Веганизам/Вегетаријанизам

  • Креатор на темата Креатор на темата Darling
  • Време на започнување Време на започнување
Инаку не сум по смутито, дојдов за благото тука, Емилија ми правеше лиги на "Што јадете во моментов", па дојдов да ѕирнам нешто брзо и лесно за правење. Другите слабо рецепти. :(
Баш дојдов да пишам рецепт за нешто благо. Прв ми се појави твојот пост.

Посни гурабии

Состојки:
- 250 мл масло
- 1 ванилин шеќер
- 6 лажици шеќер
- 1 прашок за печиво
- сок од пола лимон
- сок од еден портокал
- 500 гр брашно

Се мешаат сите состојки, се замесува помеко тесто. Засукуваш кора на набрашнета маса. Формираш колачиња со калап. Се печат во намрснем плех на 200 степени 15 мин.

Мој совет, не го ставајте цело брашно наеднаш, ставете пола, замесете. Па постепено додавајте го остатокот. Дур не се замеси тестото како што опишав погоре, помеко. Јас се заебав цело брашно го ставив па после додавав малку млеко за да можам да замесам.
 
Здраво. Јас сум веган ама вчера неможев да избегнам палачинки што имаа и јајце и млеко. Ама нели и тоа се смета за вегетаријанско. Само да не е месо. ;)
Јас одлучив да бидам веган поради многу причини кои тврдат дека е добра работа.
 
Само заборави да кажеш дека си нова ама одамна го пратиш форумов :D
 
Welcome to Trollland!
Следна станица, пиши дека фрлаш трошки под маса и види колку тролови ќе ти се јават.
 
ја од кога станав веган се препородив, почнав да искачам од дома и да шетам, дури и во темата за корона престанав да коментирам, што ти значи да бидеш веган:love:
 
ја од кога станав веган се препородив, почнав да искачам од дома и да шетам, дури и во темата за корона престанав да коментирам, што ти значи да бидеш веган:love:
Toa 5gto da si go nastimas, vegan ne se stanuva so vakcina.
 
Вегетаријанизам е исхрана која исклучува месо.

Веганизам е исхрана и начин на живот кој комплетно исклучува секакви продукти од месо.
Каков заклучок :pos:
 
Attachments

  • IMG_20210921_132753.jpg
    IMG_20210921_132753.jpg
    149,5 KB · Прегледи: 28
Пишете некоја рецепта за чорба со печурки.
Чорба со печурки(правена од око)

Ќе си пропржиш сецкан кромид и сец. моркови на масло едно 5-6 мин. Ќе додадеш сецкани шампињони или по можност 2-3 вида на печурки, рендано лукче,(+путер ако не си веган) сол, бибер, вегета и ќе ги пропржиш 10 ина мин. Потоа ќе налиеш фонд, супа од зеленчук(+хопла ако не си веган) и со подотворен поклопец на средна температура сето тоа да проврие пола час. Правиш посебно тенка запршка од масло и брашно ја запржуваш чорбата и оставаш да доврие уште 10-15 мин. На крај додаваш свеж сецкан магдонос... И проверуваш ако фали сол или бибер...
 
Последно уредено:
Јас на печурките кога ги препржувам обавезно му додавам и малку бело вино. Значи ги пропржуваш, се динста фино и додаваш бело вино. После може да си ги комбинираш како сакаш. Дали со кари, дали со павлака, зеленчук, пилешко и сл. Ако сакаш како чорба, може и од оние готовите крем супи да му ставите и имате ручек за прилично брзо време. :D
 
Чорба со печурки(правена од око)

Ќе си пропржиш сецкан кромид и сец. моркови на масло едно 5-6 мин. Ќе додадеш сецкани шампињони или по можност 2-3 вида на печурки, рендано лукче,(+путер ако не си веган) сол, бибер, вегета и ќе ги пропржиш 10 ина мин. Потоа ќе налиеш фонд, супа од зеленчук(+хопла ако не си веган) и со поклопец на средна температура сето тоа да проврие пола час. Правиш посебно тенка запршка од масло и брашно ја запржуваш чорбата и оставаш да доврие уште 10-15 мин. На крај додаваш свеж сецкан магдонос... И проверуваш ако фали сол или бибер...
Заборави да додадеш дека на крај ставаш ситно сецкано гоедско, и го оставаш да врие уште половина час :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom