Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.163
- Поени од реакции
- 12.147
Го кажав тоа веќе...Mоже да постои иста состојба само наместо поимање на телото како препрека и извор на страдање да биде недавање премногу значење на состојбите на телото?
Замисли - имаСе што е поврзано со нижите врски на човекот со неговото постоење, затоа се тие пракси кои денес не мора да значи дека функционираат за секој - да се заборави на телото, на умот поточно. Умот е најмоќното, но и најмрзливото нешто во човекот. Една насочена мисла не може да ја држи ниту 30 секунди.
Јама и нијама - затоа се тие „ограничувања“ на почетокот. НО има други методи. Кога ќе почне човек да се заморува со телото како храм, дека она што е сокриено со телото и лежи во самиот центар на сопствениот универзум не е ништо поразлично од телото кое го сокрива - ќе знае дека мора да се негуваат и двете нешта.
Претходно кажав во неуреден храм не слетуваат свети духови, нема искра од божественото, нема ништо... се е само верување и прераскажување на нештата, за да има некој уреден храм не треба пасивност, верување и тоа е тоа. Треба работа.
Постојана свесност за внатрешниот универзум, постојано призивање, постојано насоченост кон Едниот итн итн...
„Почитувај, и не го презирај физичкото тело кое е твоја времена врска со надворешниот и материјалниот свет.
Затоа твојата ментална урамнотеженоста нека биде над вознемиреноста од материјалните потреби;
зајакни ги и управувај со анималните страсти, скроти ги емоциите и разумот, негувај ги Вишите Тежнеења.“
- Liber Librae, Книгата на Рамнотежа
Во истата „книга“ има уште неколку добри совети поврзани со магика и јога - двете патеки за разбирање на сопствениот универзум до крајни граници.
Праксите што се изведуваат не се за да не се дава значење на физичкото, туку максимално насочена волја да го чувствува човек секој атом од своето постоење и со урамнотежување вертикално и хоризонтално - да најде радост во постоењето зад илузијата на светот
Барем за праксите од истокот има доволно и на нет - можете да најдете доволно и да дојдете до заклучок зошто се прават работите.
Ако велиме дека има микро, макро и останатите херметички фрази и симболизми - тогаш не може да не се дава значење ниту на едното ниту на другото.
Светлината не прави скокови. Заборави го или занемари го едното, ќе исчезне другото!
Исто имам напишано на мојот блог (што не мора било кој да се согласи дека е така):
„Мора да се истражувате самите себе!
Мора да нурнете во Вашето море од разни ставови за се околу Вас, за разните комплекси кои сте ги граделе несвесно дејствувајќи во животот.
Мора да дознаете зошто за било што вие имате било каков став!
Потребно е да ги откриете врските кои ги градите и сте ги изградиле со вашето дејствување во универзумот!
За да се постигне ова, оваа прва патека наречена пракса се дели на две патеки: МАГИКА и ЈОГА.
Цврсто сум убеден дека единствениот начин кон откривање на Вашата Волја е преку овие две навидум спротивни патеки!“
- За Волјата во Философијата на Θελημα