Pop-up Дежурна Ординација COVID-19 edition

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
ПРИРАЧНИК ЗА ТРЕТМАН И ПРЕВЕНЦИЈА НА COVID-19

Прва придружна болница, Медицинска школа - Универзитет Жеијанг
Составен според клиничко искуство.

Антивирусна терапија за навремено отстранување на патогени
Раниот антивирусен третман може да ја намали појавата на тешки и критични случаи.Иако не постојат клинички докази за ефективни антивирусни лекарства, тековните антивирусни стратегии засновани врз карактеристиките на SAR-CoV-2 се усвоени согласно Протоколите за дијагноза и лекување на COVID-19: Спречување, контрола, дијагностицирање и управување.

-Антивирусна терапија

Во ФАХЗУ, лопинавир/ритонавир (2 капсули, орално на 12 часа) во комбинација со арбидол (200 mg на 2 часа) беа применувани како основен режим. Како резултат од оваа терапија на 49 пациенти во нашата болница, просечното време за добивање прв негативен тест за вирусна нуклеинска киселина беше 12 дена (95% Cl /интервал на доверба/: 8-15 дена). Времетраењето на негативен резултат на тестот на нуклеинска киселина (негативен повеќе од 2 последователни теста во интервал ≥24ч.) беше 13.5 дена (95% Cl /интервал на доверба/: 9.5-17.5 дена).

Доколку не е ефективен основниот режим, може да се користи хлорохиден фосфат за лица на возраст меѓу 18-65 години (тежина ≥ 50 кг; 500 mg двапати дневно; тежина ≤ 50 kg: 500 mg двапати дневно првите два дена и 500 mg дневно следните пет дена)

Во Протоколите за дијагноза и лекување на КОВИД-19 се препорачува интерферон небулизација. Препорачуваме да се изврши во одделенија со негативен притисок, наместо во општи одделенија, заради можноста за пренесување на аеросоли.

Дарунавир/кобицистат
има одреден степен на антивирусна активност во ин витро тест за вирусна супресија, согледано преку искуствата со пациентите со СИДА, а несаканите ефекти се релативно благи. За пациентите кои се нетолерантни на лопинавир / ритонавир, после етичко разгледување се дојде до алтернативна опција со дарунавир / кобицистат (1 таблета дневно) или фавипивавир (почетна доза од 1600 мг проследено со 600 мг трипати дневно). Не се препорачува истовремена употреба на три или повеќе антивирусни лекови.

Тек на лекување

Лекувањето со хлорохиден фосфат не треба да трае подолго од 7 дена. Текот на лекување со други терапии сѐ уште не е утврден и најчесто трае околу 2 недели. Антивирусните лекарства треба да се прекинат доколку повеќе од трипати се добиваат негативни резултати од тестот за нуклеинска киселина од примероци на плунка.

- Употреба на глукокортикоиди според потреба

Треба што е можно порано да се разгледа можноста за соодветна и краткотрајна употреба на кортикостероиди кај пациенти со со тешка пневмонија COVID-19 заради инхибирање на цитокинска каскада и за да се спречи прогресија на болеста. Сепак, треба да се избегне употреба на висока доза на глукокортикоиди заради несакани ефекти и компликации.

Индикација за кортикостероиди
- кај лицата во тешка и критична фаза;
- кај лицата со непрекината треска (температура над 39°C};
- кај лицата чија компјутерска томографија (КТ) покажала атенуација на млечно стакло или пак повеќе од 30% од белите дробови се зафатени;
- кај лицата чија КТ покажала брзо напредување (повеќе од 50% област се прикажала како зафатена на пулмонарните КТ снимки во рок од 48 часа);
- кај лицата чиј IL-6 е над ≥ 5 ULN.

Примена на кортикостероиди

За почеток се препорачува метилпреднизолон во доза од 0,75-1,5 mg/kg интравенозно еднаш дневно (скоро 40 мг еднаш или двапати на ден). Сепак, метилпреднизолон во доза од 40 mg на 12 часа може да се дава на пациенти со опаѓачка телесна температура или на пациенти со значително зголемени цитокини под редовна доза на стероиди. Дури и метилпреднизолон во доза од 40 mg-80 mg на 12 часа може да се дава на критични пациенти. Будно да се следи телесната температура, заситеноста на кислородот во крвта, комплетната крвна слика, C-реактивните протеини, цитокините, биохемискиот профил и КТ на белите дробови на секои 2 до 3 дена во текот на третманот по потреба.
Дозата на метилпреднизолон треба да се преполовува секои 3 до 5 дена доколку се подобрува состојбата на пациентот, се нормализира телесната температура или лезиите на КТ значително се аспорбираат. Се препорачува орален метилпреднизолон (Медрол) еднаш дневно кога интравенската доза се намалува на 20 мг на ден. Терапијата со кортикостероиди не е цврсто дефинирана; некои експерти предлагаат прекинување на терапијата со кортикостероиди кога пациентите се речиси закрепнати.

Да се обрне посебно внимание на :

- тестирање на ТБ преку Т-СПОТ анализа, хепатит Ц и хепатит Б преку анализа на антитела пред да се започне со кортикостероидна терапија;

- да се размисли за користење на инхибитори на протонската пумпа заради спречување на компликации;

- да се следи гликозата во крвта. Високото ниво на гликоза во крвта да се третира со инсулин според потреба;

- да се третира нискиот серумски калиум;

- редовно да се следи функционирањето на црниот дроб;

- може да се користат традиционални кинески билни лекови за пациентите кои се потат;

- седативни хипнотици може привремено да се користат за пациентите со нарушено спиење.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
ПРИРАЧНИК ЗА ТРЕТМАН И ПРЕВЕНЦИЈА НА COVID-19

Прва придружна болница, Медицинска школа - Универзитет Жеијанг
Составен според клиничко искуство.

Рационална употреба на антибиотици за спречување на секундарна инфекција.

COVID-19 е заболување од вирусна инфекција, па затоа антибиотици не се препорачуваат за спречување на вирусна инфекција, внимателно да се користат кај тешко заболени пациенти во зависност од нивната состојба.

... антибиотици можат да се користат во поединечни случаи и со одлука на лекар кога ги имаат следниве состојби:
- екстензивни лезии на белите дробови;
- прекумерна бронхијална секреција;
- хронични заболувања на дишните патишта со историја на патогена колонизација во долниот респираторен тракт;
- земање глукокортоиди во доза од ≥ 20 mg x 7d (преднизон).
- можни антибиотици за користење вклучуваат кинолони, втора или трета генерација цефалоспорини, β – лактамаза инхибитори и др.

... антибиотиците треба да се користат за спречување на бактериска инфекција кај критично заболени пациенти, особено кај оние на инвазивна механичка вентилација, антибиотиците како што се карбапемени, β – лактамаза инхибитори, линезолид и ванкомицин може да се користат кај критично болни пациенти согласно поединечните фактори на ризик.

... симптомите, знаците и индикаторите кај пациентот, како што се комплетна крвна слика, „C“-реактивен протеин и прокалцитонин, треба внимателно да се следат за време на третманот, кога ќе се воочи промена кај состојбата на пациентот, треба да се направи сеопфатна клиничка проценка.

... кога не може да се исклучи секундарната инфекција, треба да се земат соодветни примероци за тестирање со подготовка на брис, култивирање, нуклеинска киселина, антиген и антитело, за да се утврди причинителот што е можно порано.

Антибиотиците може да бидат емпириски користени во следниве случаи:

1) Зголемено искашлување, потемна боја на секретот, особено жолт гноен секрет;
2) Пораст на телесната температура кој не е резултат на влошување на првичното заболување;
3) Значително зголемување на белите крвни клетки и / или неутрофили;
4) Прокалцитонин ≥ 0,5 ng/mL;
5) Егзацербација на индексот на оксигенација или нарушување на циркулацијата што не е предизвикано од вирусната инфекција;
и други состојби за кои постои сомнение дека се предизвикани од бактериски инфекции.

... сите пациенти заболени од КОВИД-19 се под ризик од секундарни габични инфекции како резултат на ослабениот клеточен имунитет, употребата на глукокортикоиди и/или антибиотици со широк спектар, неопходно е да се направат микробиолошки детекции на респираторните секрети вклучувајќи подготовка и култивирање на брис кај критично болните пациенти и навремено да се направи анализа на Д-глукоза (Г-тест) и галактоманан (ГМ-тест) на крвта или бронхоалвеоларна лаважа на течности кај сомнителни пациенти.

... неопходно е да се внимава на можна инвазивна инфекција со кандидијаза и анти-габична терапија, флуконазол или ехинокандин може да се користат во следниве случаи:

- кај пациенти кои примаат антибиотици со широк спектар во текот на седум дена или подолго;
- кај пациенти со парентерална исхрана;
- кај пациенти подложени на инвазивно испитување или третман;
- кај пациенти чиј примерок земен од два или повеќе дела на телото покажува позитивна култура на кандида;
- кај пациенти со значително зголемени резултати на Г-тестот.

Неопходно е да се внимава на можна инвазивна пулмонална аспергилоза.

Анти-габична терапија, на пример со вориконазол, покаконазол или ехинокандин, може да се користи во следниве случаи:

- кај пациенти кои добиваат глукокортикоид седум или повеќе дена;
- кај пациенти кои имаат агранулоцитоза;
- кај пациенти кои имаат хронично опструктивно белодробно заболување и имаат позитивна култура на аспергилус во примерокот земен од дишните патишта;
- кај пациенти кои имаат значително зголемени резултати на ГМ-тестот.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
ПРИРАЧНИК ЗА ТРЕТМАН И ПРЕВЕНЦИЈА НА COVID-19

Прва придружна болница, Медицинска школа - Универзитет Жеијанг
Составен според клиничко искуство.

Микроеколошки интервенции

- можат да ја намалат транслокацијата на бактерии и секундарните бактериски инфекции,
- можат да го зголемат присуството на доминантната гастроинтестинална флора,
- можат да го инхибираат развојот на патолошки бактерии,
- можат да го намалат создавањето на токсини и да го намалат бројот на инфекции предизвикани од нарушување на цревната микрофлора.

- можат да доведат до подобрување на гастроинтестиналните симптоми кај пациентите,
- можат да ја намалат количината на вода што се губи со течните столици, да се подобри конзистенцијата на фецесот, да се намалат фрекфенциите на дефекација и да се намали дијареата преку инхибиција на атрофија на интестиналната мукоза.

... болници кои поседуваат соодветни ресурси можат да направат анализи на цревната флора, со што ќе се придонесе за рано откривање на нарушувањата и преземање на соодветни мерки:
- прилагодување на дозата на антибиотици,
- воведување на пробиотици во терапијата,
со сето ова може да се намалат шансите на интестинална бактериска транслокација и гастроинтестинални инфекции.

Нутритивна подршка

... обезбедување на нутритивна подршка е важен чекор во одржување на интестиналната микрофлора, таа треба да биде навремено обезбедена, земајќи ги притоа во предвид и нутритивните ризици, гастроинтестиналната функција и аспирационите ризици.

... пациентите со тешка и критична форма на COVID-19 се оние со највисок нутритивен ризик, со што рана евалуација на нутритивните ризици, гастроинтестиналната функција и ризикот од аспирација, како и навремено воведување на парентерална исхрана се важни чекори кон подобрување на прогнозата за овие пациенти.

... секаде каде е возможно се бира исхрана по орален пат, на овој начин се обезбедува нутритивна подршка, но се обезбедуваат и други бенефити:
- добра функционалност на цревата,
- подобрување на мукозната бариера,
цревниот имунитет и одржување на цревната микрофлора.

Ентерална исхрана
... се практикува кај тешки и критични пациенти кај кои често има акутни оштетувања на гастроинтестиналниот систем како што се абдоминална дистензија, дијареа и гастропареза, кај пациентите кај кои е направена трахеална интубација пожелно е да се врши пост-пилорична исхрана со интестинална сонда.

Избор на раствор за ентерална исхрана.
... за пациенти со оштетување на гастроинтестиналната мукоза треба да се припремаат раствори со предигестирани пептиди поради нивната лесна цревна ресорпиција и искористување, додека за пациенти со релативно добра гастроинтестинална функција може да се припремаат раствори со цели протеини и висок калориски индекс, а за пациенти со хипергликемија треба да се изберат раствори кои обезбедуваат добра гликемиска контрола.

Енергетски потреби
25-30 калории на килограм телесна тежина со протеинска содржина од 1.2-2.0 g/kg дневно.

Начин на снабдување
... препорачлива е апликација на растворот со постојана брзина, почнувајќи со помала доза која постепено се зголемува, доколку е возможно растворот за ентерална исхрана треба да биде загреан за да се намали степенот на интолеранција.
... постари пациенти кај кои има висок ризик од аспирација или пациенти кај кои има изразена абдоминална дистензија може привремено да се постават на парентерална исхрана, со подобрување на нивната состојба, парентералната исхрана треба постепено да биде заменета со ентерална или орална исхрана.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
ПРИРАЧНИК ЗА ТРЕТМАН И ПРЕВЕНЦИЈА НА COVID-19

Прва придружна болница, Медицинска школа - Универзитет Жеијанг
Составен според клиничко искуство.

EKMO (екстракорпорална мембранска оксигенација) поддршка за пациенти со COVID-19

... COVID-19 е нова, високо заразна болест, кое примарно ги напаѓа белодробните алвеоли и доведува до оштетување на белите дробови и респираторна инсуфициенција кај критично болните пациенти, за примена на екстракорпорална мембранска оксигенација (ЕКМО) во третманот на болни од COVID-19, медицинскиот персонал треба да обрати внимание на следново:

- времето и значењето на навремено отпочнување на интервенцијата,
- антикоагулантна терапија и ризик од крвање,
- координација со механичка вентилација,
- ЕКМО кај буден пациент и отпочнување на рана рехабилитација,
- стратегија за справување со компикации.

ЕКМО и време на интервенирање:
1. Животоспасувачка ЕКМО (екстракорпорална мембранска оксигенација)

... кога пациентот е на механичка вентилација се преземаат следниве мерки како протективна белодробна вентилација и прон позиција на лежење (пациент свртен на стомак), во времетраење од 72 часа и доколку дојде до појава на една од следниве состојби, потребно е да се размисли за воведување на ЕКМО во терапискиот протокол:

- Pa02/Fi02 < 80 mm Hg (независно од вредноста на PEEP)
- Pplat ≤ 30 mm Hg, Pa CO2 > 55 mm Hg;
- настанување на пнеумоторакс, „leek“ поголем од 1/3 од дишниот волумен (Tidal volume) во времетраење подолго од 48 часа.
- влошување на хемодинамските параметри со дозирање на Норепинефринот повеќе од 1mcg/kg/min);
- срцево-белодробно и мозочно оживување- СБМО “in vitro” во рамки на екстракорпорална мембранска оксигенација (ECPR).

2. Супортивна ЕКМО (екстракорпорална мембранска оксигенација)
... кај оние пациенти кај кои долготрајна механичка вентилација не е соодветна, односно не се постигнуваат посакуваните резултати супортивна ЕКМО терапија треба да се отпочне што поскоропри што треба да се земе во предвид при следните состојби:

- намалена белодробна комплијанса оо направениот “recruitment” маневар, комплијансата на белите дробови останува помала од 10 mL/cmH2O;
- перзистентна егзацербација на пнеумомедијастинум или субкутан емфизем, параметрите на механичка вентилација не може да се намалат ни по 48 часа.
- ако Pa02/Fi02<100 mmHg и не може да се подобри со рутински методи во рок од 72 часа.

3. Рана ЕКМО (екстракорпорална мембранска оксигенација) кај буден пациент
... рана ЕКМО кај буден пациент може да се примени кај оние пациенти кои биле на механичка вентилација со високи параметри повеќе од седум дена и кои ги исполнуваат критериумите за ЕКМО во будна состојба:

- пациентот е комплетно свесен, откако ќе му се објасни процедурата целосно, вклучувајќи ги и неговите одговорности во однос на истата, дава согласност за аплицирање на истата,
- пациентот нема невромускулни заболувања,
- резултат за белодробно оштетување по Murry > 2.5
- умерена пулмонална секреција со временскиот интервал помеѓу две аспирации на дишни патишта е >4 часа,
- хемодинамски стабилен, не се потребни вазоактивни агенси при терапија.

Методи за катетеризација
... бидејќи времето на поддршка со ЕКМО (екстракорпорална мембранска оксигенација) кај повеќето пациенти со COVID-19 е поголемо од 7 дена, за поставување на периферен венски катетер воден под ултразвук, треба што повеќе да се користи Seldinger – овот метод, на тој начин би се намалило крварењето и ризикот од инфекција, особено во раната фаза кај будни пациенти на ЕКМО.
... интраваскуларна катетеризација со венска ангиотомија треба да се земе предвид само кај пациенти чии крвни садови се во лоша состојба, пациенти кај кои не може да се изведе ултразвучна катетеризација или пациенти кај кои неуспешно е изведен Seldinger-овиот метод.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
ПРИРАЧНИК ЗА ТРЕТМАН И ПРЕВЕНЦИЈА НА COVID-19

Прва придружна болница, Медицинска школа - Универзитет Жеијанг
Составен според клиничко искуство.

Избирање на модус на ЕКМО

... прв избор за пациенти со респираторна слабост е V-V (венско-венски) модус на ЕКМО, V-A (венско- артериски) модус не би требало да биде прв избор, поради можни цирулаторни нарушувања.

- за пациенти со респираторна слабост кои во исто време имаат и кардолошко влошување со PaO2/FiO2<100 mmHg, V-A-V (венско-артериско-венскиот) модус е најсоодветно да се одбере со проток >6L/min и да се одржува V/A=0.5/0.5 во моменталните граници.

- за пациентите со COVID-19 кои имаат тешка респираторна слабост, која се комплицира со тешко кардиоваскуларно влошување, водејќи до кардиоген шок, треба да се избере V-A модус на ЕКМО, тогаш потребна е IPPV- поддршка на механичка вентилација и затоа ЕКМО кај буден пациент треба да се избегне.

Прилагодување на проток и целно снабдување со кислород

- иницијалниот проток треба да биде > 80% од ударниот волумен (cardiac output (CO)), со саморегулирачки циклус < 30%.

- целта е да се одржи SpO2 > 90%. FiO2 < 0.5 се постигнува со помош на механичка вентилација или други видови на оксигенотерапија.

- за да се осигура зададениот проток кај сите пациенти потешки од 80кг, треба да има обезбедена венска линија со венски канили кои имаат минимален промер 22-24Fr.

Прилагодување на вентилацијата

... нормалнo одржување на вентилацијата, преку прилагодување на размената на гасови:

- иницијалниот проток (“flow”) на мешавината на гасови треба да биде во сооднос 1:1, основна цел е да се одржи PaCO2<45mmHg, за пациенти со ХОББ, нивото на PaCO2 треба да биде помалку од 80% од базалните вредности.

- респираторната сила и фрекфенцијата на дишење (RR), треба да се одржи 10-20 респирации/мин и пациентот да не се жали на отежнато дишење.

- мешавината на гасови во V-A модусот мора да обезбеди pH 7.35-7.45, вредност на крвта надвор од мембраната за оксигенација.

Противкоагулациона терапија и превенција на крварење

- кај пациенти без активно крварење, без висцерално крварење и број на тромбоцити > 50x 109/L препорачана почетна доза на хепарин е 50 U/kg.

- кај пациенти со активно крварење или со број на тромбоцити е <50x 109/L, препорачана почетна доза на хепарин е 25 U/kg.

- целта е да се постигне активирано парцијално протромбински време (aPPT) 40- 60 секунди, освен aPPT, во предвид треба да се земе и трендот на промена на Д- димери.

Интервенции без хепарин може да се изведат во следните ситуации

- ЕКМО поддршката мора да продолжи но постои тешко или активно крварење кое мора да се контролира;
- целиот систем мора да биде обезбеден со хепарин а протокот на крв мора да биде поголем од 3 l/min, препорачаното времетраење е помало од 24часа. - заменски уреди и потрошен матријал треба да бидат обезбедени на време.

- резистенција на хепарин, во одредени ситуации и покрај соодветна употреба на хепарин не може да се постигне целната вредност на aPTT и во секој случај настанува пореметување коагулацијата на крвта, во ваков случај потребно е да се мониторира нивото и активноста на плазматски антитромбин III (ATIII), но доколку активноста на плазматскиот антитромбин III е намалена, потребно е да се апицира свежа смрзната плазма (ССП) за да се намали резистенцијата кон хепарин.

- хепарин предизвикана тромбоцитопенија (ХИТ), доколку настане ХИТ, препорачиво е да се направи плазмафереза или да се замени хепарин со аргатробан.

Одвикнување од ЕКМО и механичка вентилација

- ако пациентот кој е третиран со V-V ЕКМО во комбинација со механичка вентилација ги задоволува условите за спроведување на ЕКМО кај буден пациент, се препорачува да се направат обиди за одвикнување од механичка вентилација, освен ако пациентот има компликации поврзани со ЕКМО или се очекува да се отстранат сите помошни машини во рок од 48 часа.

- кај пациентите кои имаат зголемена секреција во дишните патишта, кај кои е потребна честа аспирација на истите, кај кои се очекува долготрајна поддршка со механичка вентилација, кои го задоволуваат условот PaO/FiO > 150 mm Hg во времетраење > 48 часа, кај кои постои подобрување на РТГ на белите дробови и чии оштетувањата поврзани со механичката вентилација се под контрола, може да им биде отстранета ЕКМО поддршката, не се препорачува продолжување со ЕКМО интубација.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
Медицински кислород и кислородна терапија во МКД

...кислородот мора да биде сертифициран како медицински кислород, па и медицинската боца за кислород мора да помине медицинска сертификација во согласност со специфичен стандард, чија примена е за одржување на адекватно ниво на кислород во крвта, за телото да може да функционира правилно,

image_1426846844_21.jpg index.jpg

...индустрискиот кислород е форма што се користи во индустриијата во процеси како што се согорување, оксидација, сечење и хемиски реакции, самото индустриското ниво на чистота на кислород не е погодно за човечка употреба и може да содржи нечистотии од валкана опрема или контаминиран од индустриско складирање, како и присуство неконтролирани штетни гасови како метан и јаглерод моноксид и е неколку пати поевтин од медицинскиот кислород!

20210513-kako-se-proizveduva-medicinskiot-kislorod-neophoden-za-kovid-bolnite-2.jpg

... во 2019 година, според Светска банка, од 102 земји што се дел од синџирот за трговија со медицински кислород, 10 земји извезле до 80%, Белгија била водечка нето-извозник со 23,6 милиони долари, па Франција со 14%, па Португалија со 8%,

Како се произведува медицинскиот кислород?

... воздухот што го дишеме е составен од околу 78% азот, 21% кислород и 1% други гасови, вклучувајќи јаглероден диоксид, медицинскиот кислород е најмалку 82% чист кислород и се произведува во индустриски капацитети пред да се достави до болниците во боци со гас под притисок или во течна форма во големи резервоари, во текот на изминатите 30 години најголемиот дел од медицинскиот кислород бил произведен со употреба на процес на апсорпција на притисок (PSA-Pressure Swing Absorption), кој се состои од три главни фази:

- притисок, воздухот од атмосферата е компресиран и складиран во сад со висок притисок.

- апсорпција, воздухот поминува низ молекуларни сита каде што азотот се апсорбира од алуминиум и силициум соединенија познати како зеолит, останатиот воздух се испраќа преку резервоар за воздухот.

- намалување на притисокот, воздухот поминува низ наизменични резервоари во серија циклуси за да се отстранат несаканите гасови, крајниот резултат е чист кислород до 96 отсто, овој кислород се чува во резервоар и може да се испорача во цилиндри за кислород.

Кислородна терапија во МКД пропишана по протокол
1 челична боца х 10 L, компримиран гас со кислород, најмалку 99,5 % v/v

... целта на оваа терапија е да се обезбеди, со прилагодување на степенот на фракции на кислород во инхалираниот воздух (FiO2), така што парцијалниот притисок во артериската крв (PaO2) да не падне под 8.0 kPa (60mm Hg) или заситеноста со хемоглобин во артериската крв да не падне под вредност од 90 %.
... дозата (FiO2) треба да биде прилагодена според индивидуалните потреби на секој пациент, земајќи ги во предвид податоците за ризикот од токсичност со кислород, генерална препорака е да се употребуваат најмали дози (FiO2) што се потребни за да се постигнат саканите резултати, а во случаи на тешка хипоксија може да е потребно да се вклучи и примена на дози од кислород кои го вклучуваат ризикот на можни токсични дејства на кислородот.

... лекувањето мора непрекинато да се евалуира и ефектите да се мерат преку параметарот PaO2 или преку заситување на артеријалната крв со О2, при краткотрајните терапии со кислород, концентрацијата со кислород – фракцијата на кислород во инхалираните гасни смеши (да се избегнува >0.6=60% О2 во вдишана гасна мешавина) – мора да се одржува на такво ниво, така што да се постигне артериски притисок на кислород од PaO2 > 8.0 kPa. со или без позитивен притисок на крајот од издишувањето (PEEP) или позитивен континуиран притисок низ дишните патишта (CPAP).

... краткотрајната терапија со кислород треба да се следи преку повторливи мерења на артерискиот притисок со кислород (PaO2) или преку пулсна оксиметрија, со што се добиваат нумерички вредности за заситувањето на хемоглобинот со кислород (SpO2), овие се индиректни одредувањa за заситеноста на ткивата со хемоглобин.

... ефектите на терапијата исто така треба да се клинички следени и проценувани при ургентни и акутни состојби, во лекувањето, или во превенцијата од акутен недостиг на кислород, вообичаените дози за возрасни се 3-4 L/min, доколку се употребуваат назални сонди, или 5-15 L/min кога се употребува маска.

... при долготрајните терапии, потребата за дополнителен кислород се одредува врз база на резултати кои се добиени со одредување на концентрацијата на гасовите во артериската крв.

... за прилагодување на терапијата со кислород кај пациенти со хиперкапнеа, концентрацијата на гасовите во крвта треба да се следи, така што би се избегнало значајно зголемување на делот со јаглероден диоксид во артриската крв.

... кога кислородот ќе се измеша со другите гасови, неговата концентрација во гасните смеси кои се инхалирани не смее да биде пониска од 21%, а може да биде и до 100% , додека кај новороденчиња може да се дадат дози и до 100% кислород, доколку е потребно, но лекувањето мора внимателно да се мониторира, така што концентрациите со кислород би се намалувале брзо, се додека состојбата на пациентот го дозволува тоа.

... генерална препорака е да се избегнуваат концентрации на кислород повисоки од 40%, за да се избегне ризикот за ототоксичност или за развој на алектаза.

... во третманот на “cluster” главоболка, кислородот се дава преку кислородна маска во не-рециркулирачки систем, кислородната терапија треба да започне што побрзо пред почетокот на нападот на главоболката и да трае околу 15 минути, или се додека не исчезне болката, така да најчесто доволен проток е 7-12 L/min но во некои случаи неопходен е и проток од 15 l/min за да може да се постигне терапискиот ефект, давањето на кислородот треба да се прекине доколку после 15-20 минути не се постигне сакано дејство.

Терапија со хипербаричен кислород

... терапијата со хипербаричен кислород (HBO) вклучува концентрации од 100% кислород на притисок кој достигнува вредности кои се 1.4 пати повисоки од вредностите на атмосферскиот притисок на ниво на морската вода (1 bar = 101.225 kPa = 760 mm Hg) и од сигурносни причини притисокот кај HBO не треба да премине 3 bar.

... еден терапевтски третман со хипербаричен кислород на притисок од 2 до 3 бара, вообичаено трае меѓу 60 и 4-6 часа, во зависност од индикацијата, така да лекувањето може да се повторува 2-3 пати на ден доколку е потребно, во зависност од индикацијата или клиничката состојба.

... повторливи терапии се најчесто неопходни во третманот на инфекции на меките ткива и исхемиските улцерации, при кои конвенционалните терапии не покажале резултати.

... лекувањето со медицински кислород во хипербарични комори мора да ги спроведува обучено лице, зголемувањето и намалувањето на притисокот мора да се изведува внимателно и постепено за да се избегне ризик од оштетување под притисок (баротрауми).
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
ПРИРАЧНИК ЗА ТРЕТМАН И ПРЕВЕНЦИЈА НА COVID-19

Прва придружна болница, Медицинска школа - Универзитет Жеијанг
Составен според клиничко искуство.

Терапија со конвалесцентна плазма кај COVID – 19 пациенти
... откако во 1981 година Бехринг и Китасато го прикажале терапевтскиот ефект на плазматска терапија со дифтеричен антитоксин, плазма терапијата станала многу важно имунотераписко средство во борба против разни патогени и инфективни болести, прогресијата на болеста може да биде брза кај тешки и критични пациенти при многу инфективни болести.

... во раната фаза патогените ги напаѓаат целните органи, доведувајќи до значајни имунопатолошки оштетувања, пасивните антитела можат директно и ефективно да ги неутрализираат патогените и на тој начин да ја намалат штетата на целните органи и да блокираат дополнителни имунопатолошки оштетувања.

... при повеќе глобални пандемии СЗО исто така сугерира дека „конвалесцентната плазма терапија е една од најчесто препорачаните потенцијални терапии и била успешно користена во тек на други, претходни епидемии“.
- на почетокот на епидемијата со COVID-19, иницијалната стапка на смртност беше многу висока со оглед на недостатокот на ефикасна специфична терапија, стапката на морталитет е важен параметар, особено за јавниот интерес, па така и клиничките третмани кои можат да го намалат морталитетот се од исклучителна важност за да се намали паниката помеѓу јавноста, така да искуството од кинеската болница ни покажува дека како регионален центар за лечење на пациенти со COVID-19, тие имале голем број на донори на плазма, како и доволен број на критични пациенти на кои им е неопходен ваквиот третман.

Дарители
... најмалку две недели по опоравувањето и откако ќе бидат отпуштени (тестот за ниво на нуклеинска киселина од примероците земени од долниот респираторен систем останува негативен ≥14 дена, возраст 18 ≤ 55 години., телесна тежина >50 кг (за мажи) или > 45 кг (за жени), најмалку една недела по користење на последната доза на глукокортикоиди, повеќе од две недели од последното дарување на крв.

Метод на подготвување на примероци
- плазмафереза, 200-400мл секој пат (во зависност од медицинската консултација).

Тестирање на земените примероци
- покрај генералниот тест за квалитет, тест за болест поврзани со коскена срцевина (болест на крвните елементи), крвните примероци треба да бидат тестирани за:

Тест за нуклеинска киселина за САРС-КоВ-2;
160-сериска примерочна дилуција за квалитативен тест за специфичните САРС- КоВ-2 детекција на специфични ИгГ и ИгМ; или 320 примерочна дилуција за квалитативен тест за детекција на сите антитела, ако е возможно, зачувај >3мл плазма за експериментална неутрализација на вирусот.

На следното треба да се внимава:
- при споредбата на титарот од неутрализација на вирусот и луминисцентната ИгГ антитело квантитативна детекција, се откри дека моменталната детекција на САРС-КоВ-2 специфични ИгГ антитела не ја демонстрира целосно способноста на плазмата за неутрализација на вирусот, затоа, препорачуваме прво да се направи тест за неутрализација на вирусот или да се тестира вкупното ниво на антитела со 320 примероцна дилуција на плазмата.

Клиничка употреба на рековалесцентна плазма
Индикации

- тешко или критично болни Ковид-19 пациенти кои биле тестирани позитивни за инфекција на респираторниот систем;

- Ковид-19 пациенти кои не се тешко или критично болни, но се во состојба на супресија на имуниот систем или имаат ниски вредности на КТ (CT) на тестирањето за вирусна нуклеинска киселина, но со брза прогресија на болеста во белите дробови.

Забелешка: Во принцип, рековелесцентната плазма не треба да се користи кај Ковид-19 пациенти кај кои болеста трае повеќе од три недели, сепак, во клиничката примена увидовме дека терапијата со рековалесцентна плазма е ефективна кај пациенти чија болест трае подолго од три недели и чии тестови за вирусна нуклеинска киселина постојано покажуваат позитивна инфекција на респираторен систем, може да го забрза исфрлањето на вирусот, да го зголеми број на плазма лимфоцити и НК клетки (природни убијци), да го намали бројот на плазма налактати во плазмата и да ја подобри функцијата на бубрезите.

Контраиндикации
- алергија асоцирана со плазма, натриум цитрат и метилен сино;

- кај пациенти кај кои во историјата на болести постои автоимуно системско заболување или селективен ИгА дефицит, апликацијата на конвенцентна плазма треба да биде строго евалуирана од специјалисти.

План за спроведување на инфузијата
- по правило, дозата за конваленцентна плаза преку една инфузија треба да е ≥400мл, или ≥200мл инфузија кои би се спровела преку повеќе инфузиони дози.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
ПРИРАЧНИК ЗА ТРЕТМАН И ПРЕВЕНЦИЈА НА COVID-19

Прва придружна болница, Медицинска школа - Универзитет Жеијанг
Составен според клиничко искуство.

Пристап на користење на лекови кај пациенти со COVID-19
... состојбата на пациентите кои имаат COVID-19 често се комплицира поради постоечки болести за коишто примаат повеќе видови на лекови, затоа, треба да се внимава на несаканите рекции на млековите и нивните интеракции за да се избегне оштетување на органите предизвикано токму од тие лекови и да се подобри степенот на успешниот третман.

Идентификација на неповолни реакции на лековите
... се докажа дека кај COVID-19 пациентите кои што примиле лопинавир/ритонавир комбиниран со арбитол антивирусен третман инциденцата за абнормална функција на црниот дроб е 51.9%, направените анализи кои разгледуваа различни фактори покажаа дека антивирусните агенси како и повеќето лекови кои се користат за придружните заболувања се два посебни ризик-фактори за абнормалната функција на црниот дроб, затоа, мониторирањето на несаканите ефекти на лековите треба да е засилено, а непотребната комбинација на лекови треба да е намалена.

- главните неповолни реакции од антивирусни агенси се следните:

Лопинавир/ритонавир и дарунавир/ковицистат: дијареја, гадење, повраќање, покачено ниво на серумски аминотрансферази, жолтица, дизлипидемија, покачени лактати, симпомите ќе се подобрат со прекинот на користење на овие лекови,

Арбидол: покачување на серумска аминотрасфераза и жолтица, кога се комбинира со лопинавир, нивото на инциденцата уште повеќе се зголемува, симпомите ќе изчезнат по прекинот на користње на медикаментите, понекогаш може да дојде до намалување на фреквенцијата на срцето, затоа потребно е да се избегнува комбинација на арбидол со бета-рецептор блокатори како метопролол и пропранолол и препорака да се прекине со земање на лекарствата кога срцевата фреквенција ќе падне под 60 удари во минута.

Фапилавир: зголемување на уреа во плазма, дијареја, неутрепенија, шок, фулминантет хепатитис, акутна слабоста на бубрези, неповолни реакции биле почесто забележани кај постари пациенти или пациенти кај кои била предизвикана реакција на цитокинска бура,

Хлорокин фосфат: вртоглавица, главоболка, гадење, повраќање, дијареја, различни типови на кожни промени, но најтешката несакана реакција е кардијак арест како и околарната токсичност, затоа треба да се направи електокардиографско испитување пред земање на лекот и треба да биде забранета примена кај пациенти со аритмија и блок, болести на ретината или кај оние со губиток на слухот.

Мониторирање на терапетскиот ефект на лековите
... кај некои антивирусни и антибактеристи медикаменти треба да се мониторира терапетскиот ефект.
- во табела 1 прикажани се плазма концентрациите на лековите и прилагодувањето на нивните дози, пред почетокот на варијацијата на плазма и концентрација на лек, третманот треба да биде приспособен земајќи ја во предвид клиничката слика како и моментални лекови кои ги зема пациентот,

ice_screenshot_20210929-204205.jpeg

Потенцијална интеракција на лекови
... антивирусните лекови како што се: лопинавир/ритонавир се метаболизираат преку ензимот цитохром CYP3A во црниот дроб, кога пациентот прима придужни лекарства, потенцијалната интеракција на лекови треба внимателно да се разгледа.
Во Табела 2 е прикажана интеракцијата меѓу антивирусните лекови и често користените лекови за одредени придружни болести.

ice_screenshot_20210929-205024.jpeg

Ризични популации коишто треба да избегнуваат контакт со вирусот

- бремени жени, пациенти со хепатална и бубрежна инсуфициенција, пациенти на механичка вентилација, пациенти на континуирана ренална заменстителна терапија (CRRT) или екстракорпорална мембранска оксигенација (ЕКМО),

Бремени жени: лопинавир/ритонавир таблети може да се користат, фавипиравир и хлорокин фосфат се контраиндицирани.
Пациенти со хепатална инсифициенција: се преферираат лекови кои се екскретираат непроменети преку бубрезите, како што се пеницилин и цефалоспорини,
Пацинети со бубрежна инсуфициенција (вклучувајќи ги и тие на хемодијализа), лековите се метаболизирани преку хепарот или се преферира екскреција преку хепатално бубрежни двојни канали, како што се винезолит, моксифлоксацилин, цефтриаксон,
Пациенти подложени на CRRT 24 часа, за ванкомицин препорачаниот пристап е иницијана доза 1гр и доза на одржување 0,5гр. на 12 ч, додека за имипенем максималната дневна доза не треба да надмине 2г,
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
1633299039667.png

... денес постојат 14 антиковид вакцини со кои се вакцинира популацијата, на различни места со различни антиковид вакцини,
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.419

Прегледај го приврзокот 308506

Потенцијална интеракција на лекови
... антивирусните лекови како што се: лопинавир/ритонавир се метаболизираат преку ензимот цитохром CYP3A во црниот дроб, кога пациентот прима придужни лекарства, потенцијалната интеракција на лекови треба внимателно да се разгледа.
Во Табела 2 е прикажана интеракцијата меѓу антивирусните лекови и често користените лекови за одредени придружни болести.

Прегледај го приврзокот 308517

Ризични популации коишто треба да избегнуваат контакт со вирусот

- бремени жени, пациенти со хепатална и бубрежна инсуфициенција, пациенти на механичка вентилација, пациенти на континуирана ренална заменстителна терапија (CRRT) или екстракорпорална мембранска оксигенација (ЕКМО),

Бремени жени: лопинавир/ритонавир таблети може да се користат, фавипиравир и хлорокин фосфат се контраиндицирани.
Пациенти со хепатална инсифициенција: се преферираат лекови кои се екскретираат непроменети преку бубрезите, како што се пеницилин и цефалоспорини,
Пацинети со бубрежна инсуфициенција (вклучувајќи ги и тие на хемодијализа), лековите се метаболизирани преку хепарот или се преферира екскреција преку хепатално бубрежни двојни канали, како што се винезолит, моксифлоксацилин, цефтриаксон,
Пациенти подложени на CRRT 24 часа, за ванкомицин препорачаниот пристап е иницијана доза 1гр и доза на одржување 0,5гр. на 12 ч, додека за имипенем максималната дневна доза не треба да надмине 2г,
Што си ги нафрлала овие лекови кога НЕМА ЈАСНИ ДОКАЗИ ЗА НИВНИОТ ЕФЕКТ ниту пак препораки за нивна примена?

Се надевам дека лекари не ги читаат овие глупости!
Автоматски споено мислење:

ПРИРАЧНИК ЗА ТРЕТМАН И ПРЕВЕНЦИЈА НА COVID-19

Прва придружна болница, Медицинска школа - Универзитет Жеијанг
Составен според клиничко искуство.

Терапија со конвалесцентна плазма кај COVID – 19 пациенти
... откако во 1981 година Бехринг и Китасато го прикажале терапевтскиот ефект на плазматска терапија со дифтеричен антитоксин, плазма терапијата станала многу важно имунотераписко средство во борба против разни патогени и инфективни болести, прогресијата на болеста може да биде брза кај тешки и критични пациенти при многу инфективни болести.

... во раната фаза патогените ги напаѓаат целните органи, доведувајќи до значајни имунопатолошки оштетувања, пасивните антитела можат директно и ефективно да ги неутрализираат патогените и на тој начин да ја намалат штетата на целните органи и да блокираат дополнителни имунопатолошки оштетувања.

... при повеќе глобални пандемии СЗО исто така сугерира дека „конвалесцентната плазма терапија е една од најчесто препорачаните потенцијални терапии и била успешно користена во тек на други, претходни епидемии“.
- на почетокот на епидемијата со COVID-19, иницијалната стапка на смртност беше многу висока со оглед на недостатокот на ефикасна специфична терапија, стапката на морталитет е важен параметар, особено за јавниот интерес, па така и клиничките третмани кои можат да го намалат морталитетот се од исклучителна важност за да се намали паниката помеѓу јавноста, така да искуството од кинеската болница ни покажува дека како регионален центар за лечење на пациенти со COVID-19, тие имале голем број на донори на плазма, како и доволен број на критични пациенти на кои им е неопходен ваквиот третман.

Дарители
... најмалку две недели по опоравувањето и откако ќе бидат отпуштени (тестот за ниво на нуклеинска киселина од примероците земени од долниот респираторен систем останува негативен ≥14 дена, возраст 18 ≤ 55 години., телесна тежина >50 кг (за мажи) или > 45 кг (за жени), најмалку една недела по користење на последната доза на глукокортикоиди, повеќе од две недели од последното дарување на крв.

Метод на подготвување на примероци
- плазмафереза, 200-400мл секој пат (во зависност од медицинската консултација).

Тестирање на земените примероци
- покрај генералниот тест за квалитет, тест за болест поврзани со коскена срцевина (болест на крвните елементи), крвните примероци треба да бидат тестирани за:

Тест за нуклеинска киселина за САРС-КоВ-2;
160-сериска примерочна дилуција за квалитативен тест за специфичните САРС- КоВ-2 детекција на специфични ИгГ и ИгМ; или 320 примерочна дилуција за квалитативен тест за детекција на сите антитела, ако е возможно, зачувај >3мл плазма за експериментална неутрализација на вирусот.

На следното треба да се внимава:
- при споредбата на титарот од неутрализација на вирусот и луминисцентната ИгГ антитело квантитативна детекција, се откри дека моменталната детекција на САРС-КоВ-2 специфични ИгГ антитела не ја демонстрира целосно способноста на плазмата за неутрализација на вирусот, затоа, препорачуваме прво да се направи тест за неутрализација на вирусот или да се тестира вкупното ниво на антитела со 320 примероцна дилуција на плазмата.

Клиничка употреба на рековалесцентна плазма
Индикации

- тешко или критично болни Ковид-19 пациенти кои биле тестирани позитивни за инфекција на респираторниот систем;

- Ковид-19 пациенти кои не се тешко или критично болни, но се во состојба на супресија на имуниот систем или имаат ниски вредности на КТ (CT) на тестирањето за вирусна нуклеинска киселина, но со брза прогресија на болеста во белите дробови.

Забелешка: Во принцип, рековелесцентната плазма не треба да се користи кај Ковид-19 пациенти кај кои болеста трае повеќе од три недели, сепак, во клиничката примена увидовме дека терапијата со рековалесцентна плазма е ефективна кај пациенти чија болест трае подолго од три недели и чии тестови за вирусна нуклеинска киселина постојано покажуваат позитивна инфекција на респираторен систем, може да го забрза исфрлањето на вирусот, да го зголеми број на плазма лимфоцити и НК клетки (природни убијци), да го намали бројот на плазма налактати во плазмата и да ја подобри функцијата на бубрезите.

Контраиндикации
- алергија асоцирана со плазма, натриум цитрат и метилен сино;

- кај пациенти кај кои во историјата на болести постои автоимуно системско заболување или селективен ИгА дефицит, апликацијата на конвенцентна плазма треба да биде строго евалуирана од специјалисти.

План за спроведување на инфузијата
- по правило, дозата за конваленцентна плаза преку една инфузија треба да е ≥400мл, или ≥200мл инфузија кои би се спровела преку повеќе инфузиони дози.
Крвна плазма не е препорачано да се користи!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
Што си ги нафрлала овие лекови кога НЕМА ЈАСНИ ДОКАЗИ ЗА НИВНИОТ ЕФЕКТ ниту пак препораки за нивна примена?
Се надевам дека лекари не ги читаат овие глупости!
... треба соодветно да ти возратам на тоа твое „овие глупости“ ама толку ти сече, па нема повратно да ти искоментирам,
... колку што читам доволно сум јасна според насловот што го пишувам на секој пост за чии искуства и прирачник се работи, ако за тебе „се глупости" некому живот спасува и наместо да нaучиш нешто од искуства од прва рака каде се појави SARS-CoV- 2 си нашол да мрсиш, што не се потрудиш и ти со некој пост да напишеш некој протокол ако ти е толку позната темата, па знаеш лекови со докажан ефект кон COVID-19 ?

ПРИРАЧНИК ЗА ТРЕТМАН И ПРЕВЕНЦИЈА НА COVID-19

Прва придружна болница, Медицинска школа - Универзитет Жеијанг​
Составен според клиничко искуство,

Белешка од уредникот:
Соочени со непознат вирус, споделувањето и соработката се најдобриот лек.

Објавувањето на овој Прирачник е еден од најдобрите начини за одбележување на храброста и мудроста што ги покажаа нашите здравствени работници во текот на изминатите два месеца.

Благодарност до сите оние кои придонесоа за овој Прирачник, споделувајќи го непроценливото искуство со колегите од сферата на здравствената заштита ширум светот, додека ги спасуваат животите на пациентите.

Благодарност за поддршката до колегите од сферата на здравствената заштита од Кина кои ни обезбедија искуство што нè инспирира и мотивира.

Благодарност до Фондацијата Џек Ма за иницирањето на оваа програма и до AliHealth за техничката поддршка, кои го овозможија овој Прирачник со цел да ја поддржат борбата против епидемијата.

Прирачникот е достапен бесплатно за секого. Сепак, поради ограниченото време, може да содржи некои грешки и недостатоци. Вашето мислење и совети се повеќе од добредојдени!
Д-р Тингбо ЛИАНГ
Главен и одговорен уредник на
Прирачникот за превенција и третман на COVID-19
Претседател на Првата придружна болница на Медицинската школа при Универзитетот Жеијанг
 
Ние живееме во Европа и препораките на европските работни групи врз основа на медицински докази не ги препорачуваат овие глупости што си ги постирала поради фактот дека НЕМА ДОКАЗИ ЗА НИВНИОТ БЕНЕФИТ а за сигурност да не праам муабет.

Додека здравството на фиуипче работи по шеми на секој шаман од Индија и Кина ќе имаме смртност колку што имаме во моментов!
 
... бате, ти може да живееш и во Нов Зеланд, SARS-CoV- 2 ти е дојден од Кина од каде се и првите искуства, малку подигни го нивото на пишување, многу простачки делуваш!
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.419
... бате, ти може да живееш и во Нов Зеланд, SARS-CoV- 2 ти е дојден од Кина од каде се и првите искуства, малку подигни го нивото на пишување, многу простачки делуваш!
Од каде е дојден тоа сеуште има истрага од СЗО.

Ние во Европа работиме медицина БАЗИРАНА НА ДОКАЗИ или evidence based medicine.

Ова што го пишуваш дефинитивно не е базирано врз докази и може комотно да се смести со гатање, баење, експериментирање. Секое експериментирање на терапија која не е базирана сеуште врз докази. Мора пациентот да биде информиран и согласен дека се пушта во експеримент инаку се работи за кривично дело!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
Мора пациентот да биде информиран и согласен дека се пушта во експеримент инаку се работи за кривично дело!
ааааааа, така ли со закани мавкаш, а што се антиковид вакцините или тие се базирани на докази? што преставува имунизација? што со реинфекција? што со трансмисија? што кажува медицината базирана на докази за „вакцина“ што преставува?
Ние во Европа работиме медицина БАЗИРАНА НА ДОКАЗИ или evidence based medicine.
- дали е одобрена од ФДА и ЕМА за сите над 16 години третата доза илу бустер на Фајзер антиковид вакцина? одговори Да или НЕ!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom