. Исто како што е он топик, во религија, кога некој муслиман ќе убие дузина во име на Алах. Кога некој муслиман ќе убие човек, поради невнимание, поради грабеж и сл., е оф-топик.

Би требало да ги разликуваш.
Одлично сумирано. Баш ова е она кое поради некои причини, чуварот на храмот на злото и седмокракиот не сакаат да го прифатат како очигледен факт :)

Те разбирам што зборуваш. Ти не ме разбираш дека само споделување убиства и наслови од весници и понекогаш ќе кажеме „ритуал“, „жртвување“ - не е он-топик.

За сите други религиозни убедувања има свети книги, може човек да разгледа кога некој се повикува на убиства во име на боговите или самото верување - да види дали навистина е така, дали не е... што е философијата и психологијата зад сето тоа... Тука во темата сатанизам? Каде ќе го бараме тоа?
Ете јас не знам, затоа прашувам.... зборувате за ритуали, а никој не кажува од каде се тие ритуали освен што сите од филмовите и од форуми знаеме дека има многу крв и голи жени :)

Никаде никој не споделил информации за сатанизмот како религија, како систем... не знам ниту дали има систем освен овој познатиот Ла-Веј (ако има и тој систем)... сите зборуваат за ритуали и жртвувања (како да тоа да не постои во другите религии) а никој не наведува извори, од каде, кои се авторитетите, ги има, ги нема...
Секој убиец што рекол дека сатаната го натерал на тоа и правел ритуали - ќе ни даде смисла за сатанизмот? Ако е така сатанизмот не го бидува.... оди против волјата на другиот за живот!

Не може да учиме за религиите од најлошите примери. За исламот нема да учиме од оние кои би убиле или убиваат во името на нивниот бог... за христијанството би учеле од оние кои сакаат да истребат се што не е христијанство или...?

Имаше таква тема со религиозни вести, каде се споделуваа само вести (претежно со негативна содржина) ја заклучија бидејќи беше таква - без врска.
Како и кај секоја припадност, најважни се делата на нивните поединечни припадници. Како што напомена Берик тука имаме две различни поимања на негативните дела, оние кои немаат врска со припадноста и оние кои имаат.

Не знам зошто имало тема за верски вести и која била целта?

Зошто не би можело да се расправа за делата и постапките на членовите на било која религиозна припадност, позитивни и негативни бидејќи најдобар начин за процена на еден колектив е тоа какви дела чинат неговите припадници. Ако треба да се отвори тема со поинаков наслов која би ги опфатила сите припадници и во која би се дискутирало за делата кои припадниците на било која религија ги чинат во реалноста, позитивни и негативни, тогаш да отворам таква тема.
Затоа што не постои попрецизен начин да се утврди вредноста на одредена група отколку преку гледање на нивните дела и поведенија.

На пример би звучело чудно но христијанскиот морал и инсистирањето на контрола на сексуалниот нагон низ историјата, имајќи предвид технолошките и медицинските услови низ вековите = има спасено буквално милијарди жени (па и нестварен број мажи) од смрт. Имам нешто пишувано накратко во друга тема, но ете има ситуации кои не се толку познати а кои биле од огромна вредност за цивилизацијата.

Се поставува прашање што позитивно имаат направено сатанистите?

Ако не смееме да ги дискутираме делата на луѓето и да даваме вредносен суд (нешто кое го правиме 24/7 ИРЛ) што е поентата?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Расправај за делата и поврзи ги со „учењата“ како што велиш според религиозната припадност, но ти велиш, цитирам: Јас не знам која е официјална сатанистичка религија не најмалку затоа што таква и не постои. Членовите во разни сатански здруженија веројатно би ја сметале својата припадност за официјална, главна, единствена меродавна и слично.

И сега за кај сме? Што дискутираме? Убиства. Всушност ти препишуваш убиства и како сите сатанисти убиваат луѓе и жртвуваат луѓе на сатаната. Јас така те разбирам читајќи ти ги ревносните постови тука за сатанизмот што пишуваш, а реално ништо не знаеш од сето тоа...
Што да дискутираме со тебе? Пак ќе прашам: убиства? :) Оди во друг подфорум, каде што се расправа за убиства, сериски убијци и слично и таму зборувај колку ти е волја за убијците и нивните причини.

Ти не дискутираш. Ти само споделуваш вести од убиства од луѓе кои рекле ние сме сатанисти или поточно, споделуваш вести од весници што напишале.
Тоа не е дискусија. Тоа е типично оцрнување на нешто што како што велиш не ни постои и пострашно: не знаеш ништо за сето тоа...
Што, ревносен христијанин си па сега сатанизмот е големата препрека за да сите бидат „во крилото на христијанскиот бог“?

Сатанизмот е директен нуспроизвод од аврамските религии, ако мене ме прашуваш. Бидејќи тој симбол таму наоѓа плодна почва за да се развие во нешто гротескно, одбивно, злобно, неприродно!
 
Како тоа не дискутирам кога еве веќе неколку страни дискутираме? Линковите со делата на одредени сатанисти се можеби 2% од моето пишување на темава и тие се само за да се поткрепи мојата теза за сатанизмот како најопасна модерна припадност пер капита.
Сатанизмот е фасцинантен од неколку причини, симблизира неколку состојби кои ги носи новото време иако се работи за стара идеологија, но за тоа понатаму, во друга тема.
Нема потреба од друг подфорум бидејќи ќе дебатираме за делата на припадниците на сите религиозни движења во светот, без разлика дали тоа се позитивни или негативни.
Ако лично не сакаш или не дозволуваш да се оди во тој правец поради лични причини кои немаат допирна точка со он-топик ситуацијата на подфорумов, тогаш во ред, кажи да знаеме и да одиме на друг подфорум поради вистинските причини.

Па нормално дека сатанизмот се развил контра аврамски религии. Има луѓе кои сакаат да чинат зло за да постигнат одредена цел. Бидувајќи зли но во никој случај глупи, тие сакаат ритуал, нешто кое ќе ги приближи до архетипот на злото, до инкарнацијата на универзалното зло = сатаната, луцифер, принцот на темнината, олд ник или било како да го наречеме. Нешто со кое ќе се уштекаат во мрежата на злото. Не случајно го избрале тоа, како што неслучајно нивните ритуали се само первертирани варијации на оние кај аврамските религии.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom