Значи треба да си запази за зимање на указ во 9 саат, да има среќа во општината и среќа на Мариа Луиза, и да има желание да дава пари под маса.
Еве ти објасни Лолита како, е сега кога си посредник кој практично прави филмови дека не може или ако си стипса кој нема желание да потроши некое евро тогаш џабе правиме муабет!
Дали може?
Може - да!
Додека чекаш пред МП во 9 да влезиш на термин др човек кој е со тебе ќе ти уплати во 08:30 во соседната банка (буквално на 40 метра од МП).
Додека ти одиш во МП по указот, везата/другарот/дечкото/ Петко од Раштани (како сакаш) ќе ти чека пред Средец ред.
Во 09:30 мкд си пред Средец, додека ти чекаш таму на ред или влезеш веднаш, везата заминува пред МВР да ти чека ред.
Ќе завршиш Средец и до 11 си мвр на сликање.
Изводливо? - Да
Сакаш и понатаму да ти цртам? - НЕ.
Дали ќе ти реплицирам повторно колку да се инаетиме? - Не, нема смисла. Ако е целта да си во право еве биди во право, но прашањето беше дали е изводливо.
п.с. како што кажа и Лолита, ексик за еден ден ако не се снајдиш тогаш за два си идеш со пасош во рака.
А не како посредниците, дај 250еур одиме по указ и во Средец да те пријавиме.
И по 10 дена дај уште 150-200 па одиме да те сликаме во МВР и пасошот ти го носиме ние следната недела.
Ем те стрижат едно цирка 400-500еур (реален трошок има 250-300еур макс за во еден или два дена сам), ем пасошот ќе си го видиш по две-три недели по подигање на указ (идеално) пошто ќе треба да се натегаш кога тоа посредникот ќе има група за да те вметни + да ризикуваш пасошот да ти го прати по КАРГО бидејќи не се замараат многу за да ти го предаде лично (особено ако си од др град).
Ама нејсе, не може во ист ден.