Ако ти е добра геометријата и bike-fitot, многу ама многу покомотен е друмскиот. Посебно со 28мм ширина на гуми ако вози... Мене долгите тури со МТБ не ми се толку пријатни на нозете.
Идеален е МТБ да се качиш на планина и всушност пола од рутата да ти е качување, а пола спуст.
Сум возел долги тури со роуд и мтб, и со сигурност можам да ти кажам дека е поудобно на мтб.
(Scott Speedster со 23-ки / Merida Big Nine со 56-ки)
Роудовите се главно дизајнирани за брзина. Комфор и се останато не е приоритет. 90% од времето си во иста позиција, која ја менуваш само кога ќе почнат да ти трнат рацете. Исклучок кај нив е "Endurance" геометријата кај која главна разлика е тоа што воланот е значително повисок од земјата во споредба со другите типови. Кај роудовите телото е тоа што претежно ги апсорбира вибрациите од патот, и тоа троши енергија - те изморува.
Додека кај Мтб поголемиот дел од тежината паѓа на газот, кој е посбособен да држи тежина за подолг период во споредба со рацете и кичмата. 99% од точаците имаат комфорна геометрија, и додека не се дизајнирани за долги тури, многу се поспособни истите да ги комплетираат без голем замор кај возачот. Имаш поголеми и пошироки гуми кои иако те успоруваат и бараат поголема сила
за да оддржуваш поголема просечна брзина, ширината кај истите е совршена за апсорбирање на вибрации во споредба со "тенкоминците".
Oва ти го кажува човек со искуство, што има поминато
18 саати и
248км на мтб, и
21 саат и
400км на роуд.
Можам со сигурност да ти кажам дека поудобно ми беше на мтб.