Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.172
- Поени од реакции
- 12.157
Ти пак за сите промашено им велиш или дека не знаат или не се сериозни... еми ај сите да проповедаме христијанство за да бидеме таман за тебе да знаеме за религиите во светот....
Или твоите прераскажувања на едно верување кое ти дава надеж дека еден ден ќе имаш тет-а-тет муабет со божественото (ако доволно веруваш или одиш на литургии) да ги сметаме за реалност и вистина... и тоа историска? Тешко тоа... реално тешко.
Може да проповедаш (и секој друг, нормално) и да прераскажуваш каква е црквата (извини со големо Ц не можам да ја пишувам), па како Исус, кој што е евреин(мора така нели) и исполнил очекувања и пророштва од еврејскиот закон (ама евреите од кои доаѓа законот не го разбрале и не виделе бидејќи егоисти и самобендисани) обединувал (а за многумина тука Христос не е ниту бог, за некои дури не ни постоел туку е само симбол (имам низ форумов и тоа прочитано)) - и ти ни велиш како не сме сериозни или не знаеме ништо за религиите...
Од кога проповедта и убедувањето на другите дека една религија е реалност и најдобро нешто, а другите се зло и погрешно ВЕРУВААТ и секој што зборува негативно не знае ништо и не владее со теологијата? Теологијата не е врзана за христијанството како папочна врвца....
Сега тоа е новото од вас? Ако не зборуваш позитивно и не убедуваш како христијанството и целата таа догма и трула хиерархија на која се темели целата поделеност на нации и цркви кои „исто зборуваат, ама различно прават“ е најдоброто нешто - тогаш не знаеш ништо за религиите?
Аман, до таму дојдовме?
Изгледа само ако пееме како славеј за христијанството како тоа „учење“ е најдоброто и најполезно нешто за човештвото - ќе бидеме таман
Викнете го Христос да ни пресуди уште сега и да завршиме - бидејќи од осудување од страна на попови ни е преку фалусот and beyond... грешните се обидуваат и другите да ги обединат во таборот на грешни за да може богот да си ја заврши работата!
Можеби нема ни да стигне да суди... реално!
Човекот распнува богови кои одат против човештвото - „историски“ тоа е факт, нели?
Се додека гревот е битна ствар кај вас, за да биде потребен спасител - ништо од проповедта, се е само вртење во круг... која будала би прифатила дека е „бедна по дух“ и дека „доволно е да се верува“?
Тоа е лага. Исто е лага и дека човекот е помалку од Бог! Ако Исус е бог и ти си бог. И јас и секој друг... тоа што не се препознава самиот како бог и не дејствува како бог - треба да го упатиме некако да почне да ја осознава таа своја божественост, да почне да дејствува така... не е тоа подобро од сето ова другото зборување? Овци сакаме или ...? Што сакаме од човекот? Единство во Христа, единство во црквата... аман со тоа, доста е. Ниту имало ниту има единство... Се е само празни писма и трактати и муабети... поделено е се, само за да разберете дека Поединецот е спасител на светот и на самиот себе!
Тоа што со векови историски го кастриравте тој дел од човекот за да се наситуваат неспособни свештеници кои не наследија ништо од старите учења - не е оправдување човекот денес да не може да се врати на патеката кон божественото! И те како може - само треба да не дозволува свештеници на старите религии, најмалку пак мирјани, обични верници да им стојат на патот со нивните проповеди и осудувања како тие се најлошто нешто!
За христијаните и муслиманите - новиот човек е најлошото нешто, тоа го знаеме - и нема ништо лошо во тоа
Кон божественото, со работа и искуство!
Од друга страна, се додека исламот вели Иса е пророк, еден од многуте - пак бесцелно е се...
Се додека барате друг да ги „искупи“ вашите гревови (и се обидувате мене или некој друг да го убедите дека е грешен заради еврејските учења) или од петни жили верувате и се обидувате други да убедите дека друг умрел за нив за да ги „спаси“ од себе самите и од големата порта на Смртта - ништо од вас денес и во иднина... човекот мора да има искуство!
Пролевање туѓа крв е зло! Пролевање своја крв за друг е уште поголемо зло - но, секако јас вака на памет зборувам, што знам јас за религиите и ритуалите....
Едно прашање до сите што ја следат темава:
Зошто се појави исламот и Исус го турна на ниво на пророк, а тројноста се врати во едност со мистично име Аллах? Тоа е интересно за истражуавње, посебно ако се паралелно истражува и еврејската мисла и учење!
И од каде тоа дека во еврејскиот закон „потајно“ се зборува за тројноста како концепт во христијанството? Сосема друго „тројство“ е на повидок и многу поразличен и поприроден од овој на христијанството, но за тоа сигурно нема никој да ви расправа...
И тоа не од незнаење, туку бидејќи сте научени се да касапите и туркате во еден калап - догматски! Ако не влегува во формата, сечи...
Историски црквата ако ја гледаме има врска само со власта и политиката на Земјата. Ништо повеќе историски... дури и денес црквата се обидува да биде дел од власта, да управува... „стадото“ се повеќе и повеќе ќе преминува