Желба за болка!?

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.976
Koja e поентата на темава и што сака да каже OP со неа?
Каква желба за болка....
Прво помислив дека темава е во љубов и секс. После отворам и читам криптички пораки - ем прозевливо, ем what the fuck is going on.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Експресно те каменуваа. Што мислиш, зошто е тоа обично така, со вистината?
Бидејќи ете ја кажа Вистината и го распнаа. Како Исус!
Никој не сака туѓа вистина да е апсолутна и за него... луѓе :)

И никој не кажа дали реално има желба за болка - физичка која ќе предизвика и духовна/психичка болка за да е во „блаженство“, или директно духовна/психичка болка преку создавање измислени сценарија за нештата од реалноста да се поклопат во нечиј универзум така што намерно ќе создадат желба?!

Што мислиш, како е? Или не постои разлика?
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625

Зарем и ти помисли дека Џошуа прај муабет за физичко самоповредување? А го спомна Буда?
9633ed85861df05b87a8824a90be7d25.jpg
За ова опшнл му е темата.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
Експресно те каменуваа. Што мислиш, зошто е тоа обично така, со вистината?
...не е за замерка,сеуште се вртат во кругот на мисловната матрица
...не сакам да бидам советодавец,затоа што знам дека будењето е процес а не лекција која се учи на памет :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Само прашувам и ја проширувам темата - бидејќи има и физичка намерна болка за да се падне во „блаженство“.

И цело време зборувам за „блаженство“ заради болка и никој не ми кажува дали желбата за било каква болка е заради „блаженство“ како цел!
Да се чувстува човек „продуховен“, „мајстор на својот пат“, „поминато искушение“... итн итн...

Зошто мора болка било каква? Зошто мора желба за да се биде „блажен“? Да се биде во занес дека заради внатрешна болка, некој добил екстра искуство или „будење“?

...не сакам да бидам советодавец,затоа што знам дека будењето е процес а не лекција која се учи на памет :)
Ти се пробуди? Од што се пробуди па не сакаш лекција да одржиш? Преку болка се пробуди? Огромно „искушение“? Потребно ти беше тоа?
Многу „пробудени“ по форумов низ годините видов... кроце со вакви муабети, не се полезни воопшто. Ете еден совет од мене, без пари.
 
...интересно е како се виде во именуваните(кои што ги нема),па така бурно реагираш
...ќе ми објасниш,нели?
...побарав на темата мислење и секој може истото да го елаборира
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
...не е за замерка,сеуште се вртат во кругот на мисловната матрица
...не сакам да бидам советодавец,затоа што знам дека будењето е процес а не лекција која се учи на памет :)
Но и не е за секој, посебно ако си грешел.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Ама и ти како пробуден ми делуеш.
Едно е како јас ти делувам, за тоа немам контрола, но сосема друго е да велам јас самиот: не сакам да бидам советодавец, затоа што знам дека будењето е процес а не лекција која се учи на памет :)

...интересно е како се виде во именуваните(кои што ги нема),па така бурно реагираш
...ќе ми објасниш,нели?
...побарав на темата мислење и секој може истото да го елаборира
Не е до тебе, до романтизмот е.... :) До чудната твоја идеја дека треба болка, дека треба желба за болка... за што? За да потоа откако ќе помине да се чувствува човек дека нешто постигнал? Зошто сеуште со стари идеи дека е потребна болка како искушение... ?
Ете елаборирано...

Види и погоре истото го прашав и @Goyathlayy ...
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
...е добро,мојот став е романтизам кој е поткрепен со мои искуства и начин на на акцептирање на нештата
...кој е твојот став,сем потребата да ме бомбардираш со прашања?
...киборг си,па по идеален алгоритам го живееш животот избегнувајќи секаква ситуација од која би осетил болка?
...или твојата желба за болка ја изразуваш во облик на прашалници?
...последен коментар упатен до тебе во оваа тема >|<
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
До чудната твоја идеја дека треба болка, дека треба желба за болка... за што?
Ми личи дека имате некој судир на философии, не мислам дека зборува за интенција за самоповредување туку прифаќање дека болка мора да има на патот кон самосвесност.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
...е добро,мојот став е романтизам кој е поткрепен со мои искуства и начин на на акцептирање на нештата
...кој е твојот став,сем потребата да ме бомбардираш со прашања?
...киборг си,па по идеален алгоритам го живееш животот избегнувајќи секаква ситуација од која би осетил болка?
...или твојата желба за болка ја изразуваш во облик на прашалници?
...последен коментар упатен до тебе во оваа тема >|<
Нема да е последен. :) И ти знаеш дека нема да е последен и не треба да е последен бидејќи некој не се сложува со тебе... не сме тука да се сложуваме и тапкаме по рамо...
И требало да ме цитираш или кажи ми да не те заморувам како автор на темава и нема да те заморувам. Не вака.

Ете без прашалници и видоизменето: нема потреба од желба за психичка/духовна болка за да човек биде подобар или се чувстува подобро потоа (ако помине болката, бидејќи со инвокација на нешто како болка, не значи дека ќе замине тоа откако нема да може човек да ја поднесе повеќе), за да може да поднесе повеќе радост итн итн...
Мене ми делува на силување, на лага, намерно нанесување болка со лажни сценарија во умот за да човек мисли дека има искушенија кои ќе ги помине и потоа откако ја победил таа духовна борба со болката - voila, нов човек. А не е така работата....

Болка секако ќе има човекот, јас не зборувам дека човек не треба да има болка или дека може да се избегне болката од купиштата искуства што ги имаме низ патеката на животот, но насловот на темава е желбата за болка (со прашалници, а не болка внатрешна/духовна) - е проклество и непотребна работа. Самата желба е проклетствто, дали сум сега појасен со мојот став?

Извини што пак со прашање завршив.. ама како инаку дискусија.

Ми личи дека имате некој судир на философии, не мислам дека зборува за интенција за самоповредување туку прифаќање дека болка мора да има на патот кон самосвесност.
Не мора да има болка. Тоа се стари философии кои дури и развија физичко казнување за да се предизвика внатрешна/духовна болка.
Радоста и мирот не носат самосвесност? Мора болка? Не, не мора!
Постоењето е чиста радост. Другото е сенка. Желбата кон болка е лага и измама на патеката кон како што велиш - самосвесност.

И да, разилчни философии расправаме тука. Не ги сакам старите учења со болки, мракови, и како човекот мора да страда и да бара страдање бидејќи тоа му е во природата!
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Не ги сакам старите учења со болки, мракови, и како човекот мора да страда и да бара страдање бидејќи тоа му е во природата!
Во ред е ако не го разбираш Буда, не е во ред да го убиеш бидејќи не го разбираш а мислиш дека си разбрал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom