Јамајко бе аман ме умре...
Јас секогаш сум сакала и сум трчала по машки што ако биле со мене биле паралелно и со 10 други, што не се јавувале со месеци додека јас тагував и одев по гатачки да ја заклучам нашата љубов со катанец и олово стопено во вода со која требало да го испрскам.
Без лажна скромност, додворувачи сум имала многу. Само за еден ќе коментирам, зошто со него поминав години. Знаев дека е заљубен во мене, се дружевме и толку многу се зближивме што ич не се делевме. Јас го гледав како најдобар другар, тој само за да биде со мене тераше другарство. Толку многу беше добар што кога ќе дојдеше кај мене и ме начекаше да чистам одма ја земаше правосмукалката дај дај јас ќе ти помогнам, па мети рибај кутриот, па кучето ми го шеташе, одеше до продавница, ми фрлаше ѓубре и искрено грдо од моја страна ама го злоупотребував и користев. Не во смисла за пари, зошто невработен беше и јас купував т.е јас пари му давав да купува за нас јадења, сокови ова она, плаќав пијачки по кафани, него онака ќе цивкаше кучето за надвор и јас порака или титка само и одма на врата тој. Ќе ми се пријадеше милка, со трчање до продавница. И тотално како принцеза си живеев. Глупо е сега вака кога ќе се сетам навистина.
Сите тежнееме да имаме маж што ќе не сакал, почитувал, ќе помагал, да имало рамноправност, како капка роса да не држел, да не разбирал, ценел бла бла а таков кога ќе се појави се дешава ова што го пишав малце погоре.
Чудна работа.
Комплицирано е и ако навлегуваме малку подлабоко ваљда добрината и тоа што се трудат да угодат се, тие дечки ги прави да ги гледаме ко помалце мажествени и привлечни, па оние лошите ги идеализираме, па она без врска мислење дека ќе смениш некого ако е со тебе, а со добринчево нема пеперутки, нема предизвик, нема борба, акција, се на тацна ти е сервирано и досадно е, монотоно, не знам.
Ова 90 посто од жените го доживуваат немој да ме каменувате сега.