Граѓаните масовно излегоа и го дадоа својот глас за "прогрес/промени/квалитет/способност/најдобар кандидат/програма/иднина/европски интеграции/инфраструктура/канализации/улично осветлување" во Конче, Босилово, Долнени, Зрновци, Босилово, Боговиње, Карбинци, Конче, Липково, Ранковце и тн и тн...
Meanwhile:
Ова се тие боранија општини за кои зборите. Никој на светот не заслужува да расте во вакви услови на ниво на Лесото, Бурунди и Сомалија.
Никој никад немал да има глас за луѓето што живеат овде, исто како впрочем и секаде во државава. Штета што овие луѓе (како и мнозинството во Македонија) и понатаму ќе живеат во вакви афрички услови, кој и да е на власт.
Едноставно гледајќи ги општиниве, не можам да се радувам на било чив пораз, пад или пак да се радувам на било која општина... бидејќи
таквата радост е само краток допамин кој ќе го добијам,
а не долгорочна и вистинска радост.
Штета што Македонија не знае да го искористи потенцијалот што го имаат овие места, и штета што Македонецот само се интересира за Скопје, Тетово, Куманово, Битола, Прилеп, Струмица, Охрид и по уште некое место... бидејќи еден ден, овие боранија места кои ги нарекувате ноншалантно денес, вам ќе ви бидат прибежиште во стари години, кога со петни жили ќе сакате да избегате од урбаната џунгла.
Штета што партиите само гледаат градежна експанзија и прљав брз кеш наместо одржливост и долгорочност. Штета е што таа опција "за во стари години или рана старост" ќе ја снема, пошто капка по капка, од овие места ќе останат само руини.