Пожар во Тетовскиот Ковид центар, 15+ мртви

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
А го спремаа за лидер на СДС после Заев, дури и за премиер ако се на власт до следните претседателски избори на кои планира да се кандидира Заев.
 
Во целата приказна морам да прашам: како им текнува на луѓево да снимаат вакви трагедии? Зарем првата мисла не е некако да се обидеш да помогнеш, нешто, не знам.. Зарем не им затреперува раката кога снимаат врисоци? Ненормална работа.
 
А го спремаа за лидер на СДС после Заев, дури и за премиер ако се на власт до следните претседателски избори на кои планира да се кандидира Заев.
А што ова ќе му посмета? Баш напротив, ќе кажат дека на себе превзел и туѓа одговорност, што е рамно на јуначко дело! Баш такви јунаци и се потребни на Нашата.......
 
А што ова ќе му посмета? Баш напротив, ќе кажат дека на себе превзел и туѓа одговорност, што е рамно на јуначко дело! Баш такви јунаци и се потребни на Нашата.......
Само негови фанови можат да го речат тоа.
И негова одговорност е и ова.
 
Во целата приказна морам да прашам: како им текнува на луѓево да снимаат вакви трагедии? Зарем првата мисла не е некако да се обидеш да помогнеш, нешто, не знам.. Зарем не им затреперува раката кога снимаат врисоци? Ненормална работа.
Прво никој не ни претпоставил дека ќе изгори побрзо од чкорче, второ јас единствено за сликата од надзорната камера видов нешто. Мислам дека е морбидно дури и ако си снимал да го објавиш тоа!
Автоматски споено мислење:

Само негови фанови можат да го речат тоа.
И негова одговорност е и ова.
Не ме смеј, што све не голтнавме ова ќе пројде како со путер подмачкано! Памти ми зборот!
 
Прво никој не ни претпоставил дека ќе изгори побрзо од чкорче, второ јас единствено за сликата од надзорната камера видов нешто. Мислам дека е морбидно дури и ако си снимал да го објавиш тоа!
Автоматски споено мислење:


Не ме смеј, што све не голтнавме ова ќе пројде како со путер подмачкано! Памти ми зборот!
Ќе видиме.
И нивни гласачи го плукаат.
 
@Menethil

Кислородот може да даде погодни услови за палење и може прилично да го разгори огнот, само ако има гориво кое може да поддржи. Ако е така како што викаш, сите болници кои имаат кислород имаат еднакви шанси да бидат запалени, пошто горе доле гарант и во обична болница со тврда градба се повториле некогаш вакви услови. Меѓутоа градежните материјали не дозволиле огинот да се рашири.

Во случајов, болницата е од пластика, материјал што е високо запалив и придонесува за енормно ширење на огин. Уште повеќе ако се знае дека во таква една монтажна болница ќе има боци со кислород (а се знае пошто болните од ковид се оддржуваат на кислород), уште повеќе требало да се запази на заштитата од пожар. А пак кога се знае дека веќе имало случаи на палење на такви болници низ светот во последната година. Тогаш уште поголема е одгвороноста на изведувачите.

Секако дека главната одговорност ја имаат, оние кои го пуштиле во употреба вака поставениот објект, но исто така голем дел од одговорноста ја сносат и компаниите кои учествувале во изградбата. Тие како експерти морале и требале да предупредат, па и да инсистираат на поголема безбедност, тоа треба да немаш основна човечност да ти е гајле да поставиш ваков објект.

Лекарите кои поднеле оставка имаат најмал дел од одговорноста, пошто што знае лекар за безбедност на објекти. Тие се жртвени јагниња во случајов за да се смири јавноста. И што е ова со оставкиве. Јас мислам дека гомната што ја релативизираат одговорноста мантраат оставки за да го наведат народот да контра, и да бара оставка. Тука се збори за сериозна кривична одговорност, загрозување на општата безбедност на граѓаните и убиство од небрежност. Треба кривично да одговораат сите кои се инволвирани во ова.
 
Последно уредено:
Не требаше воопшто да се нафати да биде министер. Добар доктор, навистина, сега сѐ му пропаѓа во вода. Целиот труд, целата посвета, а ќе го паметат како најлошиот министер во историјата. Тодоров ќе го паметат по Тамара. А овој!? И денес 30 починати. Еднаш не застана зад говорницата и да образложи зошто рушиме рекорди. Први сме во Европа за време на секој бран по број на починати на 100.000 жители. Еве и глобално, во држави каде има полоши услови во болниците и каде животниот стандард е понизок, па и понизок степен на имунизирано население, немаат вакви статистики!

Мерките! На Саем на книга мора сертификат, а на пазар не треба! Разликата е во тоа што Саемот се смета за културна манифестација! Друга разлика нема. А на пазарите не треба да се носат ниту маски!

Дно од министер.

Чао Филипче.

One down, two to go.
 
Сум видел многу лоши проекти и генерално истите се copy-paste, за ваквите работи проектантите генерално се вадат со муаетот: колку пари - толку музика, плус многу зависи од нарачателот и од проектната програма, некогаш нарачателот знае да притиска да се намалуваат цените бидејќи со таа цена нема да биде одобрен.

@fennel иако не е момент, но ова може и позитивно да влијае врз цените. Се надевам дека ќе си ја чукнат главата многу колеги, и нема по секоја цена да се нафаќаат да работат (иако сум песимист дека ќе им дојде памет).
Нема шанса ништо да се промени во оваа ........, штом секаде е критериум цена а не квалитет, не бива ништо! Па дури и со референци да се иде, они пак ќе си најдат свој што ќе му напишат референци како Војна и Мир. Едино од страна да се доведе техничка влада, ама кој е улав да се расправа со племиња од Балканот?
Пред две години дојде атлетски судија од Норвешка, не да не ги исполнувавме условите, далеку бевме, ама луѓето си отќутаа, првенството заврши и бог мил знае кога ќе го добиеме пак. Очигледно и они дигнале раце од нас и не сметаат за непоправливи!
 
А што ова ќе му посмета? Баш напротив, ќе кажат дека на себе превзел и туѓа одговорност, што е рамно на јуначко дело! Баш такви јунаци и се потребни на Нашата.......

Не верувам, се работи за многу голема трагедија, која им е огромен терет. Мора некој голем да заврши како пример, а од вакви несреќи тешко преживува и премиерот, па ќе се проба со Филипче да се преброди и преживее на власт, осебно сега пред избори, а и од надвор сигурно им барале некаква реакција.

Оставка и одење во заборав на Филипче им е најбезболно решение.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom