Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.229
- Поени од реакции
- 26.381
Што да посматраме, патетиките на другарот?
Не, имам попаметна работа во животот. Колку и да сакам да посматрам кога е во прашање психологијата на околината, не идам во екстреми.
Тебе другаров идол ти е во животот или?
Не ми е идол, едноставно другар ми е и има успех. Толку. Јас не викам дека тоа што го прави е во ред, не е во ред, така треба, така не треба и слично. Само кажувам дека е успешен.
Ај ако не однеси ја и во Балет да се излапа со класната од прва средно
Си нашол тука да кажуваш сказни од Џубокс за распаднати фрајлици и дизелаши-имбецили, фаци што го доживеале peak-от на својата младост пред 15-20 години.
Арно де, ете млади се, цел живот имаат пред нив да пробуваат, да експериментираат, да се изгорат или да се усреќат, да стекнуваат свои искуства но уште побитно да ги посматраат и туѓите поради две причини: за твоите искуства си попристрасен и на туѓите грешки побезболно се учи. Како сакаат-така. Јас пишав тоа што мислам, никој не мора да се согласи со мене, нека прави како мисли дека е најисправно. Ќе се согласам со Такер дека треба да распознаваш исклучоци и дека океј девојки се друг начин на функционирање, ама дека ги има такви во изобилство-мало морген. А сите ќе ти кажат дека се баш такви.
Јас не сум како сите девојки-сите девојки
Де кажи некој конретен муабет што се правеше? Кои манипулации ги правеа змииве за да дојде до израз патетиката?
Многу малку требаше. Доволно беше да каже-што правиш бејби, ми фалиш-за овој од другата страна да се претвори во Кај Ми Е Сонцето.