Потребна документација за во Средец (општина)
- Указ (оригинал на увид, копија од истиот)
- Заваление за постојанен адрес
- Адресна карта за настојаш адрес
- Личен регистрационен картон
- Извод од матична книга на родени (преведен и легализиран)
- Извод од матична книга на венчани (преведен и легализиран)
- Извод од матична книга на родени за вашите деца (преведени и легализирани)
- Копија од пасош + копија од страната на пасошот со печатот од влез во БГ (на никој не побарале ова второто ама имајте го)
- Платена такса од 30 лева (се плаќа на шалтер, претходно размените некаде евра во левови)
ВАЖНО:
*доколку сте разведени во изводот од матична книга на родени треба да Ви е впишан разводот.
* во Личниот регистрационен картон ја впишувате Вашата фамилија (носете си едно ливче со потребните податоци за да во брзањето таму не погрешите нешто. Ви требаат име презиме и датуми на раѓање од сите членови на семејството).
Доколку не сте сигурни како тоа да го напишете на бугарска кирилица тогаш користете google translate, доколку и тогаш имате двојби - на едно обично ливче напишете ги или испринтајте ги имињата и презимињата на потесното семејство (родители, браќа и сестри, сопруга, деца) и тоа ливче однесете го на превод (во мкд или бг сеедно) и така ќе бидете 100% сигурни дека немате грешка во буквите.
Во картонот (во полето ЕГН) не впишувате целосен матичен (МКД) број туку само датум на рагање!!!
Адресна карта за настојаш адрес (ја пишувате адресата од мкд)
и
Адресна карта за постојанен адрес (ја пишувате адресата од бг), тие што сте на Леге ја пишувате таа, останатите кои сте во ќустендил податоците од таму или од др место каде ќе одите во општина.
Важно: во документот за настојаш адрес (кај образование) одбирате под бр.3 (ако сте со факултетско), 2 (за магистер) или 6,8,9 (ако сте со средно)
Во делот цел на пребиване, или 5. при родители или 7. друго (ако живеете сами).
Во делот срок на пребивне - 5. Постојано
Прегледај го приврзокот 304543
Законскиот рок за подигање на ЕГН е 7 дена.
Вобиичаено го изготвуваат за 3-4, но заради гужвите издадоа соопштение, а и сами Ви велат да дојдете по 10.
Доколку сте љубезни можете да завршите работа и во еден ден, прашајте си културно и секако во пасош или пак некој друг документ од овие што ќе ги предавате оставете нешто за да се почастат.
Едно дваесче од еврејската валута обично брка работа, ако нешто Ви кршат клечки може да го поткрепите со една десетка од страна.
Така да и за во општина НЕ Ви требаат посредници и не Ви треба некој да Ве прави при очи слепи и при разум будали за да пополните обични формулари со име, презиме, адреса и датум на рагање - као за тоа треба „свој човек“, не треба. Сите сме го поминале тој пат, учиме едни од други, еве и формуларите ги најдовме и апсолутно за делот подигање указ од МП, давање документи за ЕГН и подигање на истиот, како и делот МВР т.е. сликање за пасош НЕ ВИ ТРЕБА ПОСРЕДНИК. Секој може сам да оди и да заврши работа.
За средец, формуларите за адреса ги има на овој линк:
Уважаеми граждани, тук ште намерите информација за видовете услуги, срокове и цени, които изв'ршва от
sredec-sofia.org
Прегледај го приврзокот 304544
Адресата е:
Прегледај го приврзокот 304545
Пауза прават (заради дезинфекција на просторот) во следните интервали:
10:30 - 10:45
13:00 - 13:15
15:30 - 15:45