Кој треба да признае и е авторитет за нештото да биде признато за религија? Правно да е регистрирана некоја организација како сатанистичка?
Од друга страна ете пишуваш за некаков си религиозен систем... Каде е запишан нивниот религиозен систем? Каков систем е тоа ако би постоел? Каква хиерархија имаат, ако ја има?
Кои се верувањата и на која света книга се темелат? На таа книга треба да се темели и самиот систем по некоја логика.
Каде се запишани тие ритуали со жртвување на луѓе? Или тоа самите убијци бидејќи велат сатаната ме натера, ние сега имаме религиозен систем со ритуали, со обожувња итн итн? Толку малку треба за нештото да е религија и систем?
Не се жртвуваат животни во другите религии? Ајде размисли...
Јас те разбирам која ти е целта. Сите убијци се сатанисти, поточно сите сатанисти се убијци. За тоа и ти реплицира
@Ipsissimus .... Или бидејќи некој рекол дека е сатанист, христијанин или муслиман - тоа го става во таа категорија, иако на пример тој човек никогаш реално не следел ништо од тоа што го учи религијата/философијата на која тој вели дека припаѓа...
Ете за вакви дијалози е темава тука, а за убиства, масакри и слично барај други подфоруми...
Тука зборуваме за верувањата, од каде, зошто, кога... со споделување крвишта и масакри и наслови од весници „сатанисти ова сатанисти она“... никаде не одиме.
Така прават истите весници и за муслимани и христијани, зависи кој плаќа повеќе за веста