jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.576
- Поени од реакции
- 27.412
Мојот директен предок од ебани 6 години го праќале да пасе овци во планина сам со 10 кучиња поголеми од него и тоа во ек на втора светска војна. Не завршил школо не дека бил глуп или нешто, зошто кога веќе имало школо бил 10 години па морало да оди на вечерна школо (брат му и сестра му се интелектуалци бидејќи имале среќа да се помлади). Но кога така пораснати дошле во град, научени на потешкиот начин. Иако почнале од почеток дека све им земале. Станале сите тројца некој и нешто. И не, не е војската нешто што ги направило луѓе, туку маката. Секогаш, ама секогаш сите тројца полни со самодоверба, не сум ги видел да потклекнат на ниедна мака.Полиберален во која категорија? Број на партнери? Возраст? Самите сексуални акти? Погодноста за брак во зависност од сексуалната историја? Едино може бил полиберален во филмското присуство, само во партизански филм немам цицка видено. До втора средно девојче да имало 3 „сериозни дечковци“, тоа сигурно било статистичка грешка. Нејсе, нема врска овој муабет, друга ми беше поентата.
Сигурно дека сите тие евнуси ќе станеле мажишта и лидеришта ако биле војска. Што ќе научеле? Да си го местат креветот секој ден и успешно да изметат двор? Ако за тоа ти е потребно служење цела година, не знам...
Муабетот за војска, како и муабетите за спиењето по клупи, четврта сила на светот, „се знаеше ред и поредок“, Голи Оток и слични работи, е само генерациски мит/глупост/како сакаш наречи го. Исто како денешниот мит дека си неписмен ако немаш факултет - тогаш тешко ќе се ожениш ако не си појден војска, денеска ако не си завршил факултет. Исто како што тогаш било срамота да шеташ небричен, а пак пред ВВ2 најверојатно било срамота да немаш мустаќи.
Затоа се глупи споредбите на мажи одени војска со денешни депилирани мажи што се мачкаат со боровинки, едното со другото нема никаква врска. Небаре жените во Југославија се отепувале од депилирање, па сега дошло страшно немажествено време каде што мажите одат, а жените не. Како што спомнав погоре, тогаш било нормализирано да си свежо бричен, сега е нормализирано да си депилиран пошто жените сакаат да галат мазни стомачни. Ако не и на самоварен сапун да се вратиме, пошто не е мажествено рацете на кокос да ти мирисаат.
... војската, работните акции, извидниците, праќање на одмори сами уште од прво одделение... све тоа имало за улога да ги оттргне децата од дома, за да се осамосталат, да ја симулираат самостојноста што ја имале луѓето од приказната погоре. Да бидат самосвесни без дубалцето наречено мама и тато. Нема да те направи тебе маж тоа што си пукал со пушка, најмалку што те учат во војска е да ракуваш со оружје. Во војска те учат што те чека во животот, баш тие исфрустрирани drill sergeant-и што уствари им е работа и се платени да бидат баш исфрустрирани. Не станува тука збор за четврта сила, за национална гордост или било што слично.
Војската е само мал симбол, мал дел од низата. Нешто за споредба.
Одговорот е да, да биле во војска, тие евнуси поинаку ќе гледале на животот, ќе биле подруги, нема да биле под сукњата на мајката, како што се сега под сукњата на жената или почесто со кур у уста. Све што требале да научат за живтотот ќе го научеле на одмор во одморалиште, на работна акција или у војска. Ќе научеле да не се толкави мизантропи, ќе научеле како е да имаш другар, ќе научеле како е да се снајдеш без мама и тато, ќе научеле да бидат луѓе наместо празни љуштури, ќе научеле дека шпиуните, предавниците и вртикапите јадат сапун у чорапа ... Колку тебе и да ти изгледа парадоксално треба да си слеп да не ја видиш разликата.
А за тоа кој колку и како се плескал нема никаква разлика од сега. Дури и повеќе имајќи во предвид дека почесто и од помали оделе сами на одмори и работни акции.
Последно уредено: