Желба за болка!?

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.463
Поени од реакции
4.853
На самиот почеток да појаснам дека оваа тема нема никакви допирни точки со садо-мазо.Феноменот на психичка болка не е реткост,но она шта мене ме интригира и тера на размислување е фактот дека во 90% од случаевите,свесно или несвесно,сами си ја нанесуваме.
...ќе кажете,па како е можно тоа кога ниеден човек не сака да биде повреден нели?
...сте се запрашале ли некогаш зошто ја осеќаме таа болка?
...кој е тој што ја "удомаќинил" истата?
...дали е за тоа крива социјалната матрица по која функционираме?
...колку пати во животот сте изговориле "колку сум наивен,сам го дозволив тоа"?
Мојот став кон оваа тема е едноставен..."На човекот му е исто толку потребна болката,колку и чувството на среќа и задоволство".Таа е наш верен сопатник и учител,без разлика како и во која форма сме ја осетиле.
...и еден мал совет(без амбиција да биде сфатен како манипулација): Пробајте себе и своите искуства да ги анализирате од "птичја перспектива" ;)
Сакам да ги прочитам вашите видувања и искуства на оваа тема :)
 
Последно уредено:

Дали тоа љубовта ти е преформулирана во болка или?
 
...не,иако е љубовта еден од тригерите за чувството на болка
...темата е практично начинот на кој луѓето интерагираат со болката
 
Срам ми е да пишам колку пати сама на себе сум се налутила, сум се чукнала по глава, велејќи - Е нема веќе вака, доста е, не трпам повеќе, вртам нов лист, точка, крај...
Но, ништо од тоа ветување.
Многу причини можам да наведам зошто не сум го реализирала ветеното во моментот на гневна состојба и разочараност, но една од причината е( еднаш ти реков), страв од нови патишта.
 
Точно е дека болката има еволуциона и физиолошка сврха и функција, но според мене нема нешто поболно (хех) од романтизација и издигнување на истата, што ми е една од поголемите причини за несогласување со Ниче.
 
...не,иако е љубовта еден од тригерите за чувството на болка
...темата е практично начинот на кој луѓето интерагираат со болката
Ја мислев дека љубовта е главниот тригер :) но по се изгледа во заблуда сум бил...ако постојат и други тригери менталните институции нека тријат раце за нови посетители...:D
 
...тригерите ги осеќаме во секој сегмент од нашиот живот,и тоа не е предуслов за ментални проблеми
 
Воопшто не се сложувам со твоето мислење, токму напротив, делуваат многу на нашата ментална состојба, која потоа се одразува на физичката итн...или едноставно, се си е поврзано едно со друго, ако нешто не штима, го пореметува и другото до него.
Конкретно за темава, бидејќи насловот ти е желба за болка, но не мазохистички постигната, јас би рекла дека таа желба на која ти мислиш е бело знаме, предавање, кревање раце од се и препуштање на животните текови да те водат, мачни или убави, не е битно....тоа е немање воља, давање желба за друг да те контролира и да ти го диктира животот.

Понекогаш и оваа состојба човек ја прифаќа, убеден дека нема излез и остава да го газат, да го малтретираат, нема надеж за поубаво утре....едноставно се помирил да биде цвеќе кое вене секојдневно...
 
дали е за тоа крива социјалната матрица по која функционираме?
Доколку се е механизам за пеживување, а ние како социјални суштевства мораме да се уклопиме во средината, ме интересира што мислиш до кои ситни детали оди тоа?
 
...ќе набројам неколку антагонизми кои би биле одговор на твојот коментар но воедно и подтик за размислување :)
...како знаеме дека ќе се изгориме ако допреме врела површина?
...знеме дека од врели површини треба да се пазиме,но сме научиле да ја користиме за наши потреби
Резиме 1: Човекот подобро знае да господари со материјата и предметите одколку со луѓето
...взаемно допаѓање или популарно "љубов" кое после многу години заедништво прераснува во вистински кошмар,резултатот взаемно нанесена болка и разидување
...не мислиш дека подсвесно не сме барем во еден момент осетиле дека таа особа не е за нас,но ние упорно пробуваме од Х причини да го задржиме до себе?
...ќе кажеш страв,а јас ќе кажам комфорност и недостаток на волја за промени
...сакаме да купиме нова материјалност,а немаме доволно приход за да ја купиме
...нормално,кредит кој многу тешко можеме да го исплатиме и не носи во состојба на комплетен колапс и болка за сите инволвирани во истата
Сите останати ситуации поврзани со ненадејни трагедии кои не се во наша моќ да ги контролираме се најголемиот тест за одценување на нашата способност да и гледаме на болката "во очи",бидејќи нашиот мозок по дифолт го одбива самиот збор "болка" како заштитен механизам.
Автоматски споено мислење:

Доколку се е механизам за пеживување, а ние како социјални суштевства мораме да се уклопиме во средината, ме интересира што мислиш до кои ситни детали оди тоа?

...со тоа "мораме да се уклопиме во средината" не би се сложил ама баш никако,затоа што тоа е основниот извор на сите човечки страдања и болки(дел по своја,дел не по своја вина)
...човекот треба најпрво да се уклопи сам со себе прво
 
Последно уредено:
..со тоа "мораме да се уклопиме во средината" не би се сложил ама баш никако,затоа што тоа е основниот извор на сите човечки страдања и болки(дел по своја,дел не по своја вина)
...човекот треба најпрво да се уклопи сам со себе прво
Исто сметам дека е најголем извор на проблеми, но сепак е доминантен двигател во развој, така најдобро преживуваме зависни од заедницата. Кој се ослободил од таа зависност дошол до слободна воља, нема веќе болка. Што се правиме за валидација?
 
На самиот почеток да појаснам дека оваа тема нема никакви допирни точки со садо-мазо.Феноменот на психичка болка не е реткост,но она шта мене ме интригира и тера на размислување е фактот дека во 90% од случаевите,свесно или несвесно,сами си ја нанесуваме.
...ќе кажете,па како е можно тоа кога ниеден човек не сака да биде повреден нели?
...сте се запрашале ли некогаш зошто ја осеќаме таа болка?
...кој е тој што ја "удомаќинил" истата?
...дали е за тоа крива социјалната матрица по која функционираме?
...колку пати во животот сте изговориле "колку сум наивен,сам го дозволив тоа"?
Мојот став кон оваа тема е едноставен..."На човекот му е исто толку потребна болката,колку и чувството на среќа и задоволство".Таа е наш верен сопатник и учител,без разлика како и во која форма сме ја осетиле.
...и еден мал совет(без амбиција да биде сфатен како манипулација): Пробајте себе и своите искуства да ги анализирате од "птичја перспектива" ;)
Сакам да ги прочитам вашите видувања и искуства на оваа тема :)
Кој е тој што ја удомаќинил...тоа е Брахман, за него нема добро и лошо страдањето и среќата се различни страни на иста паричка.
Кој ја создава, тоа е веќе комплексно прашање. Се сведува на родителите во комбинација со средината + генетиката+ колективниот ум.
Кај жените е многу очигледно, уживање во болка, иако сите тврдат дека нема врска. Најизразен е колективниот ум, милениуми репресија развиле нешто како стокхолмски синдром. Имам контакт со една муслиманка некое време, фасцинантна е потребата да биде поседувана. Тоа е нешто нафрлено од моја страна тук таму.
 
Back
На врв Bottom