Некој шо го имал овај проблем, сакам искуства и совети, третмани, знам дека решение е операционен зафат, друго чаре не гледам....
Некој најскоро шо бил негде, често ми гној местото, па истекува гнојот, па по 3-4 дена пак истото, ама многу заебана болка е, и така и така боли, без разлика дали е полно или истечено.
Добар доктор некој најскоро шо бил ?
Д-р. Мане Хаџи Манчев во Жан Митрев. Мене тој ми го препорачаа пред 7 години (кога го имав тој проблем). Тогаш правев операција во Ремедика (сега тој работи во Жан Митрев). Конкретно бев задоволен, иако бев малце своеглав и не се држев до препораките, па многу порано почнав и со физичка активност, и не водев грижа толку за местото, освен да го држам чисто нели.
Во овие 7 години,во неколку наврати ми има истечено гној, и еднаш многу ми беше наполнето местото, не знам од кои причини. Вака генерално сум задоволен, сум немал посериозни проблеми, и дури многу ретко ми текнува дека всушност сум го имал.
Во врска со зафатот, ми ставија анестезија која ме успива (не знам како се вика), и лежев во болница 3-4 дена. Нормално почнав да функционирам после 20-тина дена, пред тоа не смеев да седам, да лежам на грб и слично.
Се појавува кај луѓе кои природно се повеќе влакнести на тој дел од телото, и кои седат многу во текот на денот (Јас).
Тоа беше пред 7 години, за сега скоро не знам да кажам. Обично освен од самиот зафат, зависи и во кој стадиум е влакното, односно колкава дупка се создава после зафатот, како и по операцијата, дали се држите до препораките од лекарот, и колку често ви се појавуваат нови влакна. Јас се депилирам со крема Veet и досега сум немал проблем, освен како што реков дека во неколку наврати ми има истечено гној, ама тоа било многу малко. Инаку јас имав прилично голема рана, бидејќи касно го открив.