Баш така, повеќемина кај нас не ја познаваат Црквата, уште помалку нејзината историја, преку која се гледа нејзината постојана динамика, еволуција, промени..., сообразно времето во кое престојува. Тоа живо го сведочи и самото Канонско устројство.
Така епископите на пример до 7 век биле женети луѓе, потоа се воведува да бидат од редот на монаштвото со Соборно промислување на тогашните епископи кои така процениле и направиле, промена...
Постот, како друг пример, постојано се менува низ историјата, брачните правила, устројството со афтокефалноста, причестувањето итн., безброј примери на динамика и промени во однос на целокупниот Црковен живот, така и прашањето за целибатот воопшто не е трајна детерминанта, напротив.
Она што исто така малкумина знаат е, дека самите Римкоатолици се така наречени по поделбата од 11век, дотогаш се Православни, а ние Православните сме Католици практично цела историја како што укажува Символот на Верата(„Верувам во Една, Света, Соборна=Католичка и Апостолска Црква...“), а во секојдневниот говор слушаме како Римокатоличката се ословува со Католичка, а тоа всушност е Православната.