Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.146
Mоже да постои иста состојба само наместо поимање на телото како препрека и извор на страдање да биде недавање премногу значење на состојбите на телото?
Го кажав тоа веќе...
Се што е поврзано со нижите врски на човекот со неговото постоење, затоа се тие пракси кои денес не мора да значи дека функционираат за секој - да се заборави на телото, на умот поточно. Умот е најмоќното, но и најмрзливото нешто во човекот. Една насочена мисла не може да ја држи ниту 30 секунди.

Јама и нијама - затоа се тие „ограничувања“ на почетокот. НО има други методи. Кога ќе почне човек да се заморува со телото како храм, дека она што е сокриено со телото и лежи во самиот центар на сопствениот универзум не е ништо поразлично од телото кое го сокрива - ќе знае дека мора да се негуваат и двете нешта.

Претходно кажав во неуреден храм не слетуваат свети духови, нема искра од божественото, нема ништо... се е само верување и прераскажување на нештата, за да има некој уреден храм не треба пасивност, верување и тоа е тоа. Треба работа.
Постојана свесност за внатрешниот универзум, постојано призивање, постојано насоченост кон Едниот итн итн...
Замисли - има :)

„Почитувај, и не го презирај физичкото тело кое е твоја времена врска со надворешниот и материјалниот свет.
Затоа твојата ментална урамнотеженоста нека биде над вознемиреноста од материјалните потреби;
зајакни ги и управувај со анималните страсти, скроти ги емоциите и разумот, негувај ги Вишите Тежнеења.“
- Liber Librae, Книгата на Рамнотежа

Во истата „книга“ има уште неколку добри совети поврзани со магика и јога - двете патеки за разбирање на сопствениот универзум до крајни граници.

Праксите што се изведуваат не се за да не се дава значење на физичкото, туку максимално насочена волја да го чувствува човек секој атом од своето постоење и со урамнотежување вертикално и хоризонтално - да најде радост во постоењето зад илузијата на светот :)
Барем за праксите од истокот има доволно и на нет - можете да најдете доволно и да дојдете до заклучок зошто се прават работите.

Ако велиме дека има микро, макро и останатите херметички фрази и симболизми - тогаш не може да не се дава значење ниту на едното ниту на другото.
Светлината не прави скокови. Заборави го или занемари го едното, ќе исчезне другото! ;)

Исто имам напишано на мојот блог (што не мора било кој да се согласи дека е така):

„Мора да се истражувате самите себе!
Мора да нурнете во Вашето море од разни ставови за се околу Вас, за разните комплекси кои сте ги граделе несвесно дејствувајќи во животот.
Мора да дознаете зошто за било што вие имате било каков став!
Потребно е да ги откриете врските кои ги градите и сте ги изградиле со вашето дејствување во универзумот!

За да се постигне ова, оваа прва патека наречена пракса се дели на две патеки: МАГИКА и ЈОГА.
Цврсто сум убеден дека единствениот начин кон откривање на Вашата Волја е преку овие две навидум спротивни патеки!“
- За Волјата во Философијата на Θελημα
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.132
Поени од реакции
30.231
Јама и нијама - затоа се тие „ограничувања“ на почетокот. НО има други методи. Кога ќе почне човек да се заморува со телото како храм, дека она што е сокриено со телото и лежи во самиот центар на сопствениот универзум не е ништо поразлично од телото кое го сокрива - ќе знае дека мора да се негуваат и двете нешта.
Me interesira ovaa hipoteza, 1 covek - 1bog - 1 univerzum.
Dali toa znaci deka ima 7milijardi univerumi?
Dali e toa ograniceno na lugeto konkretno homo sapiensi i na drugi formi na zivot ne?
Sto e so zivotnite? Tie nemaat svoj univerzum? Bidejki zivotnite se svesni sustestva, ne kolku covekot sepak imaat svest.
Dali dokolku da, toa znaci deka brojot na univerzumi e konstanten, nesto sto i naukata ne e sigurna deka e tocno?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.146
Те разбрав дека сакаш да кажеш: 1 човек е 1 бог е 1 универзум? Ако добро сум разбрал мојот конечен одговор е: Да.
Така е, но не си роден како бог или крал, но го имаш целиот потенцијал на вечноста да бидеш што ти е волја...
Нема наследство на титули, „сина крв“. И оној селанец во нивата е способен за иницијација, за работа врз и за себе си, со тоа и за човештвото.

Во однос на човекот, во однос на неговата суштина, огнот што гори во срцето на секоја ѕвезда - ние сме богови во создавање, поточно станување свесни за нашето место во бесконечниот живот :)
Ние сме ѕвезди во ноќта на бесконечното.

„Нема дел од мене што не е дел од боговите“ се вели во Гностичката Миса, официјален и централен ритуал на О.Т.О. :)

Има бесконечно многу универзуми и науката тоа ќе го докажува во иднина... веќе го истражува тоа, мислам и дека има добри теоретски основи.
И колку мојот и твојот универзум се допира има интеракција, толку подобро ќе се разбереме и ќе ги препознаеме нашите дејствувања еден кон друг.
Каде егзистираат тие универзумит? Во бесконечното. Се додека не си свесен за било кој универзум, дури и за својот - не постои, ти не знаеш до каде се протегаш... окото не е добар инструмент. Умот, ако не е трениран да може да ги контролира мислите - исто така е лош слуга и лоша алатка.
Тоа е ограничувањето на човекот на Земјата. :)

Не знам дали е за се што живее или само за човекот ова, не сум се занимавал со овие прашања бидејќи имам премногу за решавање кај мене како Човек. Додека стигнам до животните сигурно ќе бидам на смртна постела и ќе се смеам на лудостите од животот што прошол на оваа едноставна проста планета.

По учењата на истокот, а Телема исто така го гледа животот „за еден, индивидуален и вечен кој бил, е и ќе биде“, има инкарнација и може да се вратиш тука во кругот на самсара и како кокиче како што велат... така да, тоа е во делот на верувања и преданија, не може да знаеме за сигурно. А и тие што успеале да знаат - не гледам причина да зборуваат за тоа бидејќи не можат да го докажат истото освен ако и друг не ги изведува методите со кои тие успеале или да ги модифицираат методите за да и друг постигне исто...

Науката одамна докажа дека енергијата не се уништува само преминува од форма во форма... ако животот не е енергија, не знам што друго е! :)
Дека треба да се почитува се што живее и да смета за свето како што вели и големиот поет Блејк, си треба.

„Запамети дека оваа земја е само атом во универзумот и дека и ти си атом на неа, па дури и да станеш Бог на земјава по која се влечеш и ползиш, па и тогаш би бил само еден атом, и тоа еден помеѓу многуте.“
- Liber Librae

П.С. Има една интересна визија од Кроули само не можев да ја најдам, ми треба време... за човекот и бесконечното, како е се поврзано меѓу себе со фини нишки... никаде нема празнина! Ќе дадеше подобар увид во ова што те интересира... ако најдам, ќе споделам. :)
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.132
Поени од реакции
30.231
Не постојат пракси кои одговараат на сите - на некој му треба луксуз, жени и мажи, убав мермер околу него за да може да го отфрли човечкото за да може да се посвети на нешто посуштинско.
Bas taka, toj go otfrla coveckoto od sebe, gi smatra drugite luge kako predmeti, objekti za negovo zadovolstvo, no negoviot bog ne e samiot sebe, tuku parata.
Stom taa ja nema - i negoviot zivot nema poenta, pa posegaat po samoubistva, po antidepresivi, ili nekoi pak, bas se izoliraat vo samoten zivot vo docnite godini i zalat za svoite greski.
Toa se slucuva ona koga "ljubi go svojot blizen" e izvrteno vo materijalna ljubov.
I ova se povtoruva odnovo i odnovo i odnovo kako krug.
Има бесконечно многу универзуми и науката тоа ќе го докажува во иднина... веќе го истражува тоа, мислам и дека има добри теоретски основи.
Megutoa ova sto go prikazuvase e paradoks. Ako se znae tocnata brojka na luge, i site permutacii koi bi izlegle od komunikacijata so drugi luge, togas brojkata na univerzumi e finalna brojka.
okoto ne e dobar instrument, no matematikata e.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.146
Bas taka, toj go otfrla coveckoto od sebe, gi smatra drugite luge kako predmeti, objekti za negovo zadovolstvo, no negoviot bog ne e samiot sebe, tuku parata.
Stom taa ja nema - i negoviot zivot nema poenta, pa posegaat po samoubistva, po antidepresivi, ili nekoi pak, bas se izoliraat vo samoten zivot vo docnite godini i zalat za svoite greski.
Toa se slucuva ona koga "ljubi go svojot blizen" e izvrteno vo materijalna ljubov.
I ova se povtoruva odnovo i odnovo i odnovo kako krug.

Megutoa ova sto go prikazuvase e paradoks. Ako se znae tocnata brojka na luge, i site permutacii koi bi izlegle od komunikacijata so drugi luge, togas brojkata na univerzumi e finalna brojka.
okoto ne e dobar instrument, no matematikata e.
За првото не знам. Не сум во тие „чевли“ за да можам вака да судам како тебе што е што ... Јас реков дека има луѓе кои стигнуваат до божественоста на тој начин... и не мора да значи дека се третира како предмети. Можеби ги обожува како богови! Ги опсипува со злато како што се прави по храмовите...

Не знам зошто мислиш дека некој отфрла било што, дека парите се најбитни, можеби имаш такво искуство со луѓе кои го прават сето тоа... бидејќи ужива во материјалното и нашол патека преку тоа кон повисокото/највнатрешното?
Не може да знаеш за другиот дали има поента или не... остави го да прави што му е волја - секако не може да промениш ништо.

Кое е парадокс? Каде јас реков за точна бројка на луѓе? Кои пермутации? Ништо не е финално во однос на човештвото. Сосема друго зборувам...
Математика? Прикажи ми ја математиката... во однос на бесконечното...
Дали ќе дивергира или конвергира кон бесконечно или кон 1 или кон 0? Можеби ќе оди кон 666 кај знаеш или 718 или 156... или најдобро кон 11 :)

Не знам на каква математика се повикуваш....
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.132
Поени од реакции
30.231
Не знам на каква математика се повикуваш....
prosta.
7milijardi luge = 7 milijardi univerzumi
so formula ako sakas
bes povtoruvanje
7 milijardi x 6.999.999.999 x 6.999.999.998 x n kade sto n ti e 7 milijardi
ili 7!

so drugi zborovi, koga ke go izracunas ova se dobiva konecen broj :)
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Ако велиме дека има микро, макро и останатите херметички фрази и симболизми - тогаш не може да не се дава значење ниту на едното ниту на другото.
Светлината не прави скокови. Заборави го или занемари го едното, ќе исчезне другото! ;)
Кажав да не се дава премногу значење, ние како свесни битија најчесто на телото му даваме повеќе отколку што треба бидејќи ни дава добри сензции од кои стануваме зависни и од тука произлегуваат проблемите. Не велам да не јадеме туку да го правиме умерено, во тоа умерено е нашиот проблем, се слагаме дека за да се постигне тој баланс, да се најде правото дозирање често е потребно да се предозираш, да патиш за да стигнеш повисоко на скалата на разбирање односно ти сепак ја разбираш темата на @Joshua_Tree :)

За да се постигне ова, оваа прва патека наречена пракса се дели на две патеки: МАГИКА и ЈОГА.
Цврсто сум убеден дека единствениот начин кон откривање на Вашата Волја е преку овие две навидум спротивни патеки!
Зошто ги елиминираш останатите философии, теологии, пракси? Многу догматски звучи ова, не си инклузивен :)
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Mоже да постои иста состојба само наместо поимање на телото како препрека и извор на страдање да биде недавање премногу значење на состојбите на телото? Веќе е повеќе од јасно дека постои психосоматскиот механизам со кој ние ја влошуваме физичката состојбата, со стрес и загриженост за телото што доаѓа од тој атачмент за истото како последица на нагонот за преживување, на истиот принцип нели телото закрепнува кога си без стрес? Во здрав дух здраво тело што би рекол @Lenor* . Намалувањето на нагонот за преживување не мора да значи отфрлање на телесните задоволства туку нивно дозирање, на пример јадеш колку да му го дадеш на телото потребното за да функционира, уживаш во вкусот но самата вкусна храна не ти постанува опсесија, на скалилото на битност вкусот не трерба да биде на прво место туку внес на гориво, вкусот е бонус. Те разбирам што сакаш да кажеш, на повеќето ни е потребно да ја проживееме опсесијата со телесното да би дошле до екстреми кои би иницирале разбирање дека тоа не е начинот. Пример треба да се појават хроничните болести за да се разбере дека иако хамбургерот од 7-ца е многу вкусен сепак побитно е да внесената храна не предизвика кардиоваскуларни проблеми. Но кај повеќето иако се јавува тоа разбирање компулсивноста постои да се продолжи со хамбургерот а магичното апче ќе ги санира последиците што е показател за нездрав дух, од друга страна со здрав дух среќата не ја бараш во вкусот како механизам за лачење допамин па не претеруваш. Храната е само пример.
Не е само до храната,мора да ти бидат и мислите и емоциите усогласени...на пр. ако постиш и ако мислиш само на тоа што после ќе јадеш за вечера и само пазиш да не се "омрсиш" гледаш на ситници,читаш од што е направено и дали има млеко во прав а при тоа да не мислиш на Бог-а ништо не си направил...
Можда звучи глупо ама ја на пример избегавам да лажам,не сум лицемерен,никад немам задни намери према никого со кого и да сум у контакт пошто не ми се потребни такви мозочни егзибиции...кога сум у веза цел се давам...скапо го плаќам сето тоа али јбг. од таков материјал сум направен...
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.141
Поени од реакции
10.150
prosta.
7milijardi luge = 7 milijardi univerzumi
so formula ako sakas
bes povtoruvanje
7 milijardi x 6.999.999.999 x 6.999.999.998 x n kade sto n ti e 7 milijardi
ili 7!

so drugi zborovi, koga ke go izracunas ova se dobiva konecen broj :)
Ајајајајјајајајј :facepalm: глава ме фати, де од овие горе што разни везови имаат у постовите, синкир гоблени везат, па никако немам шанси да ги разберам, очигледно незнаат со малку попрости реченици да се изразат...а сега па и твојава математика,луда работа:facepalm:

Сега мислам дека се во право некои луѓе кои мислат дека светот без религии би бил најубав.

Одам во играчница, овде ке се швркнам:vozbud:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.146
Не знам каде елиминирам било што... не знам како дојде до тоа.
Не си многу запознаен по се изгледа со работите за кои зборувам затоа ти изгледаат можеби догматски... запознај се со двете патеки кои реално се една, ама ајде - да ги броиме како две бидејќи имаат различен пристап.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
...прво @liberij да ти се заблагодарам на понудата за поисцрпно и стручно објаснување,но тоа во друга прилика.Сега мало дообјаснување на прашањата:
1.Кога напишав концепт мислев на сето она што Исус директно го остави на човештвото.Што би значело:
-слобода и рамноправност на половите во секоја сфера на животот
-основната задача на црквата да ја превземе неговата улога и да биде духовен водач на верниците
-да расне заедно со верниците со текот на времето и да ја негува таа врска
...што,по мое,во реалност и не е случај
2.Мислев на Римокатолицизмот и Православието
Нема зашто со задоволство, фала на Бога:)
-слободата и рамноправноста на половите токму започнува со Христијанството, Христос не прави по сета основа рамноправни, во тоа време Римското и другите општества сериозно се противат, Источното Римско Царство ( Византија)преку Црквата ги остварува правата, тоа го сведочат жените императори и целокупното живеење оди во таа насока, укинување на робовите, слугите кај Христијаните...

-незнам, не се сеќавам дали си ми кажал на која деноминација припаѓаш, јас сум се изјаснил повеќе пати како Православен Христијанин, и ние исповедаме дека Црквата е идентична на својот Создател т.е. дека е Самиот Христос ние сме Тело Христово, а не негова деистичка креација која Го заменува во историјата на светот за спасување на човекот од смртта.
Христос, како што вели во Евангелието, Го испраќа Светиот Дух Кој е Невидлив(за да ни ја запази слободата) во корелација со Отецот и Христос, конкретно со наша согласност, слободно како икони, ликови Христови(мали Христоси), заедно ја конституираме Црквата и делуваме во реалниот свет и според учењето Христово убеден сум дека реално се остварува спасителната мисија, без разлика што нас не ни изгледа така.
Тоа е затоа што најчесто правиме грешка во пристапот и перцепцијата, а тоа е, што ја идеализираме Црквата во историјата, т.е. забораваме дека ние луѓето како конститутивен елемент сме смртни што подразбира грешни со сите маани и доблести, потенцијали..., сеуште неостварени во Царството Божјо како израз на совршенство, а процесот е токму спротивен, ние „сега и овде“ го започнуваме патот на усовршување како што не упатува евангелски Христос, „Бидете совршени...“ за исполнување на таа конечна цел.
Повеќе не се сомневам во успешноста на Црквата, бидејќи све опфаќа и по мерата на Слободата на човекот све спасува, заедно со сите религии, верувања, типови на луѓе, дури и со транспарентните Сатанисти истото важи, кои за разлика од верниците кои Го сретнуваат Бог лице во Лице, сликовито кажано, Противниците т.е Сатанистите завртени се “грб со Лице“, се додека во времето и Вечноста слободно не се одоброволат да застанат благодарно кон Создателот, лице во Лице.

Во овој контекст може да го надоврзам одговорот со поделеноста на Православни, Римокатолици, Протестанти..., при што, незнам колку следиш, паралелно на поделбите истовремено се водат дијалози и се случуваат решенија за Единство на Црквата, конкретно Православните и Римокатолиците ги тргнаа во шеесетите години од минатитиот век анатемите, екскомуникацијата официјално, потоа Папата се извини на Веселнскиот Патријарх итн. т.е се водат дијалози познати како Екуменизам во позитивна смисла на зборот.

Ако цениш преку одговорот дека сум те разбрал ок, ако не, слободно допрашај...:)



Директно во срж. :)
Не ги одговарам, не се ни дрзнувам бидејќи во таков обид фантазијата ќе почне несвесно да ги пополнува дупките на моите сознаниа водена од инклинации кон одговори што ќе го задоволат егото, наместо тоа се повеќе чувствувам вистина, чувство дека ова не е случајно, дека се во космосот постои за да има живот. Се помалку мислам дали смртта е крај или преод, само сум благодарен на можноста да бидам сведок но и се посилно е чувството на должност да се живее вистината, искреноста како компулсивност, рефлекс.
(y)
Одлично, само би додал ако и ти се сложуваш наместо фантазија, мистика во дијалог со Бог и ближниот, природата, при што компулсивноста едноставно би апгрејдирала во Евхаристија т.е. големо Благодарење во вечноста кон Создателот.:love::)
Автоматски споено мислење:

П.С. Само разгледај ја темава наназд...
Важи(y)
Автоматски споено мислење:

Да дадам мал придонес ме мрзи да преведувам...:)

"Ако тражиш истину с љубављу, и ради љубави, она ће ти се показати у оноликом сјају лица свог, колико тражиш понети, а да не изгориш."
Баш така (y)
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Нема зашто со задоволство, фала на Бога:)
-слободата и рамноправноста на половите токму започнува со Христијанството, Христос не прави по сета основа рамноправни, во тоа време Римското и другите општества сериозно се противат, Источното Римско Царство ( Византија)преку Црквата ги остварува правата, тоа го сведочат жените императори и целокупното живеење оди во таа насока, укинување на робовите, слугите кај Христијаните...

-незнам, не се сеќавам дали си ми кажал на која деноминација припаѓаш, јас сум се изјаснил повеќе пати како Православен Христијанин, и ние исповедаме дека Црквата е идентична на својот Создател т.е. дека е Самиот Христос ние сме Тело Христово, а не негова деистичка креација која Го заменува во историјата на светот за спасување на човекот од смртта.
Христос, како што вели во Евангелието, Го испраќа Светиот Дух Кој е Невидлив(за да ни ја запази слободата) во корелација со Отецот и Христос, конкретно со наша согласност, слободно како икони, ликови Христови(мали Христоси), заедно ја конституираме Црквата и делуваме во реалниот свет и според учењето Христово убеден сум дека реално се остварува спасителната мисија, без разлика што нас не ни изгледа така.
Ако сте тело Христово, дали тоа значи дека имате и ум Христов?
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ако сте тело Христово, дали тоа значи дека имате и ум Христов?
Бог му дава потенцијал на човекот да го стекнува врз основа на сопствениот ум, не како готов производ.
Заедничкиот Љубовен однос човек– Бог, на вечен план да се уподобува, усовршува подразбира човекот како цел да го има Христовиот Ум како репер за совршенство и можност да учествува во Божјата Заедница на Светата Троица.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Бог му дава потенцијал на човекот да го стекнува врз основа на сопствениот ум, не како готов производ.
Павле не се согласува со тебе,тој вика....

Прво Соборно Послание На Светиот Апостол Павле До Коринтјаните

16. Зашто, кој го познал умот Господов, та да го објасни? А ние имаме ум Христов.

Заедничкиот Љубовен однос човек– Бог, на вечен план да се уподобува, усовршува подразбира човекот како цел да го има Христовиот Ум како репер за совршенство и можност да учествува во Божјата Заедница на Светата Троица.
Од цитатот виде дека не се однесува на цел , ниту како заедничкиот Љубовен однос човек-Бог, туку конкретно вели "ние имаме ум Христов"
Можеби ,Павле кога вели "ние" не се однесува за вас.

Ајде ,уште еднаш , имате или немате Христов ум?
Да- Не, немора во мед да ги топиш зборовите.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Павле не се согласува со тебе,тој вика....

Прво Соборно Послание На Светиот Апостол Павле До Коринтјаните

16. Зашто, кој го познал умот Господов, та да го објасни? А ние имаме ум Христов.


Од цитатот виде дека не се однесува на цел , ниту како заедничкиот Љубовен однос човек-Бог, туку конкретно вели "ние имаме ум Христов"
Можеби ,Павле кога вели "ние" не се однесува за вас.

Ајде ,уште еднаш , имате или немате Христов ум?
Да- Не, немора во мед да ги топиш зборовите.
ДА! :)
Не само ум, целите како битие и целото создание е Христово.
Созданието по својата природа е различно од Божјата, а Христос е Бог, Кој неслиено, непомешано ја соединува човечката и сета создадена природа. Истото важи и за умот.
Она што претходно го кажав е во контекст со кажувањето на Апостол Павле, само треба да го поврзеш целото напишано во конкретната глава во корелација од кај што вадиш цитат, во корелација со Библиската антропологија како целина.

Еве мала помош за она што е во тој контекст:

4. И словото мое, и проповедта моја, не се состоеше во убедливи зборови на човечка мудрост, туку во пројава на Духот и силата,
5. та верата ваша да се утврди не во човечка мудрост, туку во силата Божја.
6. Мудрост, пак проповедаме меѓу совршените, но не мудрост од овој век, ниту, пак, онаа на преодните господари од овој свет,
7. туку ја проповедаме Божјата премудрост, тајна сокриена, која Бог ја предодредил уште пред вековите за наша слава,
8. која никој од господарите на овој свет не ја познал; зашто, ако ја беа познале, тогаш немаше да Го распнат Господа на славата.
11. Бидејќи, кој човек знае, што има во човекот, освен човечкиот дух, кој живее во него? Па така, и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух.
12. Но ние не го примивме духот од овој свет, туку Духот, Кој иде од Бога, за да го знаеме она, што ни е дарувано од Бога;
13. па тоа и го проповедаме не со зборови, научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: толкувајќи го она што е духовно на духовни луѓе.
14. Душевниот човек не го прима она, што е од Божјиот Дух; за него тоа е безумство; и не може да го разбере, оти треба духовно да се испита.
15. Духовниот, пак, човек испитува сè, а него никој не го испитува.
16. Зашто, кој го познал умот Господов, та да го објасни? А ние имаме ум Христов.

“Медот“ не треба да пречи, освен ум имаме и Христови емоции, та кога словиме за Бог, освен гол рационализам треба да има и емпатија кон Божјото..., а за твојот израз како сакаш, твој избор. :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom