Коинцидентно и јас неодамна ја финиширав, и имам поинакви импресии...
Настрана дел од трејдмарк Коџимизмите како напоменатите пуштање на криптични промо материјали, ликот нема таков it беграунд како пример фаци од типот на Маер,Гејбен,Ромеро,Мијамото,Хауард, и уште на самите почетоци до сеа, претежно други мислеле како да му го вклопат плотот во разумен гејм-дизајн, кога тоа им идело од рака го имаш расплетот во МГС3, а кога не имаш катцена од саат и кусур во МГС4... разврската и конфликтот со Конами е посложен од тоа што наведе али не би навлагал сеа.
Малку пиша за самата игра... прво околу тоа дека портнал 50% од мгс5, ако би знаел да наведеш 2-3 ствари, а тоа да не е брифинзи на мисии, скор и преглед од мисии, мени-менаџмент и некои од гаџетите, зошо ова сè се итерации на ствари што му се провлекуваат уште од првиот му наслов дури, што ја претходи цела мгс ко таква.
Приказната без навлагање, исто ги содржи типичните за него бизарни концепти, хеви експозиции, мета-коментари на курентни стања... али во овој случај не би рекол дека проблемот е со субвертирање и твистови зошто постојат рани форшеднати хинтови, туку со кашата на преобјаснување на концепти преку пренагласени експозиции(плус текстуално) што на крајот вршат контра-интуитивност за да буричкаш во нивната смисла.
Се на се, просечна можеби, во неговата антологија и подпросечна.
Е сеа, ако приказната сама по себе е проблематична, ондак како е преведена во гејмплеј е многу блиску до стеларна, во споредба со многу други кои не ни се обрнуваат на интерната логика во игра и на тоа што се нарекува лудонаративност.
Користење на телесните флуиди ко оружје, убивање мобови и нивно не согорување праат војдаутс, рејнфолот оштетува градби/предмети периодично и практично цел онлајн моуд што рефлектира на главниот плотлајн на праење конекции.
Верувам не ти била онлајн иначе ќе наведеше, ради што е најсилниот аспект во играта, ко веќе проценти ставаме ондак за некои 40% би рекол дека го збогатува синглплеерот, што всушност му доаѓа како енхансмент него засебен моуд, со слични елементи од игри ко Journеy, инвазиите и пораките во ДС и некои од ко-оп сим игрите.
Јак е филингот на допамин раш ко ќе дигнеш сам неколку блока автопат, комплетираш нечива туѓа пратка, доповрзеш мрежа на зиплајнс или случајно налеташ на твој терминал или мост што си го дигнал пред 3 дена, а сеа има 300 лајка.
Покрај ова и траверсингот е вреден за споменување, во зависност од временските прилики и екипирани алатки, теоретски и најстрмните предели се можни за искачување, слично ко кај јужуал саспектот Botw, само овде со три пути поише полигони за процесирање и даунсајт од тоа што повремено се дешаваат janky анимации.
Ова може изглеа ко препорака али сепак се бара од играчот да е во одредено изолационо медитативно стање зошо цел гејмплеј обесхрабрува акционен комбат и гемифицирани/фан механики, у спротива
данки.