Сатанизам

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.459
Без дефинирана идеологија, се и сешто може да биде сатанизам за различни луѓе. За фундаменталните верници и атеистите се сатанисти на пример.
Примерите кои ги посочуваш се од луѓе што се или пореметени ментално, или од психопати што бараат внимание па им треба ефикасна етикета што ќе сее страв и ужас.
Инаку да те потсетам дека пред само 5-6 века, официјалната католичка црква користеше справи со кои мачеше луѓе до смрт, и тоа ужасна смрт. Огромен спектар на жртвувања - откорнување екстремитети, давење, спалување на клада итн, итн.
Има повеќе групи со јасно дефинирана идеологија како примерот со 9-те агли. Но и тоа не е важно затоа што сатанист е секој оној кој за таков се кажува. Не постои друг начин за да се утврди кој е сатанист освен самодекларирањето.

Темава е за сатанизам и во неа постирам дејанија на лица кои се декларираат како сатанисти.
Пак ќе споменам пер капита, ниту најцрните денови на лов на вештерки не можат да се споредат со сатанистичката жед за крв и зло, па да имаа сатанисти толкави бројки на припадници немаше да може да се помине низ улица од лешеви.

Неодамна часната сестра која била жртвувана од страна на три тинејџерки во сатанистички ритуал е прогласена за маченица на верата.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

А како болдов неважи за вас? За православните, католиците не се христијани иако така се декларираат, ни протестантите не се христијани, иако така се декларираат, ни методистите не се христијани, иако така се декларираат. Истото важи и за останатите, за протестантите, православните не се христијани иако.... Можам вака до утре.
Двојни стандарди?
 
Темава е за сатанизам и сатанисти, за други припадности може да се муабети на соодветни теми.
Ако не е самодекларирањето тогаш кој би бил универзално прифатен начин за да се утврди кој е сатанист а кој не е?
Зошто да не им веруваме на лицата кои се декларирале како такви? Затоа што извршиле злочини во име на сатаната? Не оди тоа така. Колку што некој кој никогаш не направил злочин и цел живот контемплирал дали Ла Веј или Темпл оф Сет се во право, толку и оној што ја убил баба си или женски кои провалиле во манастир и убиле часна сестра се сатанисти.
Во секоја припадност има добри и зли припадници, но проблемот е во процентот. Не постои припадност со поголем број на убици пер капита него сатанизмот во било која форма. Нема.

Освен тоа, колку што читам за бројните сатанистички испади, особено последниве години, не можам да се ослободам од впечатокот дека лицата кои се впуштаат во сатанизам имаат сериозни психолошки проблеми.
Замислете, возрасни лица кои веруваат дека со жртвување на животни (или луѓе) во име на некој ентитет ќе им се исполнат животните сништа. Други пак, како оние од 9-те агли, имаат цел да направат ново општество во име на сатаната со помош на крв и хаос.

Сепак да продолжиме со делата на сатанистите, во вој случај на овие простори.
Мајка на жртва на сатанистички крвав пир умрела на самиот ден на годишнината на масакрот!
Во овој случај сатанистот употребил помалку необично оружје, М-70 автоматска пушка, очигледно одел на квантитет при што убил осум а ранил дваесетина млади лица.

Upucao ga pomahnitali satanista

Последно уредено:

Не се вади со тоа за што била темата, бидејќи се работи за логиката со која настапуваш на оваа и на другите теми. Од една страна негирате за одредени конфесии дека се христијански иако се декларираат како такви, од друга страна тврдиш дека декларирањето е доказот дека некој е сатанист. Тоа укажува дека имаш двојни стандарди и дека се лицемерен.

Универзален прифатлив начин за да се види кој што е, е идеологијата, начелата и правилата што ги има и што ги формира организацијата, религијата, филозофијата. Ако нема начела, правила, принципи, тогаш тоа е само празна етикета, на која секој може да и припишува што ќе посака. Нешто кое вие од се срце го сакате и посакувате.

Многу ми е смешно кога христијани или муслимани зборуваат за жртвување деца и животни, знаејќи дека во библијата патријархот и на двете религии - Аврам, без збор прифатил да го заколе сопствениот син единец за да покаже покорност и послушност. А од двата сина на Адам и Ева, прифатена била жртвата на Абел која била крвна жртва. Како компарација, официјалните сатанистички организации забрануваат жртвување и на животни и на луѓе.
 
Во никој случај тоа не е универзално прифатен начин за да се дефинира кој е сатанист а кој не е.
Иако и по таа твоја лична, далеку од универзална дефиниција постојат многу сатански органиации кои имаат своја идеологија, начела, принципи чии припадници убиваат и биле фаќани во припрема за масовни терористички напади.
Твојата дефиниција е сомнителна бидејќи ги исклучува сите сатанисти пред 1966 и првата организирана современа форма на сатанизам, ги исклучува лицата кои географски се далеку од можност да стапат во сатанска организација (како дечкото од Драчево). Испаѓа дека не постоеле слуги на сатаната пред 1966 а и оттогаш долго време имало организации само во САД и Британија.

Може за тебе е празна етикета бидејќи се ставаш во заштита на сатанизмот од некоја причина што е необично интересно, но за лицата кои сами се декларираат како поклоници на сатаната воопшто не е етикета туку сосема реална припадност која произлегува од нивните интереси и постапки!
Што би рекол еден Ричард Рамизрез? Како беше она, лета како патка, звучи како патка па мора да е гуска? Не, него патка.

За христијаните има многу теми на форумов па ако сакаш може таму да се разгледа што и како, не знам зошто би расправале за други припадности на тема која јасно и гласно се вика Сатанизам!

Како што реков, не може да се спореди жедта за крвави оргии на злото и садизмот кои постојат кај сатанистите со ниту една друга припадност, освен можеби оние Црвени кмери од 70-ти години.
Останува непобитниот факт дека рабовите сатанини се крајно опасна сорта. Среќа е што се многу ретка појава, барем засега.
 
Како може правилата, нормите, начелата да не се универзално прифатлив начин за одредување?! Што е тогаш ако не тие? Психопатите што се нарекуваат сатанисти и што сакаат да бидат слуги на злото со убивање луѓе, животни и слично, ја земаат иконографијата и терминологијата од вас. Ако мејнстрим религиите како симбол за злото ги имаа штрумфовите, тие кутри пореметени лица би се нарекувале и штрумфови. Реков и претходно, нив им е битно да бидат во тој филм, каков наслов носи филмот не е важно, додека кај остатокот од популацијата предизвикува страв, ужаснатост, паника. Затоа и нагласив - официјалните сатанистички организации, бидејќи под официјално се подразбира нешто кое е регистрирано во државата или допуштено од неа, што не е во конфликт со законите. Фактите и логиката никогаш не ви биле јака страна за жал.
 
Во земјава нема регистрирани сатански организации, дали тоа значи дека во Македонија не постојат сатанисти? И не само тука, огромен број земји немаат сатанистички организации под легална рамка, ретки се земјите каде што тоа е случај.
Не одговори дали пред 1966 постоеле сатанисти и како?
Напротив, логиката кај вас е нешто неконзистентна.
Тргнувате од премиса дека за да поединец биде сатанист морало да припаѓа на официјална, законски регистрирана сатанска организација. Логичен след е дека пред скорешната појава на таквите организации не постоеле сатанисти, вие тоа самите го тврдите! А секако и во земјите каде нема такви организации, сатанисти не можат да постојат!

Не сум знаел дека законот на одредена земја е главен елемент при декларацијата за служење на сатаната.

Во реалноста, секој оној кој се претставува за сатанист е сатанист.
Како случајов од пред две недели во Белфаст.

He also told police he was a Satanist, and as a teenager he enjoyed killing animals.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Ок разбравме, после купишта крвави примери, сите убијци се сатанисти и обожуваат сатана.

Ако убива и се престави како христијанин кој што ја исполнува божјата промисла, тогаш е христијанин? Иако на пример нема доказ дека бил дел од некоја христијанска црква? Освен што ја имал библијата дома и куп икони?

Замрсени се овие патишта, не е така црно и бело...

Во секој случај убивањето е одење против волјата на другиот за живот и не е добро! Да се нарекува некој и „кокиче“ пак не е во ред!

Ако може да се држите до темата малку по философски. Од каде, што, какви организации, што се разликуваат, дали се разликуваат, што обожуваат што не, зошто итн итн...

Да намалиме со крвта и секој што рекол дека е сатанист. Такви примери има милиони.

Следни вакви примери одат во канта и ќе се казнува. Сакам да расправате за религиозниот идентитет на сатанизмот - кој кога што убил, и што бил - нека се заморува полицијата со убиствата и нека казнува!
Убиство е убиство.
 
Зошто би расправале за она што ти го сакаш? Реалноста на сатанизмот е таа, се работи за идеологија чии припадници се екстремно насилни и зли. Примерите се од реалниот живот и како такви го доловуваат сатанизмот како крајно деструктивна појава. Желбите на модераторот и неговото другарче од ОТО-МОТО не се форумски правила!
Можеш ти да цензурираш, ете за несреќа некој ти доделил таква можност.
Постовите се он-топик, не содржат ништо навредливо или спротивно на правилата на форумот.
 
Бидејќи си на подофурм РЕЛИГИЈА. Затоа ќе зборуваш од таа страна за темите тука... ако не можеш, нема да дебатираш.

Не се онтопик. Ти не знаеш ништо за сатанизмот освен вакви вести што споделваш... Што има врска тоа со темава и подфорумот религија? Ништо.
Расправате дали некој убиец ако кажел дека е јеховин сведок или сатанист - дали тоа било доволно сите сатанисти и јеховини сведоци да бидат убијци :)

На подфорум религија си, затоа реков дека треба да се зборува за таа страна на сатанизмот, ако ја има и да се дебатира за тоа. Во други подфоруми, отвори тема ако има каде соодветно и води статистика за убијци-сатанисти, слободно.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Во земјава нема регистрирани сатански организации, дали тоа значи дека во Македонија не постојат сатанисти? И не само тука, огромен број земји немаат сатанистички организации под легална рамка, ретки се земјите каде што тоа е случај.
Не одговори дали пред 1966 постоеле сатанисти и како?
Напротив, логиката кај вас е нешто неконзистентна.
Тргнувате од премиса дека за да поединец биде сатанист морало да припаѓа на официјална, законски регистрирана сатанска организација. Логичен след е дека пред скорешната појава на таквите организации не постоеле сатанисти, вие тоа самите го тврдите! А секако и во земјите каде нема такви организации, сатанисти не можат да постојат!

Не сум знаел дека законот на одредена земја е главен елемент при декларацијата за служење на сатаната.

Во реалноста, секој оној кој се претставува за сатанист е сатанист.
Како случајов од пред две недели во Белфаст.

Во Македонија можеби нема регистрирано сатански организации, но во земји со слични закони како нашите има. И не, не е поентата тоа, упорно се обидуваш да манипулираш и да ги искривиш фактите дека тоа што дефинира некого како сатанист, христијанин, муслиман, телемит, се начелата, правилата, нормите, должностите што произлегуваат од таа религија, филозофија, организација. Во спротивно секој може да смета за се и сешто како сатанизам. Имало случаи кога христијани прогласувале за сатанизам разни пагански традиции како бадникарски огнови, маскембали и слично. Дури и едни со други се прогласувате за сатанисти, на пример вакцинирањето како најнов феномен. Имаше по социјалниве мрежи каде еден свештеник повикува на вакцинирање, други го прогласуваат за слуга на сатаната поради тоа. Дури и Хари Потер е сатанизам за некои христијани. Без начела кои дефинираат што е што, етикетата сатанизам е погодна алатка за фундаменталистичките верници да оцрнуваат и деградираат се што не им одговара, а за тоа е потребно некој како тебе да го подготви теренот со ширење страв и всадување во потсвеста на лекоумните верници за ужасот од зборот сатанист. Кога тој термин ќе ја предизвика саканата реакција, треба само да му се прикачи кон него рандом личност, група или филозофија. Тоа ви е тактика која со векови сте ја користеле, затоа бегате како ,,ѓаволи" од дефинирање.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.459
Бидејќи си на подофурм РЕЛИГИЈА. Затоа ќе зборуваш од таа страна за темите тука... ако не можеш, нема да дебатираш.

Не се онтопик. Ти не знаеш ништо за сатанизмот освен вакви вести што споделваш... Што има врска тоа со темава и подфорумот религија? Ништо.
Расправате дали некој убиец ако кажел дека е јеховин сведок или сатанист - дали тоа било доволно сите сатанисти и јеховини сведоци да бидат убијци :)

На подфорум религија си, затоа реков дека треба да се зборува за таа страна на сатанизмот, ако ја има и да се дебатира за тоа. Во други подфоруми, отвори тема ако има каде соодветно и води статистика за убијци-сатанисти, слободно.
Сосема е онтопик. Дебатираме со членот Ипсисимус за тоа што е сатанист а што не е. Сатанизмот не е признает како религија во поголем дел од светот. Не е ниту во РМ. И сега? Не знам поради што ти сметаат линкови со делата на сатанистите, тие се дел од нивните верувања, ритуалите кои ги прават со жртвување на животни и луѓе се реалност и дел од нивниот религиозен систем.

Во Македонија можеби нема регистрирано сатански организации, но во земји со слични закони како нашите има. И не, не е поентата тоа, упорно се обидуваш да манипулираш и да ги искривиш фактите дека тоа што дефинира некого како сатанист, христијанин, муслиман, телемит, се начелата, правилата, нормите, должностите што произлегуваат од таа религија, филозофија, организација. Во спротивно секој може да смета за се и сешто како сатанизам. Имало случаи кога христијани прогласувале за сатанизам разни пагански традиции како бадникарски огнови, маскембали и слично. Дури и едни со други се прогласувате за сатанисти, на пример вакцинирањето како најнов феномен. Имаше по социјалниве мрежи каде еден свештеник повикува на вакцинирање, други го прогласуваат за слуга на сатаната поради тоа. Дури и Хари Потер е сатанизам за некои христијани. Без начела кои дефинираат што е што, етикетата сатанизам е погодна алатка за фундаменталистичките верници да оцрнуваат и деградираат се што не им одговара, а за тоа е потребно некој како тебе да го подготви теренот со ширење страв и всадување во потсвеста на лекоумните верници за ужасот од зборот сатанист. Кога тој термин ќе ја предизвика саканата реакција, треба само да му се прикачи кон него рандом личност, група или филозофија. Тоа ви е тактика која со векови сте ја користеле, затоа бегате како ,,ѓаволи" од дефинирање.
Според твојата дефиниција за сатанисти такви не постојат во земји каде сатанизмот не е признаен како религија и постојат официјални, легално регистрирани здруженија на лица кои го обожаваат ѓаволот.
Никој не прогласува никого за сатанист САМИТЕ сатанисти себеси се декларираат како такви, како што наведов низ линковите, често самите сатанисти се гордеат со својот сатанизам и се декламираат како сатанисти.
Зошто да не им веруваме?
Како што реков, за останати припадности има соодветни теми, оваа е за сатанизам и сатанисти.
Можеби вие како просатански ориентирани поединци не сакате да се споменуваат крвавите ритуали и тешки злочини кои постојано ги извршуваат сатанисти по цел свет, но ако форумот е место за дискусија тогаш не треба да има цензура.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Сосема е онтопик. Дебатираме со членот Ипсисимус за тоа што е сатанист а што не е. Сатанизмот не е признает како религија во поголем дел од светот. Не е ниту во РМ. И сега? Не знам поради што ти сметаат линкови со делата на сатанистите, тие се дел од нивните верувања, ритуалите кои ги прават со жртвување на животни и луѓе се реалност и дел од нивниот религиозен систем.
Кој треба да признае и е авторитет за нештото да биде признато за религија? Правно да е регистрирана некоја организација како сатанистичка?

Од друга страна ете пишуваш за некаков си религиозен систем... Каде е запишан нивниот религиозен систем? Каков систем е тоа ако би постоел? Каква хиерархија имаат, ако ја има?

Кои се верувањата и на која света книга се темелат? На таа книга треба да се темели и самиот систем по некоја логика.
Каде се запишани тие ритуали со жртвување на луѓе? Или тоа самите убијци бидејќи велат сатаната ме натера, ние сега имаме религиозен систем со ритуали, со обожувња итн итн? Толку малку треба за нештото да е религија и систем?
Не се жртвуваат животни во другите религии? Ајде размисли...

Јас те разбирам која ти е целта. Сите убијци се сатанисти, поточно сите сатанисти се убијци. За тоа и ти реплицира @Ipsissimus .... Или бидејќи некој рекол дека е сатанист, христијанин или муслиман - тоа го става во таа категорија, иако на пример тој човек никогаш реално не следел ништо од тоа што го учи религијата/философијата на која тој вели дека припаѓа...

Ете за вакви дијалози е темава тука, а за убиства, масакри и слично барај други подфоруми...
Тука зборуваме за верувањата, од каде, зошто, кога... со споделување крвишта и масакри и наслови од весници „сатанисти ова сатанисти она“... никаде не одиме.
Така прават истите весници и за муслимани и христијани, зависи кој плаќа повеќе за веста ;)
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Според твојата дефиниција за сатанисти такви не постојат во земји каде сатанизмот не е признаен како религија и постојат официјални, легално регистрирани здруженија на лица кои го обожаваат ѓаволот.
Никој не прогласува никого за сатанист САМИТЕ сатанисти себеси се декларираат како такви, како што наведов низ линковите, често самите сатанисти се гордеат со својот сатанизам и се декламираат како сатанисти.
Зошто да не им веруваме?

Како што реков, за останати припадности има соодветни теми, оваа е за сатанизам и сатанисти.
Можеби вие како просатански ориентирани поединци не сакате да се споменуваат крвавите ритуали и тешки злочини кои постојано ги извршуваат сатанисти по цел свет, но ако форумот е место за дискусија тогаш не треба да има цензура.
Не е според моја дефиниција, туку според здравиот разум и логика. Зошто да не им веруваме на свештениците антиваксери, дека свештениците ваксери се сатанисти? Зошто да не им веруваме на свештениците кои тврдат дека бадничарските огнови и маскембали се сатанизам?
Ако некој почне да распнува живи луѓе на крст и тврди дека тоа е вистинско христијанство, зошто да не го сметаме за христијанин, кога самиот се декларира како таков?
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
сатанистите се луѓе со ментално пореметување,се гледа по нивниот аутфит,парадите и ширењето на негативна енергија и страв-што е главна одлика на даркерските идеологии и религии
Впрочем,овие ви личат на нормални луѓе? Дали би отишле кај вакви на кафе без да посумњате дека ќе ви стават нешто во кафето? Бидете искрени,хехе
 
Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom