Жалам што уште има луѓе кои што мислат дека бојкотирање на референдумот беше правилен избор.
Уште повеќе жалам за тоа што мислат дека доколку имаше масовно излегување на референдумот дека повеќе гласови ќе имаше ЗА отколку НЕ, ама ајде.
Еве и сеа за пописот, македонците нека тераат инает, одредени партии нека прават конфузија меѓу народот, а у меѓувреме албанските партии нека си ги мобилизираат членовите, симпатизерите и албанското население и дијаспора за масовно попишување, па не 25%-30%, има 45% да бидат, а кукањето што ќе следи нема да ви биде оправдано.
Нема везе, ова е финишот мој у темава, се надевам дека ја сум у грешка, ама ќе се чуеме после пописот.
Во голема забуна си околу референдумот. Прво, по устав, без разлика дали референдумот е задолжителен или консултатитевен, резултатите од него се задолжителни. Со тоа, во ситуација кога референдумот е бојкотиран, односно, не ги исполнува минималните критериуми, а тоа е 50% излезност (иако за овој тип на прашања по нашиот устав треба 50% од сите со право на глас да гласаат ЗА, а не ко овие што пробаа, 50% од минималниот цензус), автоматски се смета за пропаднат, односно, не добил зенело светло за да се спроведе. Они беа свесни за тоа, а и сами си признаа дека референдумот пропадна, па затоа мораа да си се испазарат во собрание за 2/3 мнозинство. Што значи дека, без разлика на исходот на референдумот, дури и 100% од народот да искочеше и да беше против, они во собрание ќе си го поминеа и пак ќе беше признаен од сите странци. Црна Гора, иако по устав мораше да одржи референдум за влез во НАТО, влезе со политичка одлука, гласање у собрание, а цел запад и го призна тоа. Демек народот не е дораснат да донесе таква одлука. Истото се деси и кај нас. Да те потсетам само дека на овој референдум, се рушеа рекорди во гласање, во последните 2-3 саати, со гласање на секои 2 секудни на некои места, на некои на секои 16 секунди.
Е сеа кога станува збор за пописот. На однапред договорени проценти, треба да си доста неинтелигентен да уечествуваш во наместен попис, кој служи само да се зголемат апетитите на албанските партии и да се зголемаат нивните барања и моќ. Со тоа што ќе се попишеш само даваш легитимитет. Објаснето со еден многу прост пример, како би разбрале и најпростите и затуцани луѓе (партиски ботови). Македонија треба да игра утакмица, еве нега биде со Албанија или Уганда, Кореа, Германија, било која држава. Пред утакмица од ФИФА ти викаат, ти не смееш да трчаш, да се доближиш до противнички гол на 30 метри, не смееш да имаш голман, ни еден твој играч не смее да ја добре топката, а за противникот важат сите нормални работи како за сите утакмици, плус судиите ќе бидат од истата држава против која играш, без никаква контрола од некој над нив. Прашањето дали ќе искочиш на терен и ќе играш, а знаеш дека немаш никави шанси и со тоа само ќе дадеш легитимитет на таквата утакмица, а ќе изгубиш, или нема да искочиш на терен, ќе изгубиш службено или ќе биде можеби поништена утамицата. Па и да изгубиш, ќе биде запишано дека си одбил да учествоваш под такви околности и правила.
Имаш мал милион примери низ светов, каде на држави им биле менувани имиња и секакви други злосторства правени, со политички одлуки, како ова кај нас со името и НАТО, но после години, децении, народот успевал да си го врати името на државата, само и само поради една причина, затоа што тие како народ не учествувале во тие злодела, предавства, туку некои корумпирани политичари ко Зајко и Мицко кај нас. Се што е изгубено на овој начин, може во иднина да се врати (што не значи дека ние ќе го вратиме името некогаш, пошто сметам дека нити сме, а нити ќе бидеме доволно национално свесни некогаш), а кога еднаш на референдум (макар и наместен, каков што ќе беше кај нас) народот ќе донесе одлука, таа веќе никогаш не може да се смени.