- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.975
- Поени од реакции
- 6.459
Има повеќе групи со јасно дефинирана идеологија како примерот со 9-те агли. Но и тоа не е важно затоа што сатанист е секој оној кој за таков се кажува. Не постои друг начин за да се утврди кој е сатанист освен самодекларирањето.Без дефинирана идеологија, се и сешто може да биде сатанизам за различни луѓе. За фундаменталните верници и атеистите се сатанисти на пример.
Примерите кои ги посочуваш се од луѓе што се или пореметени ментално, или од психопати што бараат внимание па им треба ефикасна етикета што ќе сее страв и ужас.
Инаку да те потсетам дека пред само 5-6 века, официјалната католичка црква користеше справи со кои мачеше луѓе до смрт, и тоа ужасна смрт. Огромен спектар на жртвувања - откорнување екстремитети, давење, спалување на клада итн, итн.
Темава е за сатанизам и во неа постирам дејанија на лица кои се декларираат како сатанисти.
Пак ќе споменам пер капита, ниту најцрните денови на лов на вештерки не можат да се споредат со сатанистичката жед за крв и зло, па да имаа сатанисти толкави бројки на припадници немаше да може да се помине низ улица од лешеви.
Неодамна часната сестра која била жртвувана од страна на три тинејџерки во сатанистички ритуал е прогласена за маченица на верата.