Фан Клуб: Интер

И као капак на крај голманов на шахтјор се претвори во лав јашин...

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Тоа е таа убава игра која ја фура Инзаги, да ти ебам и фудбал и све, јас незнам што кур се замарам со овие гомна.

Овие имаа 4239029423 пасови, и точност над 90%, нашите едвај 100паса и точност под 80%?!
 
Срамота ова денес.
Иде на сметка на Инзаги и форсирањето на ДиМарко и Весино.
Среќа мала Шериф ги доби Шахтјор па со наредни две победи наши и на Реал би требало да сме пласирани понатаму.
Секако, тоа нема да го смени фактот дека два натпревари против умрени екипи не успеавме да дадеме гол.
Средината шта речи. Барела само се расправа со играчи и судија, ништо асално не направи денес. Имаше една пречка на почеток и тоа беше се од него.
 
Ова беше ужасно. Подобро да не го гледав.
Што помалку се коментира тоа подобро. Тимот е многу послаб од лани, без Лукаку, Хакими и Ериксен. Како и да се игра, мачна сезона ќе биде ова, со потенцијал за ново резилење во ЛШ.
 
Оваа доверба што ја има во Ди Марко е многу тажна работа. Перишиќ за него е Ферари, ако продолжи да го форсира само ќе внесе раздор во екипата. Стриктно играч за клупа, да влегува по 20 минути на натпревар и тоа е се.

Бедно издание денес, освен Шкринијар што одигра топ назад и Кореа што покажа нешто кога влезе, сите други би ги пратил сега во Киев да цепат дрва пред полетување.
 
Прв пат сезонава ваков очај , еден мочан Де Зерби тактички те доминира и ти игра висок пресинг. А за нашиот висок пресинг па ни муабет да не праиме, млитаво во транзиција и шлаг на тортата очајни измени поготово Брозович за Туракот.

На Скринјар свека да му се запали дека без него денес сигурно ке изгубеа, а и заслужено ке беше.
 
Па и не толку, Шериф заврши голема работа за Интер.
Да ама срамота е, изгубија многу тука украинците али небитно, очекувам и вака да поминат групи и после да не нагузи некој ко баерн или некои трети, почнувам да се сомневам у моменталниов капацитет на Инзаги, нарочито после ова што го видов денес каде правеше кардинални па и би рекол аматерски грешки.

Влезе у прво со еден од најлошите пресинзи што ги иам видено у животов и измори пола екипа за џабе, у второ тотално издоминиран од Де Зерби, тотално ги промаши и измените, премногу е ова за вакво ниво на фудбал а и за екипа од која очекуваш да ја одбрани титулава во Италија. Дај боже да сум грешка ама почетоков на Инзаги мене лилно не ми е ветувачки, играат 20 пати послабо од оној Интер што пред 4-5 месеци ја заверуваше титулава во Италија. Играчки сме послаби ама и во поглед на играта се нивоа подоле у моментов, вториве 45 минути у Киев ме потсетија на едни језиви времиња.

И Дамфрис ... класичен мех, прв пат да го глеам асално денес а и со Аталанта, од коњ на магаре после Хакими, сеа сфаќам уствари зашо Инзаги го преферира поише Дармијан, бар сеа за сеа.
 
Многу лошо, банда без команда.

Тактички бевме надиграни, заслуживме и пораз. Инзаги мораше уште од старт на второ да го вади Бастони и да појача среден ред. Не уништија просечни играчи само поради лошата поставеност и оставениот празен простор.
Џеко делува бескорисен, а со Кореа сме далеку поопасни.
 
Конте Лукаку Хакими vs Инзаги Џеко Думфриес.

Толку е постот.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Не бе што зборите подобри сме од лани, еве со Инзаги ќе поминеме група, и ќе освоиме скудето.
 
Во моментов 5 бода позади големите Шериф ... тууу. :pos:
 
Лоша игра, лош резултат. Прв кикс сезонава според мене. 2 асални удари кон голот во 90 минути и се браневме од Шахтјар, срамота.
Овие требаше да ги прегазиме 0-3 на полувреме и да кулираме до крај. Тажно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom