Попис 2021

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
1. Ако излезеа луѓе наместо да бојкотираа, мнозинството граѓани пак ќе беа пак за промена на име. Заев ќе имаше и цензус, и мнозинство.
2. Вмро не го повика народот на бојкот. Калкулираше до сам крај, нешто слично како сега.
Cisto se somnevam deka mnozinstvoto ke glasase za.

Ama ako bese taka togas toa e voljata na mnozinstvoto.

Kaj nas najgolem problem e sto malcinstvo dominira na sekoe pole, bez razlika dali se raboti za politicka elita finansisna elita ili etnicko malcinstvo.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.658
Поени од реакции
7.559
Cisto se somnevam deka mnozinstvoto ke glasase za.

Ama ako bese taka togas toa e voljata na mnozinstvoto.

Kaj nas najgolem problem e sto malcinstvo dominira na sekoe pole, bez razlika dali se raboti za politicka elita finansisna elita ili etnicko malcinstvo.
Значи огранизираа настан ( не постои такво нешто како консултативен референдум во нашиот устав) на кој што немаше никаква опција да има набљудувачи на процесот или пак набљудувачи на броењето на гласови. Имаа комплетна подршка од странскиот фактор и доволно пари и опции за уценување да ги приберат сите малцинства + и добар дел од ДПНЕ.

Немаше шанса да успееме да извадиме повеќе НЕ гласови. Се што ќе се случеше е да дојдеме до некој резултат како 600 000 ЗА , 400 000 против и фино лепо чао пријатно. Си се самоизбришавме. Колку и да звучи смешно вака секогаш ќе го имаме изговорот дека нелигитимна влада подржана од странски држави и организации незаконски го смени името.

Зошто мислевте дека беа толку попарени после референдумот. Ова се што се случува сега е силеџење кое не може да трае вечно, секој ден што поминува системот тоне и му слабее контролата врз теренот и уште поважно легитимитетот. Чим му ослабне доволно и се изгуби легитимитетот ќе има ситуација многу слична на 88-91 низ цела источна европа. Колапс преку вечер.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.551
Поени од реакции
2.128
Има ли одбивање од страна на Битолчани да се попишат? :D

Тука во Скопје од прва рака знам дека се случува почесто.
До сега немав одбивање, постарите дури и со ентузијазам ме пречекуваат. Повеќето од тие што не ги најдов дома ми се јавија на телефон и се договоривме за термин. За сега само ретардираниот софтвер е пречка.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
GreenRoot да прашам за ваква ситуација: адресата по лична карта ми е од станот што го продадовме, немам сменето нова. Попишувачите претпоставувам ќе ме бараат на таа адреса, а новите газди ќе речат: не живее овде (веќе ми вратија многу важно писмо, наместо да ми се јават, но добро). Како да се пријавам и да се попишам? Има ли начин? :)
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.551
Поени од реакции
2.128
GreenRoot да прашам за ваква ситуација: адресата по лична карта ми е од станот што го продадовме, немам сменето нова. Попишувачите претпоставувам ќе ме бараат на таа адреса, а новите газди ќе речат: не живее овде (веќе ми вратија многу важно писмо, наместо да ми се јават, но добро). Како да се пријавам и да се попишам? Има ли начин? :)
Ќе се попишеш во објектот каде што ќе бидеш затекнат, т.е каде што живееш моментално. Нема проблем ако адресата на живеење е различна.

Ако не те посети попишувач, пријависе во општината каде што живееш.
Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 
J

joli1

Гостин
Жалам што уште има луѓе кои што мислат дека бојкотирање на референдумот беше правилен избор.

Уште повеќе жалам за тоа што мислат дека доколку имаше масовно излегување на референдумот дека повеќе гласови ќе имаше ЗА отколку НЕ, ама ајде.

Еве и сеа за пописот, македонците нека тераат инает, одредени партии нека прават конфузија меѓу народот, а у меѓувреме албанските партии нека си ги мобилизираат членовите, симпатизерите и албанското население и дијаспора за масовно попишување, па не 25%-30%, има 45% да бидат, а кукањето што ќе следи нема да ви биде оправдано.

Нема везе, ова е финишот мој у темава, се надевам дека ја сум у грешка, ама ќе се чуеме после пописот.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.761
Поени од реакции
13.405
Жалам што уште има луѓе кои што мислат дека бојкотирање на референдумот беше правилен избор.
Да бе затоа целата владина пропаганда не тераше да излеземе на референдум, а и разни амбасадори и премиери/претседатели на други држави. Тие сакале да пропадне договорот.

Жалам што тогаш не знаев за ова. :D
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.767
Повеќето од тие што не ги најдов дома ми се јавија на телефон и се договоривме за термин.
По телефон ги барате луѓето ако не ги најдете дома?
Или оставаш некое ливче со телефон за те побараат тие самите?
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.551
Поени од реакции
2.128
По телефон ги барате луѓето ако не ги најдете дома?
Или оставаш некое ливче со телефон за те побараат тие самите?
Оставам ливче со мој број. Ние немаме информации кој и каде живее, имаме само пописен реон со адреси кои треба да ги попишеме.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.167
Поени од реакции
15.962
Имаш голема желба за работа чим толку се замараш.
Блазеси ти.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.846
Предлог да се смени насловот на темата од Попис 2021 во Демографски Инженеринг 2021, посекако ова нема врска со статистичка операција туку е уште еден чекор во албанизацијата на оваа територија. Левица треба да даде конкретни насоки како да се постапува со попишувачите, дали е најдобро да се игнорираат и да не се воспостави апсолутно никаква комуникација со нив или да им се каже отворено да одат кај необалистите од УЧК да пребројуваат?

Треба да се спремни да можат во секој момент на секој еден кој ќе има било какви проблеми со пописот да му излезат во пресрет на секој начин кој можат, гледаат дека на ДПМНЕ им тече ни панталони,а зошто тие си знаат. Во меѓувреме апашките збирштини нека си ги лечат криминогените комплески на сите оние кои не им ќутат.Ако Левица не сакаат да создаават апашка збирштина на база на клиентелизам, тогаш може да стекнуваат доверба т.е поддржувачи на ваков начин. Друго чаре не знам, тие шо сме биле деца во 2001 сега имаме шанса по мирен пат, ако ништо друго да ја забавиме реализацијата на одредена агенда.
 
Последно уредено:
J

joli1

Гостин
Да бе затоа целата владина пропаганда не тераше да излеземе на референдум, а и разни амбасадори и премиери/претседатели на други држави. Тие сакале да пропадне договорот.

Жалам што тогаш не знаев за ова. :D
Нормално дека на владина пропаганда ќе се појавуваат лица од други држави се со цел да ги убедат граѓаните да гласаат ЗА, пошто и самите беа свесни дека мнозинството народ не е за промена на името се со цел да влеземе во ЕУ. Доколку беа сигурни дека мнозинството народ е за у ЕУ преку промена на име, тогаш немаше ни да се појават, ниту пак да има таква пропаганда.

Не знам колку сте свесни дека Левица е единствена партија која што повикува на бојкот. Се понашате ко Левица да има 50 пратеници и огромна политичка моќ, влијание и финансии.

Левица не е ниту ДПМНЕ ниту СДС, ниту пак е у нивен радиус кога се работа за политичка моќ, влијание врз народот и финансии за да може истата сама да повика на бојкот.

Ја ви кажав што ќе се случи, ДПМНЕ и СДС како и нивните гласачи и симпатизери ќе излезат на попис, албанските партии ќе го извадат цело албанско население на попис, скоро сите пензионери ќе се појават на пописот како и мнозинството граѓани кои се неинформирани и не се замараат со политика, пописот ќе пројде, а вие од Левица само ќе контрибуирате у билдањето на процентот на албанско население у државава, ништо друго.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.761
Поени од реакции
13.405
а вие од Левица само ќе контрибуирате у билдањето на процентот на албанско население у државава, ништо друго.
Не сум јас дел од "вие од Левица". :)

Јас кога бојкотирав на референдумот знаев точно што ќе биде. Не сум имал илузија дека нема да истуркаат промена на име.

Како што немам илузија ни дека сега ќе пропадне пописот (поради бојкот). Си кажав за мене, бојкотирал не бојкотирал ми е небитно, единствен исправен став е непризнавање на резултатите. Иако не верувам дека ќе има за брзо време таква партија на власт.

И да, пописот нема ништо да смени, секој ќе си го турка својот наратив и понатаму, без разлика на резултатите. А и бидејќи во 2002 година беа попишани и нерезидентните нема да биде ниту голема разлика. Некој процент плус за Албаниците, а испод 30%, за мир во куќа. Освен ако не е целта да се прави некоја криза.

Ако навистина резултатите бидат поинакви поради бојкотот, тогаш би се изненадил позитивно. А многу лесно ќе се знае каде и колку не се попишале.
 
J

joli1

Гостин
Не сум јас дел од "вие од Левица". :)

Јас кога бојкотирав на референдумот знаев точно што ќе биде. Не сум имал илузија дека нема да истуркаат промена на име.

Како што немам илузија ни дека сега ќе пропадне пописот (поради бојкот). Си кажав за мене, бојкотирал не бојкотирал ми е небитно, единствен исправен став е не признавање на резултатите. Иако не верувам дека ќе има за брзо време таква партија на власт.

И да, потписот нема ништо да смени, секој ќе си го турка својот наратив и понатаму, без разлика на резултатите. А и бидејќи во 2002 година беа попишани и нерезидентните нема да биде ниту голема разлика. Некој процент плус за Албаниците, а испод 30%, за мир во куќа. Освен ако не е целта да се прави некоја криза.

Ако навистина резултатите бидат поинакви поради бојкотот, тогаш би се изненадил позитивно. А многу лесно ќе се знае каде и колку не се попишале.
Извињавам се тогаш.

Зашто мислиш дека пописот ќе пропадне, мене тоа не ми е јасно. Делувате премногу самоуверени дека пописот ќе пропадне, а не прави никаква смисла тоа дека ќе пропадне.

- Левица е единствена партија која што е за бојкот. Левица ниту го има мнозинството македонско гласачко тело, ниту пак албанското.

- Целиот ПР на Левица е на социјални медиуми, огромен број на луѓе вклучувајќи и млади не ни знаат дека има обид за бојкот на пописот и истите со сигурност ќе се попишат.

- Најголемите партии го повикуваат народот, членството и симпатизерите да се попишат.

- Цела ТВ пропаганда е про-попис.

- Не е можно цел народ да гледа низ шпијунка чим некој му заѕвони, се со цел да го одбегнат попишувачот и слично за да не кркаат казни. Чим веќе отвориш, иц гејм овер.

Тоа значи дека на пописот ќе има излезеност, пописот со сигурност ќе пројде и тоа е неминовно. А каков ќе биде ratio-то на македонско/албанско и друго население, зависи само од македонскиот народ, пошто македонците одбиваат попишување, албанците со две раце ќе се попишуваат.

После еб*ње нема каење - признал не признал резултатот ќе биде тој, кој што ќе биде капијата кон уште привилегии за албанското население како и евентуална федерализација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom