Романтизам - како сакаш виткај го. И ова што го зборуваш е романтизам.
Обожаваш на нештата да им даваш тежина, до болка - за да е чувстуваш моќен, преку страдање „на душата“. Занес... Тоа го зборувам и јас. Нема потреба од тоа од романтизам и бегање од реалноста заради проклета желба за болка... болка може да си создадеш на други начини - романтизмот е последното нешто што ти треба.
Ете гледаш - страст за резултат, желбата е коренот на страдањето - што би рекол големиот Буда
Зошто желба за болка, толку е потребно тоа како искра за да се распламти човек? Мислам дека нема потреба.
А дека нашата реалност ние ја креираме - да ја креираме, но да не заборавиме дека не сме изолирани системи, сите сме поврзани едни со други така да со романтизам не менуваме ништо, само ја извиткуваме реалноста
Инаку многумина што ги знам ќе креираа без проблем змејови само за да имаат со што да се борат за да ја магепсаат принцезата со нивната витешка способност!