Прашања за Исламот III

Член од
21 јуни 2015
Мислења
37
Поени од реакции
17
Каков закон и чија култура? Исламската култура и закон?
Сигурно не е заради/од боговите... заради/од луѓето е..
Види, Исламот е совршен систем за развој на човештвото, во секоја гледана точка дали бил социјален, политички, културен, етички, духовен и
итн. Одсекогаш и засекогаш т.е од првиот човек, Адем а.с па се до последниот. И тоа е суштина во животот на овој свет, е сега завиши од луѓето колку го прифаќаат во пракса и колку успева. И затоа Милостивот Аллах ни испараќал на илајди веровесници и пратеници за да ни го покажат тој систем и начин на живот, а пред се да не научат кој Тој е како треба да го обожаваме.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Не е совршен за сите луѓе бидејќи од света книга наместо да е наменета за поединецот, сака да создаде земски, политички човечки систем на владеење.
Затоа и се пребројувате и ви е битно колку луѓе биле муслимани.
Се додека исламот како религија нуди политички и правен систем „даден од боговите“ - нема да владее долго на Земјата и нема да важи за сите луѓе.
Ништо поразлично од постарите религии од исламот од кој црпел учења. Ништо страшно.

Има учења кои зборуваат дека друг бог владее сега со човештвото, затоа и кај муслиманите се чувствува промени во однос на жената и нејзината улога во човештвото. Не е како што вели исламот. Додека жената е робинка и во сенката на мажот - не е ништо совршено.

За тебе ако е совршен, за мене и за други - не е. Што сум јас во однос на исламот тогаш? :)
 
Последно уредено:
Член од
21 јуни 2015
Мислења
37
Поени од реакции
17
Се додека исламот како религија нуди политички и правен систем „даден од боговите“ - нема да владее долго на Земјата и нема да важи за сите луѓе.
Ништо поразлично од постарите религии од исламот од кој црпел учења. Ништо страшно.
Не е вистина ова е погрешно сваќање, читајме исламот од секогаш е и засекогаш, исламот не е нова вера, еден Бог една вера. Исламот не постои од времето на Мухаммед мир и спас врз него ма од првиот човек Адем мир и спас врз него.
Автоматски споено мислење:

Има учења кои зборуваат дека друг бог владее сега со човештвото, затоа и кај муслиманите се чувствува промени во однос на жената и нејзината улога во човештвото. Не е како што вели исламот. Додека жената е робинка и во сенката на мажот - не е ништо совршено.
Јас ти викам спротивно и тврдам дека сега жената како е со овој закон кои и се наметнува од западов дека е робинка едноставно комециријално паковање. Сакаш да ти докажам.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Види, Исламот е совршен систем за развој на човештвото, во секоја гледана точка дали бил социјален, политички, културен, етички, духовен и
итн. Одсекогаш и засекогаш т.е од првиот човек, Адем а.с па се до последниот. И тоа е суштина во животот на овој свет, е сега завиши од луѓето колку го прифаќаат во пракса и колку успева. И затоа Милостивот Аллах ни испараќал на илајди веровесници и пратеници за да ни го покажат тој систем и начин на живот, а пред се да не научат кој Тој е како треба да го обожаваме.
Ако нема друг бог освен Алах, и ако тој е безгрешен и совршен, од кого е тоа што тој ќе го прогласи за грешно, непотребно зло? Ако се е според негова волја и може однапред да знае што ќе се случи, која е поентата на казните, пеколот, мачењето и слично?
 
Јас ти викам спротивно и тврдам дека сега жената како е со овој закон кои и се наметнува од западов дека е робинка едноставно комецирјално паковање. Сакаш да ти докажам.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Не е вистина ова е погрешно сваќање, читајме исламот од секогаш е и засекогаш, исламот не е нова вера, еден Бог една вера. Исламот не постои од времето на Мухаммед мир и спас врз него ма од првиот човек Адем мир и спас врз него.
Автоматски споено мислење:

Јас ти викам спротивно и тврдам дека сега жената како е со овој закон кои и се наметнува од западов дека е робинка едноставно комециријално паковање. Сакаш да ти докажам.
Ништо ново не кажуваш. На еврејската мисла од нивниот закон се повикуваш исто како и христијанството. И тие се од Адам па натаму.
Сега вие или христијанството сте пред Евреите и зошто Евреите а не некој друг?

Сакаш да ми го толкуваше Куранот? Не мора.. нема потреба, го има на нет, се чита.
 
Член од
21 јуни 2015
Мислења
37
Поени од реакции
17
Ако нема друг бог освен Алах, и ако тој е безгрешен и совршен, од кого е тоа што тој ќе го прогласи за грешно, непотребно зло? Ако се е според негова волја и може однапред да знае што ќе се случи, која е поентата на казните, пеколот, мачењето и слично?
Одлично прашање, тука во ова видео ќе го најдиш одговорот, патем топло им го препорачувам и на останатите членови да го погледанат.
Автоматски споено мислење:

Ништо ново не кажуваш. На еврејската мисла од нивниот закон се повикуваш исто како и христијанството. И тие се од Адам па натаму.
Сега вие или христијанството сте пред Евреите и зошто Евреите а не некој друг?

Сакаш да ми го толкуваше Куранот? Не мора.. нема потреба, го има на нет, се чита.
Јудаизмот и Христијантвото, знаееш како настанале? Еве те прашувам тебе. Ако Мојсије(Муса а.с) или Исус(Исаа а.с) го имаме сега тука и го прашаме, о Муса или о Исаа која е твојата вера? Имаме во тората во миснах или талмудот дека постои зборотЈудаизам, или во библијата дека постои зборот христијанизам, Исус мир и спас врз него рекол некаде во библијата дека е христијанин или на ногивите апостоли им го рекол тоа? Не! Тие мир и спас врз нив, никогаш не ги слушнале тие зборови. Е сега замисли кога би ги прашале, која е вашата вера, како се вика, како би одовориле?
Автоматски споено мислење:

Сакаш да ми го толкуваше Куранот? Не мора.. нема потреба, го има на нет, се чита.
На нет има се и сешто. И, јас не сум никој да толкувам, само она што знам и го учам ти го пренесувам, добронамерно.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Знам како настанале... не знам ти колку си запознаен со старите учења и религии... пред и за време создавањето на еврејскиот закон, имало други учења и верувања кои се мешале и преземале едни од други... и не е битно како се нарекува религијата, битно е учењето - ништо друго.
Исламот бара исклучителност - посебност и оригиналност. Не сте единствени во тоа во однос на старите религии. Не сака да го признае еврејското учење како единствено и прво? Сето после тоа, христијанство и ислам - се деривати на нивното учење.

Се повикувате на еврејските учења, а ги негирате и велите не, тоа е ислам и наше учење, од почетокот, тие не разбрале добро... и додавате на нив нови пророци и нови толкувања со допишување - така?
Не може така бидејќи не е праведно. И не може правен закон да произлегува од света книга или религија, ја губи моќта и човештвото не добива ништо освен робови и смрт. Нема никогаш светот да го прифати тоа. Не знам како не ви е јасно...

Исто, Исус го враќате на ниво на пророк и ништо повеќе, со што директно ја негирате христијанската религија... како така ќе бидете за сите, милостивиот еден бог нешто ја мати водата, или луѓето што ја проучуваат и се дел од религијата ислам ја матат? Треба да исчезнат другите за да „биде исламот за сите“?
Бидејќи реално не може да бидеме сите муслимани - тоа е надвор од секое нормално расудување... ниту може да се заморуваме сите со исламските учења и ритуали, нели?
Да не сакаш да ми кажеш дека е правилно да се плаќа данок ако не сме муслимани? :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Одлично прашање, тука во ова видео ќе го најдиш одговорот, патем топло им го препорачувам и на останатите членови да го погледанат.
Автоматски споено мислење:
Истите фалични аргументи, прво погрешната аналогија со учител, родител и слично. Зошто е фалична? Затоа што учителот или родителот не е семоќен ниту сезнаен, неможе да ги предодреди особините на ученикот или детето, ниту може да предвиди која особина ќе резултира со каков исход.
Следниот фаличен аргумент е слободната волја како причина за постоењето на злото. Слободната волја е само можност да бираш од опциите што се на располагање, не и причина што ќе биде изборот, ти имаш слободна волја десниот чевел да го облечеш на левото стопало, но обликот (особината) на стапалото е пресудна кој чевел ќе го облечеш.
И последниот фаличен аргумент зошто мора да има луѓе со особини поради кои ќе завршат во пеколот - поради истата причина што неможеле сите да бидат музичари. Ако тие особини се неопходни, ако морал да ги вгради во луѓето, тогаш казната поради постапките што се производ на тие особини е чист садизам. Ништо не го пере апсурдот - совршено, сезнајно, семоќно и безгрешно битие да создаде креација на која ќе и суди и ќе ја прогласува грешна, ќе ја казнува и мачи.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
Јудаизмот и Христијантвото, знаееш како настанале? Еве те прашувам тебе. Ако Мојсије(Муса а.с) или Исус(Исаа а.с) го имаме сега тука и го прашаме, о Муса или о Исаа која е твојата вера? Имаме во тората во миснах или талмудот дека постои зборотЈудаизам, или во библијата дека постои зборот христијанизам, Исус мир и спас врз него рекол некаде во библијата дека е христијанин или на ногивите апостоли им го рекол тоа? Не! Тие мир и спас врз нив, никогаш не ги слушнале тие зборови. Е сега замисли кога би ги прашале, која е вашата вера, како се вика, како би одовориле?
Не лупетај оти очигледно си под влијание на муслиманска пропаганда! Кога била изградена православната базилика Св.Софија во Константинопол (денешен Истанбул) исламот не ни постоел како религија!
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
273
Поени од реакции
211
Одлично прашање, тука во ова видео ќе го најдиш одговорот, патем топло им го препорачувам и на останатите членови да го погледанат.

Јудаизмот и Христијантвото, знаееш како настанале? Еве те прашувам тебе. Ако Мојсије(Муса а.с) или Исус(Исаа а.с) го имаме сега тука и го прашаме, о Муса или о Исаа која е твојата вера? Имаме во тората во миснах или талмудот дека постои зборотЈудаизам, или во библијата дека постои зборот христијанизам, Исус мир и спас врз него рекол некаде во библијата дека е христијанин или на ногивите апостоли им го рекол тоа? Не! Тие мир и спас врз нив, никогаш не ги слушнале тие зборови. Е сега замисли кога би ги прашале, која е вашата вера, како се вика, како би одовориле?
Автоматски споено мислење:

На нет има се и сешто. И, јас не сум никој да толкувам, само она што знам и го учам ти го пренесувам, добронамерно.
Овој срам го најде за репрезент на исламот? Немаш некој пописмен? Не е ни чудо што се откажуваат од исламот.

Или можеби ова кај што се посрамотува,

Член од
10 јуни 2015
Мислења
537
Поени од реакции
851
Види, Исламот е совршен систем за развој на човештвото, во секоја гледана точка дали бил социјален, политички, културен, етички, духовен и
итн. Одсекогаш и засекогаш т.е од првиот човек, Адем а.с па се до последниот. И тоа е суштина во животот на овој свет, е сега завиши од луѓето колку го прифаќаат во пракса и колку успева. И затоа Милостивот Аллах ни испараќал на илајди веровесници и пратеници за да ни го покажат тој систем и начин на живот, а пред се да не научат кој Тој е како треба да го обожаваме.
Исламот е окултна религија,пријателе и не си прочитал ништо,туку само плескаш зелени,прво добро прочитај за твојот Мухамед па потоа зборувај
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Темата е Прашања за Исламот - некако настрани темава со напади и кажување на верници муслимани што како да прават во однос на нивната религија.

Во иднина прашајте што ве мачи околу исламот како религија, па можеби ќе намине муслиман да одговори колку може подобро.
 
Па за што зборувам бе јас ...за Будизам или Хиндуизам дека се окултни религии или за Ислам, и кој на кого кажува како да ја практикува религијата,
Толку ти е капацитетот,или не читаш добро..
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Па за што зборувам бе јас ...за Будизам или Хиндуизам дека се окултни религии или за Ислам, и кој на кого кажува како да ја практикува религијата,
Толку ти е капацитетот,или не читаш добро..
Толку ми е капацитетот, а и не читам добро. Моја грешка.
Прашај ако имаш да прашаш нешто во однос на исламот -не да кажуваш ти што е што. Освен ако не си муслиман па да поткрепиш идеите со цитати од Куранот или некој исламски толкувач на шеријатскиот закон :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom