Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.305
Поени од реакции
79.003
којзнае фајзер колку го платиле да дава вакви изјави
Еве ја зимата. Ќе видиме. Може лаже.
Може магично нема да дојде тука, ова што сега е во Бугарија, Србија...
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Е па во Германија нов бран (четврт), а имаат намален број на кревети за 15% оти немаат медицински сестри. Им давале откази на медицински сестри, ваљда оти не сакаат да се вакцинираат. Ова ти е да си пукаш во нога :D

Во моментов, 22.207 кревети за интензивна нега се пријавени како оперативни, а на почетокот на годината имало 26.475. Според ДИВИ, изминатите неколку месеци довеле до влошување на расположението и до дополнителни откази на редовно вработени медицински сестри.

Znaci idioti sestri i idioti doktori.. pa ja da bev doktor/med.brat pa prelabavo ke si go falsifikuvav sertifikatot, odnosno ke si stavev doza u spricot, ke go istresev na nekoi plocki i fino lepo u vakcinalniot karton ke si pisev vakciniran.. sto tolku se plasat jebem li im mater.. kako ne bev nekoe medicinsko lice be, pari ke pravev so ova, ke mi doagjaa lica sto ne sakaat da se vakciniraat, abe za iljadarce ke gi "vakcinirav", ne za 200e.. e do tolku sum dobrodusen :D
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Има логика, нели?
Нема ни грам логика во Ковид про-ваксерската логика!

Тешко се прават чисти компарации меѓу две држави поради различниот социјален стандард, култура, мерки, рестрикции, стапка на имунизација, вид на вакцина која се аплицира, време кога започнало аплицирањето, старосна структура, густина на население, општа здравствена состојба, надворешни фактори, услови во болници, кадри во болници...

Ние правиме слепи компарации и тераме наратив кој ни одговара и истиот си го тераме, иако не секогаш ги занемаруваме фактите. Фактите се:
- вакцината нема да ја намали трансмисијата;
- вакцинираниот може да се разбиле;
-вакцинираниот може да почине од Ковид;
-вакцинирани от може да развие тешка клиничка слика
- оваа вакцина нема да стави крај на пандемијата поради ниската ефикасност и поради мутациите кои ни следуваат.
- и вакциниран може да немаш антитела
Од друга страна вакцината:
- Ја намалува шансата за хоспитализација
-Ја намалува шансата за смртен исход.

Ковидот е фатален за старата популација, која е пожелно да се вакцинира. Нема што да изгуби.

Лично, иако ме гледаат како лош антиваксер, не сум. Да бев хронично болен, досега ќе бев вакциниран. Да имав над 50 год, досега ќе бев вакциниран. Оваа вакцина е лично добро и како такво ќе мора да се перцепира. Нема допирна точка со колективното. Стапката на смртност и на хоспитализација, кај мојата генерација е промил. Статистичка грешка. Умираат 2 во 10.000!

Нека направат асална вакцина и ќе размислам дали ќе се вакцинирам. Не планирам да се фиксам, поради политички аспирации, на секои 5-6 месеци.

Додека има ретардирани мерки, политики, рестрикции и притисоци, ќе се вртам околу оваа тема, чисто како реторички баланс, секако кога не ги тролам троловите кои апстинираат на оваа тема. Нека исчезнат истите надворешни ретардирани притисоци, ќе испари и мојот интерес општо за Ковидот.

Наративот на проваксерите кои го оквалификува и се потсмева со секој обид за дебата на спротивната страна како теорија на заговор, ќе наиде на тролање, независно од пристапот на модераторите и вас админите, кои досега бевте фер.

Да, и глупави ми се сите теории на заговор кои се вртат околу вакцините. Генерално се безбедни. Реална потреба не гледам младите да се вакцинираат, но со ништо никој не ги спречува. Интересот за вакцина, овие денови, е мртов. Пар стотина граѓани кои се желни да се болнат. Нема ни голем интерес за бустер со експерименталната Фајзер.

И мора да сопре политизирањето во овој процес! Нема потреба. Знам дека режимот го интересира мојот глас и секоја дополнителна мерка е израз на чисто лицемерие. Мерките се надворешен диктат, ама ако сакаат да бидат проститутки, нека не ме замараат на врата и ќе си добијат ваков изборен резултат каде во 1 часот по полноќ, препотени, ќе излезат да релативизираат и да даваат надеж, вера и љубов кон своето гласачко тело за подобро утре, но само во резултатска смисла. Плодовите од тие резултати ќе бидат чепкање на пар проекти и промовирање на старо-новите идеи, стари 4 години, и сега и за 4 години од сега!

Прогласувањето крај на пандемијата е политичка одлука, така и во моментот кога ќе се стави официјален крај, повторно ќе има заболени и починати од Ковид. Ама и дефиницијата за "вакцина" и општата состојба за прогласување пандемија експресно се променети.

Плодовите од мерките и рестрикциите сите наскоро ќе ги осетиме. САД пумпаат трилиони, ние 100ци милиони евра, пари кои ги немаме. Ако САД ја зафати економска криза, истата ќе се прелее и на Европа и на европскиот пазар. Енергетската криза е само почеток на страдањето. Следува ценовен шок.

За мерките- чисто политички реакции колку да му наштетат на бизнис секторот, ја рушат бизнис климата и не даваат ефект во справување со пандемијата. Комисијата е политизирана, да имаше експерти во истата досега или ќе си поднесоа оставки (затоа што се предмет на критики и со ваквиот однос само се бламираат) или ќе дадоа конструкции мислења и забелешки за придонес кон уплажување на оваа пандемија. Поради нив и оние над нив сме на врвот на смртност во Европа, топ три во светот.

И да, има пари во буџетот за политичка пропаганда и делење политички реквизити, но нема за реновирање на постоечките руинирани болници! И јас да бев доктор ќе си отидев од оваа држава.

Да не речеш дека само те напаѓам. :D
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.198
Поени од реакции
21.348
Колешка на работа штотуку излезе од карантин. Помина тешка фаза на ковид, со висока температура. Имаше две вакцини примено Астра зеника претходно.

И ни две ни три, "удри" по друга колешка што не е вакцинирана. Од сите колеги на работа, таа што била невакцинирана била крива, пошто испадна исто позитивна, а нема ама баш никакви симптоми.

Мислам, .. веруваш во вакцина, кој може а и не мора да те заштити и сееш дискриминација врз луѓе на кои ќе им оставиш трајна дамка.

Јас не сум анти ваксер, ама ваквите што се крстат во вакцината, стварно нека си закажат на психолог.
Ете нека биде тој еден случај како пример како што е нормала. Нели така испаѓа? Оти ако гледаме сите случаеви сумирано ова што го кажуваш е повеќе исклучок него нормала. Ама да, може да има вакци ситуации.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.305
Поени од реакции
79.003
Земјите со послаба вакцинација, моментално го пијат јако.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Земјите со послаба вакцинација, моментално го пијат јако.
Како државите во Африка кои, дел, имаат пар проценти имунизирано? Или наративот е САД-Ј.Америја-Европа!

Кога има бран(ови) во државите со релативно висока имунизација (САД со 66%) аргументите се или нов агресивен вирус или сега немало мерки! Затоа напишав и пасус за различното толкување, интерпретирање и злоупотреба на фактичката состојба, наративот, статистиките и сл.

Ако сакаш да немаш бранови, потребен ти е висок и редовен процент на имунизација меѓу старата популација и хронично болните, што кај нас (за старата) е околу 70%! Во Германија е нешто повисока.

Факт е дека оваа вакцина дава каква-таква и привремена заштита, антителата по извесен период драстично опаѓаат и потоа џабе ти е таа самата вакцина. Факт е и дека сите, кои не сме се разболеле, ќе се разболеме.
 
Член од
16 октомври 2021
Мислења
357
Поени од реакции
708
Znaci idioti sestri i idioti doktori.. pa ja da bev doktor/med.brat pa prelabavo ke si go falsifikuvav sertifikatot, odnosno ke si stavev doza u spricot, ke go istresev na nekoi plocki i fino lepo u vakcinalniot karton ke si pisev vakciniran.. sto tolku se plasat jebem li im mater.. kako ne bev nekoe medicinsko lice be, pari ke pravev so ova, ke mi doagjaa lica sto ne sakaat da se vakciniraat, abe za iljadarce ke gi "vakcinirav", ne za 200e.. e do tolku sum dobrodusen :D
Спремен сум да лупнам 500 евра на некој што ќе ме внесе во системот на здравство со две дози само за да имам сертификат.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Стварно, ниеден "научник" не го објасни феноменот Африка. Неколку % вакцинирани, а многу малку смртни случаи.
Или да објасни како е таму на пример за во трговски, ресторани или хотели, дали ги уценуваат со сертификати, вакцини и маски.
Нешто мукла за овој континент.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.137
Поени од реакции
10.494

Не треба да си научник за да знаеш дека луѓето во Африка немаат пристап до лекар и задрвствена установа, ко луѓето во Европа и луѓето на запад на пример. Значи:

1. Недостаток на болници на прво место, кога ќе се исполнат капацитетите, едноставно нема каде да се примаат пациенти. Луѓето треба да патуваат многу за да дојдат до болница. Со самото тоа има и помал контакт со заразени лица.

2. Понатаму, лимитирано тестирање. Се претпоставува дека голем е бројот на такви кои не се вклучени во официјалната статистика, а го загубиле животот од сарс-ков-2.

3. Демографија, Африка има претежно младо население. Средна возраст таму е 18 години, а не 30-40.
Пример, Уганда (просек 16 години, само 2% од населението е постаро од 65 години), Канада (просек 41 година, 20% од населението е постаро од 65 години). Исклучок од сето ова е Јужна Африка, која во поголема мера беше погодена од пандемијата, но таму имаме и повосока просечна возраст на населението.

4. Не знам, ете и повисоката стапка на витамин Д може да игра улога и се спомнува како заштитен фактор.

5. На запад и Европа, фокусот е на хроничните болести и малигните болести, додека во Африка, фокусот е на инфективни болести. Искуството со другите епидемии си го прави своето. Нив не му се од вчера мерките за дистанца.

6. Некои спомнуваат и евентуален имунитет, од претходно циркулирање на вирусот.

Мислам дека треба да се направи компарација за стапката на заразени, но тука да се земе во предвид и бројот на направени тестови, па и демографијата како фактор и тек дури тогаш да се прават компарации со другите земји. Во Африка луѓето многу повеќе страдаат од економските последици од пандемијата, отколку од самата болест.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.765
Поени од реакции
9.559
Мислам дека времето пројде и сега треба на сите тие што имаат сертификат за вакцинација, постара од 6 месеци, да не им важи повеќе. да им е забранет влез за патување, влез во молови и тако даље....А и оваа мерка ќе дојде....светов има намера секое живо створење да биде боцнато..нема бегање.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Индија
Се сеќавате какви траорни фотографии пристигнуваа од таму пред 5-6 месеци?

Во Индија се аплицирани веќе над една милијарда вакцини. Со што сепак вкупната стапка на целосно вакцинирано население е сеуште мала, односно 22% (52% со една доза, 22% со две дози).

Индија ги употребува Astra Zeneca, Sinovac и Sputnik V
Индија е првата земја во светот која ја има лиценцата за новиот лек против Ковид, тоест Molnupiravir.
Најважното, ЦЕНАТА во Индија за овој лек изнесува САМО 18$, додека производителот MERCK понуди цена од 700$
40 пати поскапо! Кој вели дека не гледаме повторно БИЗНИС!? Значи дефинитивно, сепак профитерството е НАД здравјето. За жал.

Сега Индија дневно бележи САМО околу 8-10 новозаразени на милион жители и околу 0,2-0,5 починати на милион жители.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Не треба да си научник за да знаеш дека луѓето во Африка немаат пристап до лекар и задрвствена установа, ко луѓето во Европа и луѓето на запад на пример. Значи:

1. Недостаток на болници на прво место, кога ќе се исполнат капацитетите, едноставно нема каде да се примаат пациенти. Луѓето треба да патуваат многу за да дојдат до болница. Со самото тоа има и помал контакт со заразени лица.

2. Понатаму, лимитирано тестирање. Се претпоставува дека голем е бројот на такви кои не се вклучени во официјалната статистика, а го загубиле животот од сарс-ков-2.

3. Демографија, Африка има претежно младо население. Средна возраст таму е 18 години, а не 30-40.
Пример, Уганда (просек 16 години, само 2% од населението е постаро од 65 години), Канада (просек 41 година, 20% од населението е постаро од 65 години). Исклучок од сето ова е Јужна Африка, која во поголема мера беше погодена од пандемијата, но таму имаме и повосока просечна возраст на населението.

4. Не знам, ете и повисоката стапка на витамин Д може да игра улога и се спомнува како заштитен фактор.

5. На запад и Европа, фокусот е на хроничните болести и малигните болести, додека во Африка, фокусот е на инфективни болести. Искуството со другите епидемии си го прави своето. Нив не му се од вчера мерките за дистанца.

6. Некои спомнуваат и евентуален имунитет, од претходно циркулирање на вирусот.

Мислам дека треба да се направи компарација за стапката на заразени, но тука да се земе во предвид и бројот на направени тестови, па и демографијата како фактор и тек дури тогаш да се прават компарации со другите земји. Во Африка луѓето многу повеќе страдаат од економските последици од пандемијата, отколку од самата болест.
Аргументите ти се некоја твоја перцепција на гледање на нештата. :vrtioci:

Можеме да започнеме од болниците, кои не беа пресуден фактор во пандемијата со еболата која удри на Африка. Дали тоа значи дека во Африка, просечните држави, имаат далеку подобри болнички услови и кадар од нашиот? Ние сме 3та држава во светот по смртност по глава на жител! Исти или слични болнички услови, како Афричките, имаш и во Ј.Америка, латинска Америка и во Азија! Тие имаат далеку полоши резултати.

Потоа витаминот Д ( во Африка нема само жежок топлински појас, туку и умерен), каде во Европа најпогоден беше медитеранот! Ние, имаме околу 200 сончеви денови на годишно ниво. Како ни помогнаа?

Имунитетот! Во Европа, имунитетот е потпомогнат и со вакцината (да ја земеме за пример Турција за која добивавме редовни брифинзи за стапката на имунизација во оваа тема, а сега се соочува со нов голем бран), во Европа оваа логика не важи, но во Африка важи! Притоа имаат природен со низок процент на смртност низ целата пандемија, ова не е само периодично. Сепак бранот, кој ги зафати дел, од државите од Европа, не го зафати и целиот свет. Така кај нас бројката паѓа, а во Турција, Бугарија, Србија и Романија е во раст!

За другите статистики може да се направи компарација за смртноста со претходните години и оваа. Може да има позначителна разлика, не сум видел затоа што не ме интересирала, но во Европа таа разлика е евидентна, посебно кај нас! Преку 20%!

Нашата средна возраст е 35! Тука имаш солиден аргумент. Значи се сведуваме на тоа дека оваа пандемија е за старите, што се зборува од самиот старт, а вие го релативизиравте. При речиси идентична трансмисија меѓу вакцинирани и невакцинирани, со вакцина со ефикасност од 8%, апсурдно е да се зборува за мерки и рестрикции (посебно насочени кон младите) и условување за уживање на уставно загарантирани права само и само ако се прими вакцината!

За економските последици од оваа пандемија убава дебата имав со еден член од Австралија (Кано, или како и да е потпишан). Ние страдавме, и сеуште страдаме од пандемијата, а наскоро ќе ги осетиме и економските последици поради лошото управување со економските политики и лошото имплементирање на економските задачи на самата влада. Само се надевам дека не ни следува и политичка криза.

Вештачки се пумпааа(т) пари во нашата економија, претпријатијата трпеа огромни штети, дел пропаднаа, невработеноста порасна, долгот се зголеми. Тоа значи помалку буџетски приливи (без задолжувања), а повеќе буџетски одливи.

пи.ес. Логика може да се бара во коморбидитетите и во старосната структура.
пи.ес.ес. Winter is coming.

Дап. :sleep:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Не треба да си научник за да знаеш дека луѓето во Африка немаат пристап до лекар и задрвствена установа, ко луѓето во Европа и луѓето на запад на пример. Значи:

1. Недостаток на болници на прво место, кога ќе се исполнат капацитетите, едноставно нема каде да се примаат пациенти. Луѓето треба да патуваат многу за да дојдат до болница. Со самото тоа има и помал контакт со заразени лица.

2. Понатаму, лимитирано тестирање. Се претпоставува дека голем е бројот на такви кои не се вклучени во официјалната статистика, а го загубиле животот од сарс-ков-2.

3. Демографија, Африка има претежно младо население. Средна возраст таму е 18 години, а не 30-40.
Пример, Уганда (просек 16 години, само 2% од населението е постаро од 65 години), Канада (просек 41 година, 20% од населението е постаро од 65 години). Исклучок од сето ова е Јужна Африка, која во поголема мера беше погодена од пандемијата, но таму имаме и повосока просечна возраст на населението.

4. Не знам, ете и повисоката стапка на витамин Д може да игра улога и се спомнува како заштитен фактор.

5. На запад и Европа, фокусот е на хроничните болести и малигните болести, додека во Африка, фокусот е на инфективни болести. Искуството со другите епидемии си го прави своето. Нив не му се од вчера мерките за дистанца.

6. Некои спомнуваат и евентуален имунитет, од претходно циркулирање на вирусот.

Мислам дека треба да се направи компарација за стапката на заразени, но тука да се земе во предвид и бројот на направени тестови, па и демографијата како фактор и тек дури тогаш да се прават компарации со другите земји. Во Африка луѓето многу повеќе страдаат од економските последици од пандемијата, отколку од самата болест.
Имаш многу контрадикторности во некои од точките. Dumbledore ги опфати најголем дел.
Автоматски споено мислење:

Еве некои информации во врска со урбанизацијата.
С Америка е најурбанизирана, 82%. Африка 43%, тоа се 600 милиони народ живее во урбани места. Европа 75%, 560 милиони живеат во урбани места. Каде е понабутано и каде немаше дистанца, маски и што се не, енигма.

Друга работа, дали ако се прават помалку или ич тестови, значи дека нема заболени од ковид? Ако починат, починале од непозната болест. Дали во тој случај и во Европа може да се иде со таа логика? Нема тестови, нема мртви и болни од ковид него од сосем други болести и од старост.
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.137
Поени од реакции
10.494
Дали тоа значи дека во Африка, просечните држави, имаат далеку подобри болнички услови и кадар од нашиот? Ние сме 3та држава во светот по смртност по глава на жител! Исти или слични болнички услови, како Афричките, имаш и во Ј.Америка, латинска Америка и во Азија! Тие имаат далеку полоши резултати.
Појаснив што тоа значи - дека луѓето немаат пристап до болница и доктор, како луѓето на запад и со самото тоа, мал е бројот на починати или инфицирани кои влегуваат во дневната статистика на државата. Македонија, мудро ќе ја одбегнам затоа што е меч со две острици во ваквата дискусија и мислам дека што и да кажам ќе биде изрелативизарано од твоја страна. Јужна и Латинска Америка, сè разбира, како и Азија, но пак треба да се земат во предвид и други фактори за да правиме компарација. Бројот на направени тестови, пр. (Од рака ќе ги лупнам бројките) Ако во Африка се направени само 2000 тестови денес и од нив 1500 искочат позитивни, а во Јужна Америка 7000 тестови и 6000 искочат позитивни, тоа не значи дека состојбата со пандемијата во Јужна Америка е полоша. Бројката треба да биде изедначена или барем приближно еднаква за да правиме споредби.

Потоа витаминот Д ( во Африка нема само жежок топлински појас, туку и умерен), каде во Европа најпогоден беше медитеранот! Ние, имаме околу 200 сончеви денови на годишно ниво. Како ни помогнаа?
Искрено, вит. Д и не е толку силен аргумент за дискусија кога се во прашање Африканците од причина што меланинот влијае на синтезата на вит. Д, па кај нив процентуално гледано има повеќе дефицит на истиот. Го спомнав заради фактот што многу од нив живеат на отворено небо.

Имунитетот! Во Европа, имунитетот е потпомогнат и со вакцината (да ја земеме за пример Турција за која добивавме редовни брифинзи за стапката на имунизација во оваа тема, а сега се соочува со нов голем бран), во Европа оваа логика не важи, но во Африка важи! Притоа имаат природен со низок процент на смртност низ целата пандемија, ова не е само периодично. Сепак бранот, кој ги зафати дел, од државите од Европа, не го зафати и целиот свет. Така кај нас бројката паѓа, а во Турција, Бугарија, Србија и Романија е во раст!
Факт е дека имунитетот на Африканците е повеќе извежбан кога се во прашање заразни болести.
Можеби влијание некакво има и профилаксата за маларија која ја примаат (извесно време се форсираше и тезата дека антималарици може да ја олеснат болеста). И други антипаразитски лекови примаат (еве ти си тој кој беше за ивермектинот!).

Кај нас бројката сега е пониска (изборите не зборевте дека може да имаат улога?), но сигурна сум дека нема да бидеме изоставени од следниот бран кој ги зафати Романија, Бугарија, Турција.

За другите статистики може да се направи компарација за смртноста со претходните години и оваа. Може да има позначителна разлика, не сум видел затоа што не ме интересирала, но во Европа таа разлика е евидентна, посебно кај нас! Преку 20%!
Затоа што во Европа статистика се води според протоколи и луѓето најчесто умираат од хронични болести, а во Африка народот умира од глад првенствено, а после од инфективни болести. Хроничните болести како хипертензија, дијабет, метаболен синдром, дебелина, ги нема, а со тоа нема коморбидитети како главен ризик фактор за Ковид19. Пушење? Физичка неактивност? Помал степен на образование, помало ниво на стрес!

Нашата средна возраст е 35! Тука имаш солиден аргумент. Значи се сведуваме на тоа дека оваа пандемија е за старите, што се зборува од самиот старт, а вие го релативизиравте. При речиси идентична трансмисија меѓу вакцинирани и невакцинирани, со вакцина со ефикасност од 8%, апсурдно е да се зборува за мерки и рестрикции (посебно насочени кон младите) и условување за уживање на уставно загарантирани права само и само ако се прими вакцината!
За старите или младите, недозволиво е во 21 - ви век, при достапност на вакцинација со која се спасуваат огромен број животи да имаш толку висока стапка смртност како во Македонија.
Автоматски споено мислење:

Друга работа, дали ако се прават помалку или ич тестови, значи дека нема заболени од ковид? Ако починат, починале од непозната болест. Дали во тој случај и во Европа може да се иде со таа логика? Нема тестови, нема мртви и болни од ковид него од сосем други болести и од старост.
Не, туку нема тестови, нема логика да збориме дека нема корона!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom