Pop-up Дежурна Ординација COVID-19 edition

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.419
ааааааа, така ли со закани мавкаш, а што се антиковид вакцините или тие се базирани на докази?
- дали е одобрена од ФДА и ЕМА за сите над 16 години третата доза илу бустер на Фајзер антиковид вакцина,

- дали е одобрена од ФДА и ЕМА за сите над 16 години третата доза илу бустер на Фајзер антиковид вакцина? одговори Да или НЕ!
Јас не зборувам за вакцини, зборувам за терапија.

Вакцината е право на избор. Терапијава е сосема друго!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
Јас не зборувам за вакцини, зборувам за терапија.

Вакцината е право на избор. Терапијава е сосема друго!
...те прашав конкретно пошто мавкаш со медицина базирана на докази, не ми врти дека вакцина е „право на избор“ , те прашав конкретно за антиковид вакцини, те прашав за бустер дозата или трета доза... те цитирам „ Мора пациентот да биде информиран и согласен дека се пушта во експеримент инаку се работи за кривично дело! “ дали ете во ЕВРОПА ...ЕМА одобри трета доза или бустер на Фајзер за сите возрасти над 16 гоидни! Да или НЕ!

...пак ќе речам го пишувам Прирачникот напишан според клинички искуства од Кина за лечење на пациенти болни од КОВИД19, совети од здравствени работници во тие ковид центри, тогаш сеуште немаше антиковид вакцини за итна употреба, не знам што мешаш и провоцираш!
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.419
...те прашав конкретно пошто мавкаш со медицина базирана на докази, не ми врти дека вакцина е „право на избор“ , те прашав конкретно за антиковид вакцини, те прашав за бустер дозата или трета доза... те цитирам „ Мора пациентот да биде информиран и согласен дека се пушта во експеримент инаку се работи за кривично дело! “ дали ете во ЕВРОПА ...ЕМА одобри трета доза или бустер на Фајзер за сите возрасти над 16 гоидни! Да или НЕ!

...пак ќе речам го пишувам Прирачникот напишан според клинички искуства од Кина за лечење на пациенти болни од КОВИД19, совети од здравствени работници во тие ковид центри, тогаш сеуште немаше антиковид вакцини за итна употреба, не знам што мешаш и провоцираш!
Значи, денес има препораки за лечење на ковид и се оформени од работни групи на експерти базирани на докази и студии. Овие глупости што си ги постирала не се актуелни и дури во извештајот на работната група covid 19 task force многу од овие терапии НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВААТ!

Вакцината е одобрена и од FDA и од EMA под emergency use authorization. Што го пишува и на секоја вакцина! Додека твојов умрен прирачник не спаѓа ниту во таа категорија!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
Значи, денес има препораки за лечење на ковид и се оформени од работни групи на експерти базирани на докази и студии. Овие глупости што си ги постирала не се актуелни и дури во извештајот на работната група covid 19 task force многу од овие терапии НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВААТ!
Вакцината е одобрена и од FDA и од EMA под emergency use authorization. Што го пишува и на секоја вакцина! Додека твојов умрен прирачник не спаѓа ниту во таа категорија!
... жалосно ако си медицинско лице, само тоа можам да ти кажам, простачки речник само ја покажува твоја иднина, ако кудиш некој прирачник дај просветли со толку применливи препораки што толку ги фалиш, дај да видиме препорака на кислородна подршка, антикоагулациона терапија, посебно ме интересира терапиите кои се препорачува на тие твои фантомски препораки базирани на доказии и студии, нели посебно што НЕ МИ ОДГОВОРИ НА МОЕ ПРАШАЊЕ околу антиковид вакцини и што значи имунизација,
Вакцината е одобрена и од FDA и од EMA под emergency use authorization. Што го пишува и на секоја вакцина! Додека твојов умрен прирачник не спаѓа ниту во таа категорија!
... јас те прашав за трета доза, бустер на Фајзер дали е одобрено за сите над 16 год, не туку ми врти општо, точно е прецизирано КОЈ точно може да прима трета доза, бустер, како тоа сега не важи медицина базирана на докази и клинички студии?
...туку што пак ти одговарам, твојот простачки речник да си го примениш на кванташки кога ќе правиш муабет таму, колку далеку си просперирал, те нема, те нема на форумов, ќе се појавиш ќе плукнеш, па пак ќе те снема!
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.419
... жалосно ако си медицинско лице, само тоа можам да ти кажам, простачки речник само ја покажува твоја иднина, ако кудиш некој прирачник дај просветли со толку применливи препораки што толку ги фалиш, дај да видиме препорака на кислородна подршка, антикоагулациона терапија, посебно ме интересира терапиите кои се препорачува на тие твои фантомски препораки базирани на доказии и студии, нели посебно што НЕ МИ ОДГОВОРИ НА МОЕ ПРАШАЊЕ околу антиковид вакцини и што значи имунизација,

... јас те прашав за трета доза, бустер на Фајзер дали е одобрено за сите над 16 год, не туку ми врти општо, точно е прецизирано КОЈ точно може да прима трета доза, бустер, како тоа сега не важи медицина базирана на докази и клинички студии?
...туку што пак ти одговарам, твојот простачки речник да си го примениш на кванташки кога ќе правиш муабет таму, колку далеку си просперирал,
Одобрен ли ти е бустерот? ....м?


 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
,,..Стручниот совет на ФДА минатиот петок оцени дека поради податоците со кои располагаат не оправдуваат вакцинирање со трета доза на општата популација над 16 години...,,
,,...Третата доза ќе можат да ја добијат сите граѓани кои се изложени на ризик од зараза на своето работно место, без разлика на возраста и дали имаат или немаат хронични здравствени состојби. На овој начин ги следиме препораките од други европски земји и САД“...,,
... ваков хаос никој нема да го разбере тука, разглоби го и пиши да те разберат сите, постапно и онака како што знаеш да се фалиш, а не линк и си завршил работа,
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.419
,,..Стручниот совет на ФДА минатиот петок оцени дека поради податоците со кои располагаат не оправдуваат вакцинирање со трета доза на општата популација над 16 години...,,
,,...Третата доза ќе можат да ја добијат сите граѓани кои се изложени на ризик од зараза на своето работно место, без разлика на возраста и дали имаат или немаат хронични здравствени состојби. На овој начин ги следиме препораките од други европски земји и САД“...,,
... ваков хаос никој нема да го разбере тука, разглоби го и пиши да те разберат сите, постапно и онака како што знаеш да се фалиш, а не линк и си завршил работа,
Аааа не! Гуглање, преведуење е твој посао. Јас барем ти дадов релевантен извор.

Thank me later
Автоматски споено мислење:

.. колку далеку си просперирал, те нема, те нема на форумов, ќе се појавиш ќе плукнеш, па пак ќе те снема!
Доаѓам од време на време и ме снемува ДА, пошто вака ја замислуем бијонс :)
FB_IMG_16265954977544874.jpg
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
Доаѓам од време на време и ме снемува ДА, пошто вака ја замислуем бијонс :)
Прегледај го приврзокот 309100
...си ја промашил темата и подфорумот, па офтопик ти е овој дел од коментарот со се фотката, еве тука ,,замисли си ја,, !
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
ПРИРАЧНИК ЗА ТРЕТМАН И ПРЕВЕНЦИЈА НА COVID-19

Прва придружна болница, Медицинска школа - Универзитет Жеијанг
Составен според клиничко искуство.


Психолошка поддршка на пациентите со COVID-19

Психолошки стрес и симптоми на COVID-19 пациенти

Потврдените пациенти со Ковид-19 често имаат симптоми на каење и гнев, осаменост и беспомошност, депресија, анксиозност и фобија, иритација и недостаток на сон, некои пациенти може да имаат панични напади.

Психолошката евалуација во изолираните оддели покажале дека околу 48% од потврдените Ковид-19 пациенти манифестираат психолошки стрес за време на почетниот прием во одделите, како резултат на емоционалната реакција на стресот, додека кај критично болните пациенти процентот на делириум е висок, било евидентиран дури и енцифалитис предизникан од Ковид САРС- Ков-2 предизвикувајќи психолошки симптоми како бесвесност и иритабилност.

Воспоставување на динимичен механизам за евалуција и процена на психолошка криза

Психолошката состојба на пациентите (индивидуален психолошки стрес, расположение, квалитет на сон и притисок) треба да се мониторираат секоја недела после приемот како и пред отпуштањето.
Методи коишто се користат за само-евaлуација:
- Прашалник за само-евалуација/извештај,
- Прашалник за состојбата на здравјето на пациентот,
- Генерализирано анксиозно нарушување.

Евалуација од страна на доктор вклучува:
- Хамилтонова скала за процена на депресија (ХСПД),
- Хамилтонова скала за процена на анксиозност (ХСПА),
- Скала за позитивни и негативни синдроми (СПНС).
Во таква изолирана средина како што се одделите, препорачуваме пациентите да го пополнат прашалникот преку нивните мобилни телефони. Докторите можат да ги интервјуираат и да ја обработат процената лично или преку онлајн дискусија.


Пристап и третман во зависност од евалуација

Принципи на пристап и третман


За лесно симптоматско манифестните пациенти се препорачува психолошки поддршка. Методи за психолошка самопомош кои можат да бидат од корист се: вежби за правилно дишење и вежби за свесност. Кај средно и тешко изразени сиптоми на пациенти препорачуваме пристап и третман со комбинација на медикаменти и психотерапија.
За подобрување на расположението на пациентите и квалитетот на сон може да се препорачаат нови антидепресиви, анксиолитици и бензодијазепини. Втората генерација на антипсихотици како што се: оланзапин и кветијапин се користат за да се подобрат психотичните симптоми како што се илузија и дилузии.

Препораки за психотропни медикаменти кај постари пациенти

Кај средновечните или постари КОВИД-19 пациенти здравствената состојба често се комплицира поради постоење на коморбидитети како: хипертензија и дијабет. Затоа при избирањето на психотропни медикаменти мора да се земе во предвид интеракцијата на медикаментите и нивните ефекти на дишењето.
За да се ублажат симптомите на депресија и анксиозност препорачуваме да се користат: циталопрам и есциталопрам, за да се ублажи анксиозноста и квалитетот на сон да се користат бензодијазепини како што се: естазолам, алпразолам, а за ублажување на психотичните симптоми- оланзапин, кветиапин.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
Бремени жени за време на пандемија со SARS-CoV-2 (COVID-19)

Информација за сите бремени жени кои можеби не знаат, а работодавачите ги искористуваат за работа, скратено време на работа или па работа од дома (онлајн):

Владата донесе одлука која е неприкосновена и важи и во приватен и во државен сектор, за било кое работно место на жената доколку е БРЕМЕНАТА СО ПРВ ДЕН НА ДОКАЖАНА БРЕМЕНОСТ документовано и потврдено од гинеколог ЦЕЛОСНО СЕ ОСЛОБОДУВА ОД РАБОТНИ ОБРСКИ, додека трае пандемијата!

ice_screenshot_20211027-173750.jpeg

... доколку имате проблем со работодавачот за ослободување од работни обрски според член 13, точка 11 и член 16 од Одлука за превентивни препораки и времени мерки објавен во Службен весник уште од 04.11.2020 година, можете истиот да го пријавите во Државниот инспекторат за труд,

ice_screenshot_20211027-173807.jpeg

...така да, нема тука сакал работодавачот, сакал директорот, можело да се работи скратено или онлајн од дома или слични ескивирање на Одлуката на Владата само да работи бремената жена за време на пандемија, никој не може да ги прекрши донесените одлуки на Владата, додека истите не се сменат, бремената жена ќе си седи дома, ослободена од сите работни обрски!

...доколку некој не ги почитува одлуките и ја тера бремената вработена на работа, пријавите неправилности и непочитување на мерките за заштита на бремена жена од SARS-CoV-2 (COVID-19) донесени од Владата на веб страницата на Државниот инспекторат за труд!

 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
Антидепресивите Флуоксетин, Флувоксамин во голема мера го намалуваат лачењето на цитокини и со тоа има дополнителна придобивка за болните од болеста СОВИД 19

fluoxetine-500x500.jpg 1000x-1.jpg



... пандемијата со SARS-CoV-2 вирусот дава тежок акутен респираторен синдром, болест СОВИД 19 како глобален здравствен итен случај, поради недостиг на клинички терапевски опции, а потреба за ефективни лекови кои кои ќе го инхибираат влезот на SARS-CoV-2 и да ги ублажи потешките симптоми на инфекција со СОВИД 19 кај високо-ризични лица, ги користи сите нови сознанија како што се спордните ефекти на антидепресивните лекови (fluoxetine, fluvoxamine) во разни клинички студии,

... во овие студии, чии информации биле објавени уште во 2020 година се истражувало употребата на соединенија кои делувале на хомеостазата на интерфејсот на ендолизозомскиот домаќин-патоген, како што е флуоксетинот, широко користен антидепресив и функционален инхибитор на киселинската сфингомиелиназа (FIASMA) кој ефикасно го инхибира влегувањето и ширењето на SARS-CoV-2 во моделот на клеточна култура без цитотоксични ефекти, предизвикувајќи нарушување на ендолизозомална ацидификација и акумулација на холестерол во ендозомите.

... групата FIASMA (fluoxetine, fluvoxamine) се состои од голем број соединенија кои се добро толерирани и широко користени за широк спектар на клинички апликации, истражувањето на овие лиценцирани фармацевтски препарати може да понуди различни ветувачки како антивирусни средства за терапија насочена од домаќинот за да се спротивстави на вирусот SARS-CoV-2 и да ја олесни болеста СОВИД 19.

... научниците од Германија откриле дека антидепресивот флуоксетин го инхибира ширењето на SARS-CoV-2 во клеточните култури, чиј механизам на дејство е поврзан со зголемување на содржината на холестерол во мембранските везикули - ендолизозоми, кои го транспортираат вирусот во клетката, ова предизвикува синџир на настани, како резултат на што вирусот ја губи способноста да навлезе во цитоплазмата, флуоксетин како селективен инхибитор на повторно земање на серотонин, се користи како антидепресив многу години со добра толеранција и малку несакани ефекти.

...fluoxetine со своето споредно антивирусно дејство, според авторите на клиничките студии, може да се користи во терапија која ги стимулира заштитните функции на организмот - домаќинот на вирусот (т.н. терапија насочена кон домаќинот,

... fluvoxamine е селективен инхибитор на повторно земање на серотонин (SSRI) кој најчесто се користи за лекување на опсесивно-компулсивно нарушување и депресија, но може да има ефект и на воспалителните процеси, може да го намали производството на воспалителни цитокински молекули, кои можат да бидат предизвикани од инфекција со САРС-КоВ-2 и да го намали нивото на тромбоцити и да спречи згрутчување на крвта, за време на клиничка студија спроведена на повеќе од 1.500 заразени пациенти во Бразил, истражувачите откриле дека оние кои земале лек познат како флувоксамин (друг сличен како флуоксетин андидепресив) имале помали шанси да развијат потешки симптоми и да завршат во болница, при клиничката студија на 741 доброволци заболени од СОВИД 19 им дале 100 mg флувоксамин два пати на ден во тек на 10 дена, додека 756 другите добииле плацебо, меѓу пациентите кои примале флувоксамин, околу 11% биле хоспитализирани, во споредба со речиси 16% од оние кои примале плацебо,

... итересно да се спомне уште еден бенефит на овој лек кај ризичните пациети со прекумерна тежина, приметено е дека при третманот со флуоксетин како антидепресивен лек кај возрасни со прекумерна тежина или дебели, приметено им е намалување на апетитот како еден од неговите „несакани ефекти“ во овој поглед, постои сомневање дека флуоксетин може да се користи како опција за третман за луѓе со прекумерна тежина или дебели, па кај оваа група на луѓе, препишувањето флуоксетин значи третман за нерегистрирана индикација, односно флуоксетинот не е лиценциран (одобрен) за третман на дебелина, но не е лошо да се знае и овој факт.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
Комисија за заразни болести на МКД

Согласно член 249 од Законот за здравствена заштита член 59 од Законот за заштита на населението од заразни болести, на 15 март 2020 година, министерот за здравство Доц. Д-р Венко Филипче ја формираал Комисија за заразни болести како стручно, советодавно тело за справување COVID-19.

Членовите на Комисијата биле избрани од редот на истакнати стручњаци од областа на епидемиологијата, инфектологијата, микробиологијата, педијатријата, ветерината и други специјалности.


За претседател на Комисијата бил назначен Проф. д-р Миле Босилковски од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје.

За секретар на Комисијата е назначена д-р Кристина Ставридис од ЈЗУ Институт за јавно здравје.

Членови на Комисијата за заразни болести се:
Проф. д-р. Миле Босилковски , ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-Скопје.

Д-р. Зоран Стојановски, Министерство за здравство

Прим. Сузана Маневска, Министерство за здравство

Прим. др. Жарко Караџовски, ЈЗУ Институт за јавно здравје

Д-р. Владимир Миќиќ, ЈЗУ Институт за јавно здравје

Д-р. Милена Стевановиќ, ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје,

Д-р. Илир Демири, ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје,

Д-р. Наташа Најдановска-Алуловска, ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести,

Д-р. Виктор Исјановски, директор на ЈЗУ Здравствен дом-Скопје,

Проф. д-р. Милена Петровска, Институт за микробиологија и паразитологија, Медицински факултет-Скопје,

Прим. д-р. Александар Стојанов, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Скопје

Д-р. Иринка Сотирова Бухова, претседателка на Државен здравствен и санитарен инспекторат,

Д-р. Лилјана Деспотовска Ристовска, Државен здравствен и санитарен инспекторат,

Ванчо Новоселски, Агенција за храна и ветеринарство

Грета Николовска, Агенција за храна и ветеринарство

М-р Марија Милкова, Центар за управување со кризи

Д-р. Кристина Ставридис, ЈЗУ Институт за јавно здравје член и секретар на Комисијата,

Арта Кули како надворешен член на Комисијата Канцеларијата на СЗО- Скопје.

Последните кадровски измени во Комисијата за заразни болести се извршени на 15 март со одлука на Влада. Членовите на Комисијата функционираат на про боно основа. Оваа Комисија постои откога постои Министерството за здравство како засебен орган во државната управа и таа досега се справувала со сите епидемии во државата, а првпат со пандемија.

Прим. др. Жарко Караџовски, ЈЗУ Институт за јавно здравје, назначен за нов претседател на Комисијата за заразни болести,
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
Бремени жени од прв ден на бременост со доказ од гинеколог се целосно ослободени од работни обврски за време на пандемија со коронавирусот!

Бремени жени за време на пандемија со SARS-CoV-2 (COVID-19)

Информација за сите бремени жени кои можеби не знаат, а работодавачите ги искористуваат за работа, скратено време на работа или па работа од дома (онлајн):

Владата донесе одлука која е неприкосновена и важи и во приватен и во државен сектор, за било кое работно место на жената доколку е БРЕМЕНАТА СО ПРВ ДЕН НА ДОКАЖАНА БРЕМЕНОСТ документовано и потврдено од гинеколог ЦЕЛОСНО СЕ ОСЛОБОДУВА ОД РАБОТНИ ОБРСКИ, додека трае пандемијата!

Прегледај го приврзокот 311369

... доколку имате проблем со работодавачот за ослободување од работни обрски според член 13, точка 11 и член 16 од Одлука за превентивни препораки и времени мерки објавен во Службен весник уште од 04.11.2020 година, можете истиот да го пријавите во Државниот инспекторат за труд,

Прегледај го приврзокот 311370

...така да, нема тука сакал работодавачот, сакал директорот, можело да се работи скратено или онлајн од дома или слични ескивирање на Одлуката на Владата само да работи бремената жена за време на пандемија, никој не може да ги прекрши донесените одлуки на Владата, додека истите не се сменат, бремената жена ќе си седи дома, ослободена од сите работни обрски!

...доколку некој не ги почитува одлуките и ја тера бремената вработена на работа, пријавите неправилности и непочитување на мерките за заштита на бремена жена од SARS-CoV-2 (COVID-19) донесени од Владата на веб страницата на Државниот инспекторат за труд!


... да не се повторам, за сите бремени жени кои имаат проблем со целосно ослободување од работни обрски, доколку не наоѓате разбирање и сте во континуитет малтретирани на работно место, било да ве терат да работите онлајн, било да ве тераат да земете боледување за патолошка бременост и со тоа да бидете ослободени ама со 70% плата, знајте дека Владата донесе целосно ослободување од работни обрски на бремени жени според препораката на Комисијата за заразни болести по препорака на СЗО за време на пандемија со коронавирус, така да вашите препоставени не можат да измислат нови правила и препораки и да мижат дека сте ослободени од присуство на работа (фиичко, онлај, било какво), ако не можете да излезете на крај пријавете на Државен инспекторат и истите ќе бидат опоменати, па и санкционирани ако терат по свое!

 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
„...генетскиот инженеринг може да стави крај на пандемијата, но има и ризици што никој не ги презема..“ вели романски истражувач во Кембриџ, доктор по молекуларна ембриологија и генетика Октавијан Воикулеску каде понатаму објаснува што можеме да користиме во борбата против коронавирусот и каде е црвената линија што научниците не можат да ја поминат,

... експерти ширум светот работат на „супер вакцина“ која би ја неутрализирала секоја варијанта на САРС-КоВ-2 и целото семејство коронавируси, вклучително и оние што ќе се појават во иднина (некако неверно и тешко вероватно),

...битката околу новите антиковид вакцини се води главно во САД и Велика Британија, каде експертите веќе најавиле дека работеле на нова генерација антиковид вакцини кои би делувале не толку на протеинот Спајк, туку на делови од вирусот кои се движат побавно, кои теоретски би можеле да бидат цел на поопшти антиковид вакцини, според новото искуство кон илјадници варијанти на коронавирусот и сознание кои вирусни протеини не се менувале.

... постоела идеја за правење антиковид вакцини кои би ги таргетирале оние делови од вирусот кои побавно се движат кои се присутни во повеќето варијанти на вирусот.

... друг начин да се стави крај на пандемијата е генетскиот инженеринг со што научниците би имале можност да „фабрикуваат“ на вештачки начин нова варијанта на коронавирус со генетско уредување, многу позаразна, но безопасна, за да ги елиминираат другите постоечки, но никој не се осмелува да го стори тоа, затоа што не може да се предвиди какви ефекти може да има вештачкиот „фабрикуван“ вирус, дури и ако е дизајниран да реши моментално помал проблем, затоа што во светски размери, САРС-КоВ-2 не е којзнае што, тоа не е првата зоонозна инфекција не е како бубонска чума, во моментов тоа е сосема неетички, а причината е што не може да се знае што би направил тој вештачки вирус доколку мутира, така да никој не дава гаранција дека коронавирусот од кој сакаме да се ослободиме нема да еволуира и нема да произведе варијанти кои би биле помалку чувствителни на имунитетот што би го дал вештачкиот вирус,

... може да се направи генетски инженеринг и кај луѓето, зашто не се вклучени многу човечки гени (вклучен е генот за рецепторот ACE 2), инаку, познато е дека коронавирусот има интеракција со човечките гени, вирусот се базира на производ на човечки ген, така да преку ACE2 рецептор откако ќе влезе внатре, рибозомите ја транскрибираат вирусната РНК, како што ја транскрибираат секоја гласничка РНК, и се составуваат користејќи целосно генерички компоненти на човечка клетка, така да не се чепка тука, единственото нешто што може да се направи да се нападне генот за рецепторот преку кој вирусот влегува во клетката,
... тој е рецептор преку кој коронавирусот влегува во клетката е рецептор за ангиотензин и природно кој има врска со регулирање на крвниот притисок, како главна улога, но има и други улоги и ако тука се рагира доаѓа до пореметување на регулацијата на дилатација и кнстрикција на крвните садови и се создава покомплицирана ситуација потколку самото уништување на вирусот кој навлегол во клетката!

...така да, се додека ќе има нова генерација антиковид вакцини, или барем некои целосно ќе бидат прилагодени на сојот Омикрон, решението останува да биде антиковид вакцинација и почитување на протоколи и правила за спречување на инфекција.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
Превземен текст (цитирам) :

„... Т-клетките, кои можат да „памтат“ инфекции од минатото и да ги убиваат патогените кога повторно ќе се појават, имаат големо влијание врз тоа колку долго пациентите остануваат отпорни на повторно заразување со Ковид-19.

Клетките, чија големина и сложеност ги засенуваат ситните антитела, се чини дека влијаат и на нивото на колективниот имунитет, кој е потребен за да се потиснат новите бранови на болеста.

Антителата навистина изгледаат малку несигурни и краткотрајни во крвта, додека има многу докази дека Т-клетките се долготрајни“, вели Мала Мани, професорка по вирусна имунологија на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Луѓето што во 2003 година оздравеле од Сарс, болеста што е најтесно поврзана со Ковид-19, сè уште покажуваат клеточен имунитет кон тој коронавирус 17 години подоцна.

Т-клетките, кои циркулираат во крвта, можат да ги заштитат луѓето што биле заразени и оздравеле од новиот коронавирус, но веднаш потоа немаат мерливи антитела!

Имунитетот, кон која било инфекција, произлегува од комплицираното содејство на различни клетки и протеини како што се антителата, кои се произведуваат во различни човечки ткива. Некои од нив се дизајнирани да ги препознаваат напаѓачките микроби. Други, имаат задача да ги уништат.

Т-клетките доаѓаат во неколку различни типови, вклучувајќи убијци Т-клетки, помошници Т-клетки и мемориски Т-клетки.

Потоа постојат Б-клетки, уште една клучна категорија на бели крвни зрнца.
Меѓу другите улоги на Б-клетките е и улогата на фабрика за антитела на имунолошкиот систем.

Ал Едвардс, вонреден професор на Фармацевтскиот факултет на Универзитетот Рединг, дава споредба: „Т-клетките го вкусуваат вирусот, додека антителата го чувствуваат вирусот“, вели тој.

Т-клетките можат да промовираат реакции на антителата, а реакциите на антителата можат да промовираат реакции на Т-клетките. Овие два системи работат заедно, дури и ако веќе немате забележливи циркулирачки антитела, тоа не мора да значи дека немате заштитнички имунитет, затоа што веројатно имате мемориски имунолошки клетки (Б и Т клетки) што можат брзо да почнат акција и да покренат нова имунолошка реакција ако повторно се сретнете со вирусот“, додава проф. Маини од УЦЛ, така, можеби ќе добиете поблага инфекција.

Една од причините зошто антителата треба да се во фокусот на вниманието, е тоа што тие се далеку полесни за мерење со дијагностичките тестови од Т-клетките, кои се скоро 10.000 пати поголеми.
Проблемот е во тоа што антителата понекогаш брзо бледнеат, особено кај луѓето што имале благи или немале никакви симптоми на Ковид-19, што ги прави несигурен показател за мината инфекција.

Доказ од научна студија за значењето на клеточниот имунитет кај прележани пациенти, но и кај луѓе кои дошле во контакт со SARS CОV-2.

Имунитетот на Т-клетките е важен за закрепнување од КОВИД-19 и обезбедува зголемен имунитет против повторна инфекција.

Сепак, малку е познато за САРС-КоВ-2-специфичниот имунитет на Т-клетките кај лица изложени на вируси. Тука авторите известуваат за специфична вирусна CD4 + и CD8 + меморија на Т-клетки кај опоравени пациенти со КОВИД-19 и кај блиските контакти.

Авторите исто така ја демонстрираат големината и квалитетот на меморискиот потенцијал на Т-клетките на пациентите со КОВИД-19 како поголеми и подобри од оние на блиски контакти.

Сепак, капацитетот за размножувањето, големината и квалитетот на одговорите на Т-клетките при блиските контакти лесно се разликуваат од здравите донатори, што укажува на тоа дека блиските контакти се во можност да добијат имунитет на Т-клетките против SARS-CoV-2 и покрај тоа што нема инфекција која може да се открие односно манифестира.

Дополнително, асимптоматските и симптоматските пациенти со КОВИД-19 содржат слични нивоа на САРС-КоВ-2-специфични мемориски Т-клетки.
Генерално, оваа студија ја покажува разноврсноста и потенцијалот на мемориските Т-клетки од пациенти со КОВИД-19 и блиски контакти, што може да биде важно за заштита на домаќинот.

Испитувајќи значителен број клинички примероци, авторите утврдиле САРС-КоВ-2-специфичен мемориски Т-клеточен имунитет кај пациенти со КОВИД-19 со различни клинички симптоми.

И покрај некои суптилни разлики, повеќето пациенти развиле мерливи количини на САРС-КоВ-2-специфични CD4 + и CD8 + мемориски Т-клетки кои стабилно се одржувале помеѓу 48-86 дена по закрепнувањето.

Важно е дека ова откритие за присуство на значителни нивоа на САРС-КоВ-2-специфичен мемориски Т-клеточен имунитет кај група на лица (блиски контакти) кои биле изложени на вирусот, но не биле заразени од вирусот, потенцира некои уникатни карактеристики во динамичките интеракции помеѓу САРС-CoV-2 и неговиот човечки домаќин.

Иако вкрстено-реактивните мемориски Т-клетки биле присутни кај здрави донатори кои никогаш не биле изложени на САРС-CoV-2, нивната улога во заштитата на домаќинот треба темелно да се испита бидејќи тие не биле во можност да се размножат.

Овие анализи додаваат важни информации за пејсажот на имунолошки реакции на низа индивидуи како одговор на примарната средба на САРС-CoV-2 за време на првиот бран на пандемијата.

Ништо ново и посебно, уште лани Сладолјев коментираше согласно научна студија објавена во „SCIENCE“, која открива дека кај починатите од ковид-19 се детектирани антитела кон интерферон (нова автоимуна болест, да го наречеме автоимуно заболување на интерферонската сигнализација, АБИС!)

Со секоја инфекција, особено лажна и долгорочно индуцирана од вакцините, телото се обидува да ја лоцира инфекцијата со сложени механизми на ИМУНОЛОШКИ НАДЗОР, со кој засилено се фрагментираат и анализираат ТОЧНО СИТЕ протеини произведени од ТОЧНО СИТЕ клетки (да не заборавиме дека и заразените клетки произведуваат и вирусни протеини).

Ова е ЕДИНСТВЕН НАЧИН на кој адаптивниот имунолошки систем може ПОСЕБНО да го препознае непознатото, а непознатото може да се смени само од себе (како кај туморите), па дури и сопствениот детал што имунолошкиот систем не успеал да го види за време на феталниот развој!!

Во опишаната ситуација на контрола на имунитетот, имунолошкиот систем проверува баш СЕ, и секако структурната исправност на сопствените сигнални молекули, вклучително и ИНТЕРФЕРОНОТ!

И токму со интерфероните, ТОЧНО СИТЕ КЛЕТКИ (освен еритроцитите) интензивно комуницираат, барајќи ја инфекцијата со активирање на стотици гени со цел да се одбранат од тоа.

Имунолозите добро знаат што е обработка и презентација на антиген!

Без него, нема имунолошки надзор, ниту специфична одбрана.
Па, сето тоа е под контрола на интерферон!

Кај некои луѓе, имунолошкиот надзор при вакцинирањето поради вакцините, очигледно „наоѓа“ грешка - во интерферонот!
И тогаш се случува, на пример наместо вакцината против грип да ги заштити од грип, поради вакцината тие да останат „ослободени“ од интерферон, односно БЕЗ ОДБРАНА ОД СИТЕ ВИРУСИ.

Луѓето мислат дека го добиле резултатот од PCR на хартија, каде што е напишано позитивен или негативен. Не, овие не се резултати од PCR.

Резултатите од PCR се криви, кои треба да покажат колкав е интензитетот на светлината (концентрација на молекули, ако сте ха пресметале од интензитетот на светлината) во зависност од бројот на циклуси на PCR засилувањето.

Во Македонија се користат различни PCR. Се бележат 3 различни сегменти на генетски материјал и се користи друг како контрола.

Повеќе за тоа во упатствата на овој линк...
https://www.aidian.eu/.../GeneFinder-COVID-19-RealAmp...

Значи треба да добиете резултат од тестирањето што се состои од графикон со 4 криви.
Дали добивате и издавате таков резултат од пребарување?

И тогаш тој графикон/резултатот од тестирањето се толкува како што е наведено во табелата на страница 7 од документот, чија линк е ставен погоре.

Кога ќе добиете резултат со број/квантитет на вирусно оптеретување/полнење, тогаш ќе добиете одговор на прашањето кој PCR е направен за вас и колку циклуси на репликација биле користени!

Ова се основните податоци врз основа на кои може да се процени дали воопшто сме болни!!

Барање на Хрватскиот завод за Јавно здравје до сите лаборатории во Хрватска кои прават PCR тестирање да ја усогласат интерпретацијата на резултатите од PCR со клиничката слика!!!

Кај нив најголем број позитивни случаи се добиени од 26-28 циклуси.
Многу пати пишував и укажував дека кај нас нема дефиниран број на циклуси и количество на вирусно оптеретување.
И се уште нема!
Не е исто дали некој е позитивен на 40 или на 28 циклуси! ...“

затворен цитатат!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom