Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.619
- Поени од реакции
- 59.432
Го изгледав Dune, му дадов 7/10 и еве сега конечно да пишам нешто.
Од визуелен, звучен, дизајнерски/креативен аспект филмот е топ, и тоа се очекуваше. Никој не е изненаден од тоа. Од аспект на приказната добро е што ја скратиле и оставиле простор за наредни филмови, затоа што тоа што го стутка Линч во 2 саати е нешто неверојатно Огромна приказна е, и според мене подобро ќе беше да снимеа серија отколку филм.
Тоа што го имам против не е толку критика кон филмов колку што е критика кон сите нови филмови од овој тип.
Прво, не даваат простор од 20-30 минути за да разбереме кој е кој. Да се запознаеме со ликовите и со нивната природа. Да се запознаеме со двете фамилии и со главните јунаци. Која е нивната приказна, кои се нивните вредности? Филмот се прави со премиса дека гледачот веќе ги има прочитано книгите или го има гледано оригиналот, се му е јасно и одиме... затоа @Shawn Spencer е збунет, не му е јасно и бара одговори. Додека го гледав филмов исто и јас се прашував како ова би го доживеал некој кој дошол да го гледа без предходно да си ја одработи домашната.
Да беше овој филм правен пред 20-на години најверојатно ќе започнеше со малиот Пол. Ќе ни доловеше зошто Пол е посебен, ќе ни покажеше како расте и се развива и како станува млад и силен карактер подготвен да го наследи татко му. Ова го мислам затоа што целиот Dune универзум се врти околу Пол Муад'диб (име кое го сменија изгледа). Пол е младиот месија кој ќе го покори универзумот. Ние како публика треба да го запознаеме Пол и да го засакаме Пол. Тешко дека тоа може да се случи со фаст-форвард сценарија.
Но ете да речеме дека не е едноставно да се одвои толку простор, во ред. Следниот проблем се дијалозите, кои скоро и да ги нема. Заменети се со многу музика и звучни ефекти во позадина. Фали тој Game of Thrones дијалог од првите сезони, кои те тераат да ги засакаш и ликовите и приказната. Премалку текст има филмот, се до половина се чувствував како во аудио-визуелна разгледница, а работите си ги поврзував затоа што ми е познато што ќе се случи и знам кој е кој.
И на крајот, една работа со која до сега сум немал толку проблем, бидејќи одлично зборувам англиски: половина од дијалозите не ги разбрав. Актерите немаат никаква дикција, не зборуваат чисто. Ова најмногу за Пол и мајка му, и некои од Фремен луѓето на крајот. Забележав една сцена во која Пол носи маска во пустината и зборува многу почисто отколку во остатокот од филмот. Најверојатно таа му е voice over сцена.
Тоа ми се импресиите од филмов. Не жалам за потрошеното време и секако филмов е далеку подобар од оригиналот. Сакав да ми се допадне повеќе, но се уште сметам дека приказната можеше да биде раскажана подобро.