Иронично, интересна мисла излезе од Бране (баш од Бране бе) пред некој ден, вика „држава што живее на кредит умира на рати“. Настрана што сељачкото крило во сдс го фрли на апарати, коси кубеа, почнаа валкан веш да си вадат, нивна работа, ги знаеме што племе се и бранковистите и заевистите. Муабетот беше за мудроста на Бране, оти прав е кога вели и тој, а и било кој друг оти сме до гуша во лајна. Не е некоја премудра констатација но сепак по се изгледа дека на мнозина не им е јасно дека ние апсолутно ништо не произведуваме. Она по што некогаш сме биле познати, дали мит или вистина не навлегувам, храната, е ни тоа веќе не го произведуваме, зависни сме од увоз. Се сведовме на кладилниците и казината да ни бидат дотолку важни, ете тие перални на пари, само ако некој спомне некаков предлог за регулација на нивната работа, не дај Боже затворање, е тогаш експертите предвидуваат економски помор. Што пак само по себе говори на какво економско дно сме доведени, коцкарниците и брзите кредити да ни се станати витален дел од нашата т.н економија. Што значи ние не произведуваме добра, не продаваме услуги, ами создаваме и трупаме долгови.