Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
И после сите ќе се разбудиме испотени.
Каков мислење напиша така и ти вратив, никој досега не успеал да се избори со гладен народ, така да единствено машините моженда не заменат во целост е ако не истепаат по логори, во спротивно се знае што следува. Жолтите елеци беа само почеток ама кај се најде тој шиш миш го лапнало нешто и ете до каде сме сега.
 
J

joli1

Гостин
Затоа што најголемиот дел се лопови што украле во 90тите години ете затоа. И за тие што украле ме боли кур, се до темел да му изгоре не би го жалел а не да го жалам затоа што ќе немал за него. Овие со помалите бизниси, отворени со пот и мака, луѓе кои и самоте се работници и работат со работниците се нешто друго но и тие треба да бидат конѕролирани и запазени. Останатите само бензин и како во некој други држави во минати времиња и деца и покуќнина... како они пред 30 или подобро кажано пред 80 години, така јас сега нив.
Зависи, малку е и генерализација ова. Жалам што во Македонија се мисли дека позади секој успешен човек мора да стои партија или дека има проневерено пари во тек на транзицијата што не е точно. Постојат луѓе у Македонија кои што имаат огромен капитал стекнато легално без никаква партија или проневера.

У бизнисот постојат неколку видови на бизниси, во Македонија преовладуваат малите бизниси. Малите бизниси по природа се ептен кревки и подложни на несакани промени, па поради тоа државата у ниту еден случај не смее да се меша у приватниот сектор, поготово у наша ситуација каде што приватниот сектор го храни јавниот сектор кој е преполн.

Уништување на приватниот сектор = уништување на целата економија на државата.

Јеее се газди тука у пм.
Полека бе малце остајте нешто и за другите да отворат, конгломерати ни заедни.

@jamajka друже па ти беше по меџународното бар, знаеш у Франција на пример колку е данокот за газдите. Домот на правото. Иде и до 80%, значи сепак ќе ти се меша државата :)
Џабе силењево.
Како ќе ти свири државата, така ќе играш.
Не сме газди (сеуште), ама имаме нешто што се вика common sense.

Мораш да сфатиш дека кога се раѓаш у светов дека никој тебе ништо не ти должи, ниту државата, ниту работодавецот. Лепо фино, ако си толку способен и ако сметаш дека треба да си повеќе платен, тражи да си повеќе платен, смени работно место или отвори сопствен бизнис и рескирај. Можеби тогаш ќе ти се промени малку видикот на одредени работи.

Иначе, да, знаеме колкав е данокот на газдите у одредени држави. Такви огромни даноци за газди едноставно прават газдите да си го преместат бизнисот у друга држава.

In order to avoid wealth taxes in Sweden, Kamprad moved from Sweden to Switzerland in 1973, where he spent more than 40 years building the IKEA-empire.
Еве еден пример што се случува кога државата почнува да се меша у приватниот сектор премногу.

California’s strict lockdown rules during the coronavirus pandemic are believed to have encouraged his decision, too. In May, Musk angrily tweeted that Tesla would move its headquarter to Texas (or Nevada) “immediately” after local governments refused to let the company reopen its Fremont factory.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.791
Поени од реакции
8.500
Иронично, интересна мисла излезе од Бране (баш од Бране бе) пред некој ден, вика „држава што живее на кредит умира на рати“. Настрана што сељачкото крило во сдс го фрли на апарати, коси кубеа, почнаа валкан веш да си вадат, нивна работа, ги знаеме што племе се и бранковистите и заевистите. Муабетот беше за мудроста на Бране, оти прав е кога вели и тој, а и било кој друг оти сме до гуша во лајна. Не е некоја премудра констатација но сепак по се изгледа дека на мнозина не им е јасно дека ние апсолутно ништо не произведуваме. Она по што некогаш сме биле познати, дали мит или вистина не навлегувам, храната, е ни тоа веќе не го произведуваме, зависни сме од увоз. Се сведовме на кладилниците и казината да ни бидат дотолку важни, ете тие перални на пари, само ако некој спомне некаков предлог за регулација на нивната работа, не дај Боже затворање, е тогаш експертите предвидуваат економски помор. Што пак само по себе говори на какво економско дно сме доведени, коцкарниците и брзите кредити да ни се станати витален дел од нашата т.н економија. Што значи ние не произведуваме добра, не продаваме услуги, ами создаваме и трупаме долгови.
Мислам единствениот нормален одговор што го прочитав во последните неколку страни. Македонија не може да се каже дека има економија, кога четирите најголеми стопански гранки ни се комар, кафани, изградба на домови на гастарбајтери и перење на пари ( додуше последнава е само за елитата). Само да прекинат овие од Швајцарија и Германија домови да градат овдека, целата економија ќе пропадне за 2 месеца.

Али како и се друго во Македонија приказната не застанува тука. Ајде да го погледнеме и тој минорен бизнис на изградба на домови за иселениците. По стовариштата: Бугарски цемент, кинеско железо , босанска ( ако си среќен) граѓевина, српски керамиди ( Нехе), турски прозори, итн ... . 80-90% од робата во стовариштата е УВОЗНА. Абе дрвените рачки за алатот ги увезуваме.

Ништо не произведуваме, апсолутно ништо. Да не се старите кои уште на по 50-60-70 годишни сеуште се занимаваат со земјоделство зошто инаетот не им дава да ја гледаат нивата неизорана и непосадена. Најверојатно и полињата ќе зјаеа празни. Ама тоа е не можеш да се разбереш со луѓе на кој работа во мекдоналдс во Америка преку лето им е замислата како треба да изгледа еден живот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
Каков мислење напиша така и ти вратив, никој досега не успеал да се избори со гладен народ, така да единствено машините моженда не заменат во целост е ако не истепаат по логори, во спротивно се знае што следува. Жолтите елеци беа само почеток ама кај се најде тој шиш миш го лапнало нешто и ете до каде сме сега.
Огромен дел од мануелните работи се автоматизираат. Уствари, добри пола кандидати за советници и еден кандидат за градоначалник ви работат на такви проекти. :D
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Ок. Трескам глупости, и чекав ти да пишеш нешто штуро вака за да ме просветлиш, фала стварно.
Гинеле онде по синдикатите за поголеми права, сам си пишал се работело и по 12 часа. Сигурно и тогаш "немало логика" кај некои "паметњаковци" да се работи по 8 часа.
Не друже ама тогаш бил светот со други вредности и капиталистите не биле толку паметни(лукави) како овие. Им дале малку слобода, право на глас, као права и одговорности, кур се тресе и пак останало се исто. Нешто слично као Црнците во Америка ама да не одиме далеку ае.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ок. Трескам глупости, и чекав ти да пишеш нешто штуро вака за да ме просветлиш, фала стварно.
Гинеле онде по синдикатите за поголеми права, сам си пишал се работело и по 12 часа. Сигурно и тогаш "немало логика" кај некои "паметњаковци" да се работи по 8 часа.
Да, и затоа има механизам на ЕСС, но и МОТ, а не само автономната волја на државата која ќе утврдува и креира политики.

Бизнис секторот во секое време може да го пресели капиталот во држава која се заложува за истиот. Прашање е зошто ние сме на дното на СДИ во регионот иако имаме најниска просечна плата во Европа и едни од најниските даночни стапки! Корупцијата си игра голема улога, барем претпоставувам.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.791
Поени од реакции
8.500
Огромен дел од мануелните работи се автоматизираат. Уствари, добри пола кандидати за советници и еден кандидат за градоначалник ви работат на такви проекти. :D


Степен на културен распад на ниво на советскиот сојуз во почетокот на 80тите. Кога целото општество се распаѓа, си ја уништил целата работна култура и се што расте е декаденцијата. Прави си приказни дека еве уште малку и таму сме, целосно автоматизирано општество.

Не сме ниту на 1% од потребната технологија за воопшто да се почне да се размислува не па да се имплементира автоматизација од широк опфат на физички интензивни работни места.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208


Степен на културен распад на ниво на советскиот сојуз во почетокот на 80тите. Кога целото општество се распаѓа, си ја уништил целата работна култура и се што расте е декаденцијата. Прави си приказни дека еве уште малку и таму сме, целосно автоматизирано општество.

Не сме ниту на 1% од потребната технологија за воопшто да се почне да се размислува не па да се имплементира автоматизација од широк опфат на физички интензивни работни места.
Кај тоа реков дека ние сме автоматизирано општество?
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.791
Поени од реакции
8.500
Да, и затоа има механизам на ЕСС, но и МОТ, а не само автономната волја на државата која ќе утврдува и креира политики.

Бизнис секторот во секое време може да го пресели капиталот во држава која се заложува за истиот. Прашање е зошто ние сме на дното на СДИ во регионот иако имаме најниска просечна плата во Европа и едни од најниските даночни стапки! Корупцијата си игра голема улога, барем претпоставувам.
Кој бизнис сектор, кој капитал ќе префрлат? Кој се тие кај нас огромни бизнисмени кои имаат бизниси кои може да бидат префрлени? 95% од нив се директно вмешани во политика и имаат прљаво минато. Без Македонија да ја цедат за 5-10 години ќе завршат на питачки стап. Кој Чифлиганец ќе си отиде од Македонија и ќе почне по Београд и Софија и Париз и Лондон и Берлин да гради станови? Дека они немаат нивна градежна мафија па Чифлиганец им треба. Или Свето Пивара ќе си отиде во Германија и ќе отвори Мекдоналдс ? Или во Италија ќе отвори Винарија? Или во Београд Пивара? Упс проба и мафијата тамошна на клоци го избрка. Што Хари ќе отиде во Лондон и ќе отвори негова банка таму. Трифун во Полска да не ќе им отвори Поштенска Банка? Макпетрол ќе отворат бензински пумпи во Русија? или пак Мијалков ќе отвори коцкарници во Лас Вегас. А извини и го заборавив Орце, он гарант во Норвешка Систина ќе им отвори.

Без Македонија да ја молзат како крава, немаат ништо. Ниту позициите си ги имаат освоено самите, ниту парите си ги имаат заработено. Таму се каде што се, зошто се согласиле да работат против интересите на Македонија за странски интереси.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
У склоп на офтопик муабетов имаше интересна анализа и заклучок пред некое време, зашто во Бугарија просечната плата значително се зголемила задњи 10тина години, а економијата не.
Едноставно, работодавачите морале да понудат поголема плата, затоа што веќе немало работници. Незнам колку приметувате на велико се дешава (почнува) тоа кај нас.

Не сме газди (сеуште)
Ми се свиѓа ентузијазмот (y) со среќа.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.420
Јеее се газди тука у пм.
Полека бе малце остајте нешто и за другите да отворат, конгломерати ни заедни.

@jamajka друже па ти беше по меџународното бар, знаеш у Франција на пример колку е данокот за газдите. Домот на правото. Иде и до 80%, значи сепак ќе ти се меша државата :)
Џабе силењево.
Како ќе ти свири државата, така ќе играш.
Па што кур барам во држава со високи даноци бизнис да праам? Тоа е и првата причина што од таквите држави бизнисмените отидоа да аутсорсираат. За кој кур да давам 80% од нештото за што сум го вложил животот, за да хранам рандом криминоген црња или терорист муџо ... Или па кај нас рамковен борец за човекови права. Искрено според тоа какви се условите, и тоа пензиско и здравствено што се плаќа за работниците е фрлање пари у бунар, хранење на тендер паразитски фирми.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
Каде јас спомнав дека зборам само за Македонија?
Светот ли не е на 1% од технологијата за да ги замени тие работи? Па кандидатот за градоначалник што го имате во Карпош (кој патем работи во банката на Чифлиганец :D ) се пофали дека ќе ја автоматизирал општината. Тоа не значи дека ќе ги отпушти тие во администрација што се шлаат таму? Петмина кандидати за советници ви работат во иста фирма со мене. Сите петмина кога ги прашав што ќе прават ако им закажам состанок во ист момент кога ќе имаат седница на совет, ми рекоа дека ќе дојдат на состанок. Патем, сите петмина работат во фирма што со своите продукти направи 40тина илјади луѓе непотребни во работниот процес само лани. Работничка партија. :D
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Без Македонија да ја молзат како крава, немаат ништо. Ниту позициите си ги имаат освоено самите, ниту парите си ги имаат заработено. Таму се каде што се, зошто се согласиле да работат против интересите на Македонија за странски интереси.
Бизнис секторот може да го премести капиталот, каде сака и кога сака. Може и да си игра на берза, може и парите да ги стави ви банка.

Немаме ние само наш бизнис сектор, туку и странски. И немаме само големи бизниси, туку и мали и средни. Зошто не се гледаат бизнис политиките на Левица низ нивната призма? Колку претпријатија згаснаа оваа година? Колку работат со загуби? Или одма ќе се оди на Кочо, Заев и Мицко кои имаат милиони, а притоа да се изолира 95% од бизнис секторот?

Најлесно е да се презентира лудизам и неразвојна политика, без цели, полна со идеали.

Почни од себе, зголеми им ги платите на работниците и намали им го работното време. Или ако си работник, оди во понеделник кај газдата и кажи му ги новите услови под кои ќе работиш. :)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.420
Светот ли не е на 1% од технологијата за да ги замени тие работи? Па кандидатот за градоначалник што го имате во Карпош (кој патем работи во банката на Чифлиганец :D ) се пофали дека ќе ја автоматизирал општината. Тоа не значи дека ќе ги отпушти тие во администрација што се шлаат таму? Петмина кандидати за советници ви работат во иста фирма со мене. Сите петмина кога ги прашав што ќе прават ако им закажам состанок во ист момент кога ќе имаат седница на совет, ми рекоа дека ќе дојдат на состанок. Патем, сите петмина работат во фирма што со своите продукти направи 40тина илјади луѓе непотребни во работниот процес само лани. Работничка партија. :D
Треба да ги прашаш колегите, да ја следат идеологијата и да се откажат од 50% од своите плати да им го зголемат просекот на оние со минимални примања. Верувам дека и со 50% помала плата ќе бидат далеку над Македонскиот просек. Па после нека продаваат муда за бубрези.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom