Абе во Македонија ниедно јавно добро во смисла на патишта, болници, училишта и тн не се гради без да има фушерајство преку кое што се лапа кеш. Зборам за оние ситници што досега биле изградени последниве 30 години.
Да не се лапа кеш од тендери и да нема заврзлами во сите тие процеси, ништо никогаш нема да биде направено, дури ни факинг конзерви од модуларни болници во време на глобалнопандемииште. Дури ни неписмените орки кои се политички запалени нема да се борат за функции да не постои она "Терај брату, ич не му ја мисли, си лапнавме 10 бона од тендеров, другите кој ги ебе".
Во Македонија таа инхерентна корупција во јавните финансии и капиталните инвестиции СЕ ГЛЕДА СЕТИЛНО... онака буквално се мириса што се вика. Да чепка некој детално и асално низ бројките, кој знае што ќе најде.
Онака, и она што е финансирано од Европски фондови, Светска Банка и тн и тн се ГЛЕДА ДЕКА Е Фушерајски направено пошто дел од тој кеш некој го лапнал или рокнал сулуди цени. Во најмала рака при давање на грант или финансиски средства 1000% постои нешто што се вика "Одржување/Maintenance"... тоа им е сув кеш од старт, бидејќи НИШТО НИКОГАШ во банана стејтов не се одржува, иако финансиерите предвиделе средства за тоа. И децата од 2ро знаат од прилика каде идат тие пари.
Нормално, има слогани - не мешајте политика. Бидејќи тоа им е на нив главното оружје за релативизација на секој ебан скандал. Тоа, пропратено со нескромни заложби за "расчистување на случајот" како што сме сведочеле милион пати досега. А се сеќаваме дека животот на една млада девојка беше иницијална каписла за цела фарса наречена шаренила и буткање на режим.
Од друга страна, ние самите со паметни постови на форуми, социјални мрежи, јаки досетки и силно дигитално присуство - генерално ништо не правиме...
Во смисла има твит или тема - "15 мртви во Ковид Центар Тетово" - и ти ставаш емотиконче, дислајкче, angry face или некое никакво коментарченце или пост и си продужуваш со животот и си скролаш по feed на социјална мрежа. Исто како да се десило во Палестина, стааш дислајк пишуваш "ДОЛЕ ЦИОНИСТИ" и си продолжуваш со животот, за што си изгубил време без било што и да придонесеш, успат одржувајќи го статус кво-то и патем зголемувајќи ја релевантноста и индиректниот кеш флоу на порталот/социјалниот медиум преку кој постираш.
Ваквите КАТАСТРОФИ и БЕСКРАЈНИ СКАНДАЛИ ги сведовме на ниво на небитни, беззначајни интернет мемиња буквално како да се случуваат на другата страна од планетата земја, еве Палестина ја земав за пример.
Не знам дали некогаш имало или пак ќе има ВО СВЕТ понекадарни и поголеми монструми од овие што се моментално на власт.