K
Kitsune
Гостин
Баш дојдов да пишам рецепт за нешто благо. Прв ми се појави твојот пост.Инаку не сум по смутито, дојдов за благото тука, Емилија ми правеше лиги на "Што јадете во моментов", па дојдов да ѕирнам нешто брзо и лесно за правење. Другите слабо рецепти.![]()
Посни гурабии
Состојки:
- 250 мл масло
- 1 ванилин шеќер
- 6 лажици шеќер
- 1 прашок за печиво
- сок од пола лимон
- сок од еден портокал
- 500 гр брашно
Се мешаат сите состојки, се замесува помеко тесто. Засукуваш кора на набрашнета маса. Формираш колачиња со калап. Се печат во намрснем плех на 200 степени 15 мин.
Мој совет, не го ставајте цело брашно наеднаш, ставете пола, замесете. Па постепено додавајте го остатокот. Дур не се замеси тестото како што опишав погоре, помеко. Јас се заебав цело брашно го ставив па после додавав малку млеко за да можам да замесам.