Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Вистина дека му се одделила главата од трупот или шпекулации беа по портали? Онака што прочитав уз скролање, ме замисли твојов пост сега.

Вистина е, никаква заштита немал


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Јас разбирам дека има решенија за цивилизиран свет и решенија што се скоро како казни, сами по себе, како лежечките. Дали Скопје ти личи на град во кој се живее цивилизирано? На што личат зградите, тротоарите, дворовите? Самите улици се со толку лош квалитет, да овие што ги зборам, нема никаква разлика да напраат...

Како ќе се разбереш со мајмун "синче" на некој небитен директор што е у филм дека го држи господ за муда? Корупција е составен дел од животот. Не е појава. Bateman пишуваше погоре за камери - кога некое привилигирано шмокле прави сообраќајка - нема снимки. Баш тогаш нема. Таков беше случајот со сообраќајката на Гологанов, кога тој адвокат или јебемлига што беше, уби фамилија на мотор - мажот загина, а жената го загуби плодот...и уште колку други такви случаи имаше. "Паднал системот".

Јас разбирам дека има 10-15% "будали" што возат по книга, ама другиот огромен процент се убијци, самоубијци, садисти. Доставувачине на стока по маркети и сите службени возила и покрај огромните казни се општа опасност по живот, што би рекло дека многу веројатно не ги ни стига ни закон, ни казни плаќаат. Што ако е систем што праќа казни по дома....дури мислам дека така уште повеќе ќе избегнуваат.

И јас сакам да гледам утописки и се' е супер што си напишал, ама ова е све само не држава и поредок. Збориме за град во кој има десетици случаи, може стотици каде не отидоа во затвор луѓе што направија сообраќајки со жртви. Милиони евра се вложуваат во софтвер, набавки, срања, за кога ќе ти притреба нешто како граѓанин, некоја рамковна или партиска њушка да ти каже "паднат е системот". Овде султан владеел 500 години, а со него разноразни бегови...не доаѓа памет у скоро време. Не знам дали да се нарече "политичка воља". Секои избори, нов турнус багра се пика во мвр, без квалификации, без интелигенција, превработено, криминогено, склоно кон корупција...што може да се реши со таков кадар? Само поголем хаос се ствара.

Инаку, овие препреки се вградуваат во многу поцивилизирани средини. Ги има и во трло-градови, оние заливски нафташки творевини, ама и низ метрополи во Европа и Америка. Колку и да е ефикасно гонењето и казнувањето, мислам дека поефектно е да се избегне лошиот настан воопшто да се случи.

The 3 E concept:

Education, Engineering, Enforcement.

Склоп на мерки, само со едно не правиш ништо, докажано во Кина, САД, Индонезија, Индија, Европа...
 
Вистина е, никаква заштита немал


Sent from my iPhone using Tapatalk
Сакаш да ми кажеш дека ни кацига немал ??? Јас на секако очекував дека имал бар кацига, што како што споменаа погоре веројатно ни кацигата немало од смрт да го спаси при судар со таа брзина, али ова е веќе премногу... Тешко на неговите родители и на останатите повредени во несреќава :(
 
Сакаш да ми кажеш дека ни кацига немал ??? Јас на секако очекував дека имал бар кацига, што како што споменаа погоре веројатно ни кацигата немало од смрт да го спаси при судар со таа брзина, али ова е веќе премногу... Тешко на неговите родители и на останатите повредени во несреќава :(

шо ти е фраери не носат кацига


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Сакаш да ми кажеш дека ни кацига немал ???

Имам бајаги пријатели моторџии, и дружејки се со нив сфатив дека на прв поглед можеш да процениш дали некој го купил моторот за мерење на половиот орган, или стварно да вози, за свој мерак.
Прав моторџија не се качува на мотор без кацига, макар излегол во маало да купи цигари. Скоро никогаш нема низ град да беснеат, за разлика од шминкериве што мора да бидат видени(без кацига) и чуени(возењето 150 низ град).
 

Лос Анџелес, посебна полициска единица за разбивање на тркањето по улици, одземање на возило и приведување на лице место.
 


Нешто повеќе за оддавањето на почит кон моторџијата кој загина во несреќата.
 
Тие другите двајца од колата уште се во болница зашто некој аеродромски арамбаша решил да вози мотор со 150 километри на час на место кое на лето навечер е полно со родители со деца и колички.
Автоматски споено мислење:

Каква е оваа глупост?

Па ете ако навистина сакаат да помогнат нека помогнат другарите на тие што ги повредил со неговото однесување. Бакљи ќе се палеа ако наместо на кола налеташе на родители со бебе во количка? Знаеш на лето навечер колку е тој дел од булеварот полн со луѓе и деца?
 
Пред 5-6 години јас со внуците шетав таму, па скоро секој ден! Полно беше, сега може и повеќе народ да има! Језа ме фаќа кога ќе си преставам, таков лудак на такво место!
 
Дечкото што загина на раскрсницата кај Веро спрема коментарите од луѓе прошол на 3 црвени и возел барем дупло повеќе од дозволеното ( што не мора да значи дека секогаш е тоа причина за сообраќајка ). Жално за фамилијата и пријателите али очигледно е дека на дечкото не му било гајле за неговиот живот чим прошол на 3 црвени. Сега останува само дечките у колата да не бидат обвинети за убиство и да заглават у затвор ради некој друг.

Сега да отидеме пред хотелон Russia имаш сигурно десетина пимпани коли со бушени ауспуси кај што праат егзибиции, турирања и шлајфки и све тоа пропратено со алкохол и шабанско на паркинг. И тоа им е целиот живот, буквално секој ден тоа па тоа, ко да сме почеток на 2000 ти некаде, што е доста тажно.

А извини шо треба да праат ? Да слушаат метал нешо, да праат муабет за политика ? Идат таму за дружба, за разонода од убавиот живот у нашава Македонија.

Со оглед на тоа шо кај нас нема видео надзор на крстосници.

Камерите што се поставени на семафорите се во функција само што ретко кога се користат во предмети за на суд.

Не мислев на такви, оние што раздрмуваат цела механика на колата, туку овие
Прегледај го приврзокот 304490

Ова ништо не спасува.. Глупост жива е. Мене дури и интересни ми се коа проаѓам преку нив ради тоа шо иам доста тврда амортизација и ниски гуми па интересно доаѓа ;)
 
Нема да одговара пошо не е предвидено со закон да си у затвор и да возиш кола.

Као што викаше Илко: "Ова го нема ни во Тунгузија".
Бил на 30-дневен одмор од затвор јеботе.

Не низ нос, низ шупак да му излезат парите и на него и на тие што му дозволуваат ова.
 
Како била сообраќајкава уствари? Кој претекнувал?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom