Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Одличен пост :)

Имав слушнато за овој настан а изворот тврдеше дека Буш знаел за слученото, исто како и јапанскиот премиер Кичи Мијазава кој бил во Кемпетаи во WW2 па така при една средба во Токио се случува една од најбизарните ситуации на која бил изложен било кој владетел во светот.
Наводно Мијазава суптилно наговестил нешто околу настанот и Буш снемоштил скроз :)
Да, мене одма ми личеше немогуче да не дознал одма кога станал претседател, или порано.
 
Член од
1 мај 2021
Мислења
188
Поени од реакции
760
Инаку канибализмот бил широко распространет во окупираните острови од страна на Јапанци. Иронично, изгледа дека особено вкусни им биле домородците од Папуа кои и самите биле канибали.
Многу морбидно и многу оф-топик, ама имав прочитано пред некое време едно постаро интервју со еден домороден човекојадец од тие предели кој што тврди дека од сите раси белците биле најгадни, а другите домородци највкусни за јадење, што он го поврзува со диетата, односно внесот на скроб и јаглехидрати.

Можда затоа толку ги мерачеле Јапонциве. :sick:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Не знам дали е зборено веќе овде за ова, но сеедно бидејќи сега ќе го спомнам.

Проектот Хабакук

Првите години од војната Британија ги поминала во сосема незавидна положба, сама спротиставена на остатокот од Европа (освен Грција). Еден од најголемите проблеми (а ги имало многу) била војната во Атлантикот. Прекините на рутите со САД биле огромен фактор. Целото тоа потопување на фантастични тонажи за кратко време, било екстра загрижувачки.

Во тој период од војната ескортите на транспортите биле прилично блиску до Британија и после огромен празен простор (празен - без ескорт, но не вистински празен, бидејќи таму царувале глутниците германски подморници), блиску до американскиот брег, почнувале американските ескорти. Зборувам за авио-ескорти.

Тој вакуум било најлесно да се пополни со носач у средина на океан, но со оглед на фреквенцијата на подморничарската германска активност, тоа би било фрлање во оган на носач.

Затоа Черчил подржал проект на носач на авиони, кој ќе биде речиси непотоплив. Долг 1100 метри и широк 180 метри, тој би бил ваљда најголем носач, убедливо. Финатата е што ќе бил направен од материјал, кој е мешавина на струганици и лед.

Во Канада, тајно биле направени два протипа, од кои едниот со 1:50 размер. И функционирало.

Во внатрешноста на носачот, во трупот, ќе имало распоредени екипи за ладење, кои при најмал процеп, доаѓаат на лице место и со посебна технологија го ладат местото кое, така самото се "лечи".

Цената на овој проект, како и поангажираното дејствување на САД (кои после и официјално влегле во војната) со нивните бродови, го направиле овој проект неисплатив и останало само на прототип.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474

Овој на сликата е 610м должина и 92м ширина што е 2,2 пати повеќе од најголемиот во WW2 (Шинано) а носивоста од 200 авиони би била сериозен гејм чејнџер. Во тоа време ретко да имало копнени аеродроми со по 200 летала на едно место.
Но брзината од 7 јазли (13 км/ч) би била кобно спора. Не знам колкави оштетувања би направиле торпедата врз ваков колос, веројатно имале пресметано и таа можност. Пример Есекс имале 32,5 јазли (60 км/ч).
Како што слушав идејата и не била толку сулуда како што би делувало на прв поглед бидејќи пилевината делувала поволно на мразот да не се топи.
Меѓутоа сојузниците извршија инвазија на Исланд, Гренланд и Фарски острови (сите дански колонии во тоа време) со што добиле "непотопиви носачи" со што сериозно бил наголемен радиусот на дејство.
Подоцна со неколкуте вида авиони и хидроавиони со огромен долет веќе отпаѓа скроз идејата за носач од лед и пилевина:angel:

А дали ја знаете приказната за мртовецот кој одиграл поголема улога во војната од милиони живи војници? :) (Не бил дух, друга прича е)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
А дали ја знаете приказната за мртовецот кој одиграл поголема улога во војната од милиони живи војници? :) (Не бил дух, друга прича е)
У моментов, не ми текнува што би можело ова да биде.
 
Член од
1 мај 2021
Мислења
188
Поени од реакции
760
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Интересен лик :)

Инаку малку се знае за хитлеровата заповед за Тоталенкриг или Фестунг Дојчланд што значело дека не смее да има повлекување од ниту една педа немачка земја, а таму каде што морало, пред тоа требало да се уништи и спали све до темел, да не остане ништо на сојузниците да владеат.
Оваа наредба вклучувала уништување на буквално све, од инфраструктура до културното наследство на Немачка.
За среќа, ретко кој генерал ја послушал оваа наредба, уште помалку пониските офицери. Не сум сигурен дека некаде имало Фестунг-Дојчланд last stand воопшто?!
Во таа смисла била и пропаста на планот за јако герилско движење низ Баварија и Шварцвалд каде илјадници Вукодлаци би ги тероризирале сојузничките сили пост-Мај 1945.
Складови со оружје и опрема низ планините, наменети за таа цел се наоѓале и ден денес...

Тука доаѓаме и до една историска двојба, а тоа е зошто Рајхот продолжил да се бори пост-Сталинград, или најкасно пост-денот Д, што очекувале да постигнат? Во првата војна, после пропаста на операцијата Михаел и после 100-дневната офанзива на Антантата, Немачка потпишува примирје.
Зошто тоа не бил случај во WW2?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Тука доаѓаме и до една историска двојба, а тоа е зошто Рајхот продолжил да се бори пост-Сталинград, или најкасно пост-денот Д, што очекувале да постигнат? Во првата војна, после пропаста на операцијата Михаел и после 100-дневната офанзива на Антантата, Немачка потпишува примирје.
Зошто тоа не бил случај во WW2?
Интересно и доста опсервирано прашање, кај историчарите, за кое сме збореле и тука по нешто.

Секако, станува збор за комплекс од фактори со сопствено влијание.

Идеологијата е првиот фактор. Веројатно најбитниот. Таа влијалеа на неколку нивоа.

Но, има порационални, поприземни фактори, како на пример, кога некој Ханс, во март 45-та, ќе си каже - Ние знаеме што правевме у Русија и другде на исток, а знаат и Русите... И сега? Како би резолвирало све тоа, кога ние, после све ова што им го правевме, би се предале?
Има помали фактори кои влијаат само на некои слоеви. На пример, дотациите на германските генерали од нацистичката држава биле баснословни суми. Секој месец - ново мало богатство (додека остатокот од земјата умира од глад).
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384

Многу популарна тема. Ако некого го интересира на јутуб има многу видеа кои ја обработуваат оваа тема.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Ако сакате посериозен пристап, дефинитиво, последното видео на Читино.

и второто на Австриецот, исто
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Австриецот е многу добар. Има и еден Енглез исто. TIK се вика.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Ова писание нема некоја поента, само да кажам што прочитав.

Читав исповест на романски ветеран.
Помеѓу другото, кажа како 25-торица од негово село тргнале у Русија. Еден од мотивите, тоа време, им бил - Романците треба да наплатат за некои губитоци од Прва светска.
Иделе, се тепале по Русија, гинеле и убивале.
Кога ги заробиле, ги пратиле у Сибир. Возењето со воз, било како да се возиш во шуплива коцка лед. Скаменетите, наутро ги фрлале од вагонот/возот, да ги јадат глутниците волци, кои трчале по возот.
При крај, у Сибир им дале избор (на тие што преживеале, секако), или да останат да си дослужат казната, или да се приклучат кон последните напори против Хитлер и веднаш потоа да си одат дома.
Многу прифатиле, малку останале, но кога стигнале на боиште, им дошле ветерани од Сталинград, кои точно знаеле кој све од Романците се има борено на Дон (односно учествувал во Fall Blau). Тие одма ги убивале, со еден куршум во чело.
Имало некој од негово село, на кој мајка му му рекла кога ќе иде у војна, ако најде машина за шиење, да и ја донесе. И овој нашол, у Одеса ваљда беше и ја влечкал со него цела војна, за при крај, во некоја прилика, баш затоа што е полесна мета (поради машината на рамо), биде убиен од снајпер.
Тројца од селото се вратиле назад.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.378

Ако е вистина, тогаш мотивите на Русите биле потазе и посилни од мотивите на Романците за да им наплатат за агониите во Сталинград.

Жалосно ако е вистинито, а и да не е вистинито, сепак има слични вистински трагедии, но сите со заедничко потекло - самите си го барале.

Полесно ќе им било да си останеле неутрални како Швајцарија, која си терала бизнис со Нацистичка Германија, но никогаш официјално не била воен партнер на Третиот Рајх.

Не дека Швајцарците не знаеле каде ќе завршат сите пари кои им ги даваат на нацистите во облик на заеми и кредити, или па не знаеле од каде доаѓаат сето злато и останати материјални богатства кои нацистите ги менувале за швајцарски франци и за американски долари кон крајот на Втората Светска Војна, а особено после крајот кога се нафатиле да бегаат, но сепак Швајцарците најпаметно одиграле од сите.

Ма да и Швеѓаните не поминале баш лошо, цела Втора Светска Војна извезувале железна руда кон Нацистичка Германија со која ја хранеле германската воена индустрија, а на крајот не превзеле никаква одговорност за тоа.

Романија можела да си го тера истиот принцип на бизнис, излегува на море, па можела преку Италија да шверцува нафта за Нацистичка Германија, или уште полесно, после Аншлусот на Австрија од страна на Нацистичка Германија во март 1938, Романија можела да ја искористи Унгарија како тампон зона за нацистите да ја превземаат романската нафта на границата помеѓу Унгарија и Романија, или на границата помеѓу Австрија и Унгарија. Ем без активно воено учество, ем полна капа и бизнисот си цвета.

Ова секако само дополнително им се олеснило после нацистичката окупација на Чехословачка во март 1939, но Романците сакале да подмируваат стари сметки со Советскиот Сојуз, или подобро кажано: самите си го барале ќотекот, а не дека навистина им требал.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Не.
Романија, или слични земји (Југославија, Бугарија, Словачка, Грција...) Немале никакви објективни шанси да бидат неутрални.
Белгија не успеала да биде неутрална.

Инаку, Хитлер спремал план за инвазија на Швајцарија. Не се исполнила поради тоа што немал време 1940-та, па ја одложил за после војна, ама 1944-та пак некако испливала на површина, во контекст на утврдување на одбраната на Рајхот.
Швајцарија кога тогаш ќе била освоена. Постоењето на Швајцарија е спротивно да аншлусот*.

* - доктрина според која сите кои говорат германски треба да живеат во една држава, нешто кое му го признавале како валидно, западните удоволувачи, пред почетокот на војната.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom