Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.641
Поени од реакции
59.563
Како го објаснуваш тогаш фактот дека Марота и Аусилио сакаа да ја стопираат продажбата на Лукаку? Ако е толкав долгот и ако мораше да се продаваат двајца во овој преоден рок, зошто реагираа директорите?
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.207
Поени од реакции
46.451

Не беше муабетот у стил, не го давајте Лукаку и толку, муабетот во медиумите беше дека Марота и Аусилио демек го убедувале кинезот дека тие пари може да се земат со продажба на други играчи ама овој немал време за чекање, односно продажби летово плус јануари.
Е сеа не се прецизираше на кои играчи се мисли, туку претпоставките беа на буквално цел отпад, е сеа Ио виде и сам како идеше продажбата на отпадот со Марио, Лазаро и Далберт.

Ова мислам е еден од проблемите кои за жал ни Марота не можеше да го реши, бидејќи отпадот нема у Реал, ПСЖ или Англија да го продаваш, туку у тимови кои со коронава веќе не инвестираат многу односно немаат пари ко што некад имале па се средуваа такви договори со нив, ко со Пинамонти што напраивме, оној Зино у Стандард во Белгија и тн и тн. Ако памтиш имаше едно лето кога Аусилио покри 45м само во Јуни со такви некои трансфери на младинци и остали небитни играчи за да си ги запазиме ффп границите.
Искрено не знам како тоа Марота би го решил со овие, једино друго сценарио е да се продаде некој за кој загарантирано и ќе има интерес од јак(и) клубови и секако ќе чини барем 50м.
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
3.698
Ама збориш за шифри како од ракав, свака ти част.

200 + 200 = 400 загуби, без притоа реално да си запознаен со сите финансии на клубот, онака како ова работа да била најпроста работа во цел свет, проста математика нема што.

Ако марота и аусилио биле убедени дека тие малку пари што требало да ги соберат за да ја затворат годината во позитива можат да ги донесат во клубот од овие "oтпадоци", сигурно дека знаеле повеќе од нас тука.

Продажбата на Лукаку беше дирекнто од кинезиве(лукаку) и немаше врска со финансиите на клубот во долг рок... Онака тие пари испарија во кина да покријат долгови, simple as that!
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.167
Поени од реакции
10.114
Не беше муабетот у стил, не го давајте Лукаку и толку
Баш мислам дека тоа беше муабетот. Не беше неопходна финансиски продажбата, туку сакаше овој да си иде, а жутиве да инкасираат.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.207
Поени од реакции
46.451
Баш мислам дека тоа беше муабетот. Не беше неопходна финансиски продажбата, туку сакаше овој да си иде, а жутиве да инкасираат.
Не, не беше, убаво го памтам целиот муабет и го дискутиравмена фејсбук у фан клуб зашто форумов тогаш беше умрен од смрт.
Ама збориш за шифри како од ракав, свака ти част.

200 + 200 = 400 загуби, без притоа реално да си запознаен со сите финансии на клубот, онака како ова работа да била најпроста работа во цел свет, проста математика нема што.

Ако марота и аусилио биле убедени дека тие малку пари што требало да ги соберат за да ја затворат годината во позитива можат да ги донесат во клубот од овие "oтпадоци", сигурно дека знаеле повеќе од нас тука.

Продажбата на Лукаку беше дирекнто од кинезиве(лукаку) и немаше врска со финансиите на клубот во долг рок... Онака тие пари испарија во кина да покријат долгови, simple as that!
Друже имаш линк во самиот пост од луѓе кои се запознаени, загубите на тимот се јавни, не ги чуваат у фиока така да искулирај малце.
Колкав би бил истиов овој минус ако останеа тие двајца тука, без да влезат нивните пари у клубот и притоа да си добиваа редовно плата ?
Ако сега е 200 ...
Ова не е на памет зборење и од ракав, туку проста математика.

А Марота и Аусилио биле убедени ама тоа не значи и дека тоа ќе го реализираа, зашто беа убедени дека ќе земеме пари од Марио, на крај му раскинаа договор и уште се тужат со оние мртвине спортинг ради тоа, беа убедени и дека далберт и лазаро ќе ги увалат некаде па уште едно лето у низа ги даваат на позајмица со право на откуп. Толку од нивната убеденост, умреа диловите што лесно ги правеа на времето со ништо од играчи плус примавера трансфери и на крај од нигде никаде 50м глеаш у буџет.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.167
Поени од реакции
10.114
Само имаш грешка у математиките, парите од лукаку пола и више отидоа у Јунајтед за ратите од трансферот. Не е баш 200+200=400.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.207
Поени од реакции
46.451
Само имаш грешка у математиките, парите од лукаку пола и више отидоа у Јунајтед за трансферот. Не е баш 200+200=400.
Нека не се 400, над 350 се сигуно, точно нема да се замарам колкав е огромниот минус на клубот, туку целата поента ми беше дека на цела земена пара они пак се 200м у була, што многу, а со нив двајца у тим, цифрата дефакто ќе беше многу поголема, нарочито што и платите им тежат многу.
А со оглед дека сеуште работиме со загуба, ако кинезите се уште тука и функционираат ко што си тераат у задњи година ипол-две, следно лето и овој ослабнат тим ќе го ослабнуваат по ист терк.
Само што нешто ми кажуе дека вакви очајни тешко дека ќе издржат тука, нит нив им одговара а за нас муабет да не праам.

п.с. Мислам дека Лукаку на рати се исплаќа така да не е одма исплатен целосно, не глеам поента зашто јер рати, Хакими можда е, не знам, одлагаа со Реал за исплата на рати еден период ама поефтин е дупло од Лукаку.
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
3.698
Не, не беше, убаво го памтам целиот муабет и го дискутиравмена фејсбук у фан клуб зашто форумов тогаш беше умрен од смрт.

Друже имаш линк во самиот пост од луѓе кои се запознаени, загубите на тимот се јавни, не ги чуваат у фиока така да искулирај малце.
Колкав би бил истиов овој минус ако останеа тие двајца тука, без да влезат нивните пари у клубот и притоа да си добиваа редовно плата ?
Ако сега е 200 ...
Ова не е на памет зборење и од ракав, туку проста математика.

А Марота и Аусилио биле убедени ама тоа не значи и дека тоа ќе го реализираа, зашто беа убедени дека ќе земеме пари од Марио, на крај му раскинаа договор и уште се тужат со оние мртвине спортинг ради тоа, беа убедени и дека далберт и лазаро ќе ги увалат некаде па уште едно лето у низа ги даваат на позајмица со право на откуп. Толку од нивната убеденост, умреа диловите што лесно ги правеа на времето со ништо од играчи плус примавера трансфери и на крај од нигде никаде 50м глеаш у буџет.

Е ај да ги продадеме и лаутаро, скриниар, бастони, де врај и сите други отпадоци за да бидеме во плус според твоја логика, а ќе играме со примавера во меѓувреме...

Во денешно време сите клубови се во минус освен се разбира големиот и уникатен клуб во светот Милан, тие се на 0(НУЛА).

Што сакам да ти кажам е следново, чим Марота и компанијата биле убедени дека можат да соберат 20М+ од другите отпадоци + Хакими за да ја затворат годината во рамките на дозволеното и пак да бидат ОК со Сериа А, и Уефа доволно ми дава аргумент тука дека Лукаку е директен дил на кинезиве да искешираат пари од клубот.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Може и тоа е спин за јавноста да мисли дека стрикно Лукаку е крив. Истотака тој период се најавуваа и оставки од директорите плус Инзаги.

Да не беше Лукаку, ќе беше Лаутаро.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.207
Поени од реакции
46.451
Е ај да ги продадеме и лаутаро, скриниар, бастони, де врај и сите други отпадоци за да бидеме во плус според твоја логика, а ќе играме со примавера во меѓувреме...

Во денешно време сите клубови се во минус освен се разбира големиот и уникатен клуб во светот Милан, тие се на 0(НУЛА).

Што сакам да ти кажам е следново, чим Марота и компанијата биле убедени дека можат да соберат 20М+ од другите отпадоци + Хакими за да ја затворат годината во рамките на дозволеното и пак да бидат ОК со Сериа А, и Уефа доволно ми дава аргумент тука дека Лукаку е директен дил на кинезиве да искешираат пари од клубот.
Па како тргнале, со истово темпо, следново лето истото те очекува, затоа и не гледам поента да продолжат Кинезиве да се тука, и они губат и ние, едноставно не можеме да опстанеме со нив а притоа да негуваме некое шампионско ниво у тим.

А иначе мојата логика е едноставна, минатото лето немаше да се застане на една јака продажба, Лукау само им ја олесни работата. Ја верувам дека Марота и Аусилио сакаа да е само тоа Хакими зашто имавме премногу небитни играчи у ростер кои сакаа да ги дадат, ама тие нивни магии од минатото испарија, во спротивно ко од шала ќе направеа 60м евра од низа играчи, да не ги набројувам ама сигурно бројката ќе е 7-8, можда и јаче, тука спаѓаат и Ди Марко, оној црнион у Верона сеа што е или кај и да е, Еспосито, покрај мариовци далбертовци гаљардиновци и остали.

Така да на крајот од денот пак ќе добиеа директиви за ногирање на некој јак бидејќи точно 0 интерес имаше некој да инвестира у ваквите, само позајмици и онаа глупа маска, со сума за откуп. Далберт така 2 години го шетаме навака натака, не верувам ни сеа дека Каљари ќе го земе. За марио исто, на крај видоа не видоа му раскинаа договор зашто немаа право ко играч на Интер да го дадат у Португалија, е до толку им беше тешко да продаваат што на крај спогодбено раскинуваа договор со играч само за да си оди.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.969
Поени од реакции
15.226
Загубите се за сезона 20/21, а парите од трансферите би влегле во сезона 21/22 ако не се лажам. Ме мрзи да читам секако, ќе ги лајкнам тие што ќе речат дека све е убаво у клубов и дека немаме финансиски проблеми и ќе се согласам со нив, јер не ми треба и нервоза за финансиите на смрдениов клуб.

As the Gazzetta dello Sport informs , today the Inter Board of Directors will confirm the losses for 2020/21: a figure that should exceed 200 million . But there will also be talk of an improving situation thanks above all to the summer sales, the loan of Oaktree and the return of the fans to the stadium.
Од овој извадок влечам заклучок дека загубите се пред да влезат тие 170 од трансфери.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.344
Поени од реакции
11.768
До пред 4-5 месеци, ние бевме Син, а тој беше од спротива.
Сеа се смениле работиве, и тоа во крајност.
Штета што требаше Лукаку да се продаде па да го свати тоа.
 
Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
Урко, ова ти се само хипотетички вака така муабети за втората продажба. Фактите се дека Лукаку сам инсистирал да си оди, потврдено од сите вмешани страни. Дали после тоа ќе се продавал Хакими или Лаутаро може само да нагаѓаме. Ете дури и да се размислувало за таа втора продажба, Хакими беше продаден во услови кога Марота немаше многи простор за преговарање бидејќи чукарето бакнуваше дресови, се срамеше по твитери кога го викаа во Сити, најавуваше спектакли после разговорот со Инзаги и со ништо не наговестуваше дека ќе си оди. Во таква ситуација дури ни приватен глупак од калибарот на Горилаз или Сладоледџија не би помислил најдобриот тандем во Европа да го растури на сметка на десен бек, па уште со полуиграч како Кореа да го замени, не па куче како Марота. Е сега ако прво ги добиевме тие 100+ мил. за Лукаку, под услов Хакими да не побара трансфер хипотетичката продажба можеби и ќе се случеше, можеби не, но под услови на Марота кои ете можеби и немаше да бидат прифатени од Псж, а сигурно немаше на две недели пред почеток на првенство.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.207
Поени од реакции
46.451
До пред 4-5 месеци, ние бевме Син, а тој беше од спротива.
Сеа се смениле работиве, и тоа во крајност.
Штета што требаше Лукаку да се продаде па да го свати тоа.
До пред 4-5 месеци тренди беше да се критикуваат кинезите јер кинези и не трошеле ко сити и псж, не лажи дека било така, туку од сам старт па до пред пандемијава редовно се мрчеше тука за нив иако работеа супер.
Тебе што ти е чудно што кога некој работи добро, човек го фали, а кога ја усеруе, го критикува, тоа е веќе друга тема на муабет џабе тука ќе ја разглабаме, зашто конкретно со мене на тема сунинг тоа се случува. И ја тука не глеам ништо чудно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom