Тешка бламажа на надворешната политика на САД и нивните воени сили.
Со потрошени 3 трилиони долари, настрана редовните буџети секоја година од по 700+ милијарди, настрана имањето на внатрешна петта колона (Северна алијанса, умерени, секакви паравојски), настрана апсолутната премоќ во огнена сила, настрана наемници од цел свет, настрана сојузници од цел свет, на крај, после 20 години, 7.882 мртви вкупно на коалицијата и 35.000 ранети заедно со 66.000 мртви и 200.000 ранети од марионетската афганистанска војска и полиција две децении обучувана, финансирана и опремувана од страна на САД и запад имаме враќање на статус квото од 2001 т.е. триумф на талибаните. На кои им ги наросија очите со непрегледна маса современо америчко вооружување кое падна во нивни раце.
Но тоа е само една перспектива на гледање на реалноста.
Друга е таа што америчкиот (и западниот) воено-индустриски комплекс заедно со секакви фирми за "обнова и изградња" блиски до властите на двете партии во САД се нафатираа манијакално за овие 20 години.
Главна цел на сето ова беше да даночниот долар се слее од државен буџет во приватен џеб, и во тоа америчката елита успеа спектакуларно, можеби како никогаш до сега.
Цела булумента изведувачи, подисполнители, градежњаци, инженери, НГО-а, архитекти, "консултанти", политичари, образовни лица, преведувачи се уштекаа на доларот наменет за афгани рајата демек.
Сите наведени се и тоа како победници во војната. Се убија во земање пари.
Поразени се оние кои се враќаа дома во лимени сандаци или оние кои се враќаа без очи, нозе, раце...и даночните обврзници на земјите кои учествуваа.
Прашањето е дали талибаните ќе продолжат со ненормално лукративниот бизнис со опиум/хероин.
Имаше едно време фотки каде амерички војници ги чуваат полињата со афион.
Или хероинот сериозно ќе поскапи дури не се најде друга локација за негово масовно производство.
Интересно е што Иран, земја која граничи со Афганистан има најмногу џанаци пер капита на светот. Ако им секне доставата на ефтин хероин очекувајте револуција во Иран
