Еве ги пак:
Огромно мнозинство на руски граѓани од околу 56% не излегува на гласање на наместените избори од страна на мафијашките тајни служби на диктаторот Путин. Нема причина да гласаат, кога се […]
mkdenes.mk
Огромно мнозинство на руски граѓани од околу 56% не излегува на гласање на наместените избори од страна на мафијашките тајни служби на диктаторот Путин. Нема причина да гласаат, кога се знае дека без разлика за кого си гласал, на крај сепак за победник се самопрогласува Путин. Доколку ДИК се обиде поинаку, исчезнуваат нејзините членови, а политичките опозициони лидери или завршуваат во затвор или со куршум во глава.
Со цел да направи трик пред светската јавност дека излегле на гласање барем над 40% Руси, тој организираше лажна лотарија на која се доделуваа награди. Демек поради лотаријата, Русите се премислиле и излегле да гласаат и тоа баш за него. Цел свет се смее. Сите ги видоа празните избирачки места и едвај по некој случаен гласач, државен службеник или активист на партијата на вечниот диктатор.
Никогаш не било толку едноставно да се добие автомобил или гарсоњера во Русија – сто нови автомобили или 20 станови беа наградата на лотаријата што викендов ја организираа московските градски власти. Единствен предуслов за учество: да се гласа онлајн за една од 14-те партии кои учествуваа на изборите за идниот состав на руската Дума.
„Еден милион награди” беше името на програмата која требаше да привлече што повеќе Московјани да гласаат. И портпаролот на Кремљ, Димитри Песков учествуваше и за добар ПР доби 10 илјади рубљи, односно 115 евра. Смее да ги потроши во супермаркет за намирници.
....
добро кој ги пишува овие "вести"?