Не сум свршувал ама баш никогаш на сдсм иако имам гласано за нив на сите избори кои се одржуваа 2016-2017. Тебе изгледа те палат сдсм највеќе со оглед на времето кое дневно го трошиш на нив.
За вториот дел, да во право си до некаде, и за тоа многу се виновни и сдсм и Заев, кој е екстремно глуп човек и се каам што сум гласал за него. И во 2016 покажуваше знаци на глупавост ама Груевски ми беше толку одвратен што не сакав да гласам за него. Тогаш имав 18 години и првпат гласав на избори, а ти ми делуваш на постар човек и ако си одјеби, и ти си еден од кривите што државата ни е ваква. Сега никогаш не би гласал за некој кој на било кој начин бил поврзан со политика во Македонија во последните 30 години.
На локалните во градот каде што сум роден Кочани ќе гласам за Николчо човекот а не сдсм(вчера не ни бев да гласам зошто бев сигурен во негова победа ама во втор круг ќе гласам а требаше да идам и вчера барем ќе гласав за независните советници, дечките за малку не освоија 2 места).
Градоначалник што ги асфалтирал скоро сите улици во градот, избришал поголем дел од долговите, го реконструирал главниот булевар со 5 кружни текови долг 2+ километри, заедно со профи тротоар/шеталиште кое претходно беше катастрофа(и за ова највеќе ќе го гласам ова води од мое маало кон центарот
), изгради градинка, топ ги реконструираше паркот и шеталиштето во центарот, проби нов булевар и урна 10тина објекти(нешто екстремно тешко за македонски услови реално) и ред други работи. Има проблеми со воздухот и една фабрика конкретно ама реално не знам он колку има можност да делува таму. За тоа е виновна централната власт која како што кажав е ужас и затоа нема да ја гласам никогаш.
Еве ти едно финално изјаснување од мене за тебе, иако немам потреба тебе да ти се објаснувам и извини стварно ако не сум совршен, оо ти Никола Тесла меѓу македонскиот народ и гласачите.