Фан Клуб: Рома

Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.299
Поени од реакции
3.339
1-0 и нови 3 бода е океј..

Сѐ друго како што кажа Сантино е гној. Преодна оценка ако заслужува некој ајде нека е Манчини, Руи и Абрахам..
Удинезе осети крв по таја лева страна упорно напаѓаја од кај Калафиори и Ибањез кој беа невидени дупке..
Калафиори вака така со пешачење успеа да асистира на Абракадабра за гол.. И тоа беше се од него.. Мурџо на време го извади пошо секако висеше голот вака малку потстегна у одбрана..Рики на десната страна веќе душа нема.. Што да кажам за Брајан освен дека е невидлив и ќе продадеше ефтина топка во 16терец.. Верету и тој му се придружува во сивилото..
Мики слабо..
Лоло не би го коментирал ќе ме нападнете осеќам :D ( за него подоцна).
Доаѓаме до Заниоло.. Колку многу сакам да пркне ова дете толку тешко му иде...дали брзаме со очекувањата од него незнам.. Две тешки повреди се тоа но веројатноста е мала дека пак од него нешто ќе биде.. Да го оставиме сезонава е долга и ова е шансата каде што треба да изработа..
Мурџо мора да свати дека мора да ги користи Диавара, Дарбо и Виљар.. Тврдоглав е до немај каде Мурџо..
8 натпревари Рома изигра за 1 месец со истите 11 бонус на тоа се репрезентациите..
Многу критикувам ама тоа е...
Во недела е градското со Лацио.. Пораз не смееме да си дозволиме нити па они смеат.. Дај боже да победиме до недела има време но осечајот мој ми вика нерешено..
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Се гледа дека кристанте и верету не можат да играат заедно назад.
Подобро ќе беше вчера да проба Мурџо со Верету и Диавара или Вилар.
Исто така, од натпреварите со Сасуловци, со бугарите и вчера апла е јасно дека противниците многу лесно доаѓаат во позиција да шутираат.
Едни умрени како цска софија ни доаѓаа без проблем до голот.
За со лацио на десен бек ако го игра Ибањез ќе наебиме. Лани лазари седумдесет пати го претрча.
Подобро Калафиори да си игра.
Пелегрини колку што покажа заовие натпревари знаење и желба, толку покажа и себичност.
Штета што ќе го нема во недела.
Мислам дека Мурџо на негови место ќе игра еден од Заниоло или Мики.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.299
Поени од реакции
3.339
Не е лошо Манчини да игра до Верету а позади Смолинг и Ибањез..
Ја покираше едно време Манчо таја позиција..
 
RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.382
Поени од реакции
1.786
Aбрахам како ја пееше химната на почеток и на крај кога не сакаше да си оди додека овие ја пееа Grazie Roma, а на сила го доведоа во клубот :D:D:D, сега романиста стана во сржта и душата :P:cool:.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Сите нагаѓаме кој ќе биде амф против лацио на местото на Пеле, Заниоло или Мики.
Ама, да не нѐ изненади Мурџо со Карлес Перес или со Кристанте?
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Од 4 шута одбранава прими 3 гола.
Замисли лацио се брани 80 мин., а ти дава три гола.
Кристанте тешка мизерија од играч. Нека земат еден среден и оваа мутава фаца нека скапи на клупа.
 
RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.382
Поени од реакции
1.786
Контри кој стигне ни прави, Мурињо гарнт ќе бара нови бекови и штопери уште зимава дека со овие и топ 4 пласман ќе виси, а при вториот гол на Лацио имаше чист пенал над Заниоло или у најмала рака требаа да прегледуват ВАР, сега ни следува ептен незгоден распоред во текот на октомври.

Заниоло само еднаш веќе да го заобиколат повредите е играчиште, Пелегрини фалеше , тотално непотребен црвен картон со Удинезе, а оваа година колку голови имаме примено само од контри е неспојливо со Мурињо, безмалку на секој примен гол доаѓа по некоја контра од противничката екипа.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.299
Поени од реакции
3.339
Ултра јакиот Пелегрини.. Кој место со желба и жар да игра после суспензијата он лабаво си џогираше.. Ок Зорија е ова.. Разбирливо е тоа поопуштено сите да играат ама он барем требаше појќе да покаже.. Ипак капитен е.. Нека потпише договор, на лето нека дојде некој од ПСЖ да им го увалиме за 50..
Тоа што го барав и што ми беше желба е тоа да Дарбо игра.. Дечкото беше најдобар на терен. Има потенцијал и ќе расте како играч само Мурџо да му дава шанси.. Баш да видиме сега во недела дали барем ќе го убаци од клупа..
Многу сакам да знам како тоа Кристанте кај секој тренер игра прва постава? Шпиун е? Им го дудла? Прашања кои ме мачат околу овој лик..
Друга работа што ми бодеше очи е изнесувањето на топката од своја половина.. Па не е Интер, Милан, Аталанта за да не можеш топка да изнесеш.. Факинг Зорија е.. Која екипа да е против Рома со висок пресинг овие не знаат кај тераат..
Мајорал ако лани си ја оживеа кариерата во Рома, годинава му ја погреба Мурџо..
Следи Емполи во недела, 3 бода како леб ни требаат пред паузата..
Форца Рома!
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.934
Поени од реакции
8.822

Де бе, се фати за Пелегрини, што сакаш против Зорја да се форсира ли? Оваа утакмица му беше загревање, нормално да не дава толку напори и да греши, Али ипак му намести на Шомуродов една на тацна 100% шанса која овој не успеа да ја реализира. Јас до лани највеќе го критикува него, оти само на вакви утакмици се истакнуваше, против слаб противник, додека оваа година игра стандард добро и е играч што најмалку треба да се критикува, а не да се мисли на продажба на истиот. Идат дербиња, јаки утакмици, ќе видиме како ќе се покаже тогаш како капитен и вистински лидер, сега за сега е одличен.
Автоматски споено мислење:

По Емполи во недела, играме со Јуве и Наполи. Е овие утакмици ги чекам, да видам дали уште ќе играме како пички во дербињата, како две години со Фонсека...
 
Пупоне, со Манчини во одбрана како сакаш да играме?
Дечкото е изгубен. Нека проба со Крис и со Роџер во одбрана.
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.934
Поени од реакции
8.822
@Curva_sud Пелегрини е изгледа еден од најефикасните средњаци во Европа моментално, 8 голови во сите официјални натпревари и 3 асистенции.. до лани бев прв што го ставав на тапет и го ругав, оваа година не го закачам, пошо стварно е добар :)

Ќе пробаме до Закариа во јануари, бидејќи одбил нов договор од Борусија. Можно е да се земе за 5-10мил евра, со оглед на тоа што има само пола година од договорот, ќе биде вистинска кражба тоа и огромен апгрејт во средината.. само да не претераат со платата..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom